Свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Плаќе

Делегација на општина Охрид составена од советниците, Јадранка Василеска Здравеска, Климе Шешоски и Љупчо Настоски, положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во востанието на Рашанец 1903 и НОБ на Македонија во с. Плаќе. Во рамки на илинденските празнувања, во ова село, се организира и богата културно уметничка програма по повод Патронатот на црквата „Св. Илија“.

повеќе...

Положено цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците

Делегација на Општина Охрид предводена од претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероите во градскиот парк во Охрид, а по повод 2- август, Денот на Републиката. Пред споменикот се поклонија и Делегации на Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца, политички партии и други претставници на јавниот и политички живот од градов.

повеќе...

Делегација предводена од претседателот на СДСМ Заев оддаде почит во Крушево

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со потпретседателот Александар Кирацовски и претседателот на ОО на СДСМ Крушево Трајче Калески, во чест на 2 август – Денот на Републиката оддаде почит и положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, првиот претседател на Крушевска република, во споменичкиот комплекс Илинден, познат како Македониум, пред споменикот на Хероите на Слива, пред споменикот на Мечкин камен, како и на гробот на Тоше Проески.

повеќе...

Положено цвеќе пред споменикот на илинденските борци во Велгошти

Во очи на празникот, традиционално и годинава со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден. Пред споменикот се поклонија делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески,  претставници од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид и други значајни структури. На свеченоста, градоначалникот Бакрачески на присутните им го честита овој светол и голем ден за македонската историја. „Денес, во предвечерието на најголемиот и најсветлиот македонски празник, Илинден, ми претставува особена чест и пријатно задоволство, да присуствувам во историското…

повеќе...

Делегации на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца ќе положат цвеќе на спомен обележјата на илинденците и борците од НОБ

Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца по повод 113 години од Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ ќе положат свежо цвеќе на спомен обележјата на илинденците и борците од НОБ, и тоа: – Вечерва (1ви август) во 20:30ч во с. Велгошти, – утре (2ри август) во 10:00ч во Охрид на Градскиот плоштад, 11:00ч во,с.Плаќе, во 11:30ч во с.Лактиње. „Втори Август – Илинден претставува сведок на македонскиот непокор…

повеќе...

Чествување на Илинден во Велгошти

Пред споменикот на Илинденците во Велгошти, денес со почеток во 20:30 часот ќе се одржи свечена прослава. Свежо цвеќе ќе положат претставници од Локалната самоуправа, од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид и други значајни структури. „Илинден бил и ќе остане во душата на сите жители на Велгошти. Велгошти поради посветеноста на Организацијата во 1903 г. било до темел изгорено. Да не ги заборавиме Илинденците кои своите животи ги положиле во името на Македонија. Нека им е вечна славата и да ни е вековито името.“ – велат велгоштани. По тој…

повеќе...

Делегации на СДСМ оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје

Делегации на СДСМ на државно и на партиско ниво оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје што се случи на 26 јули 1963 година. Денеска, на 53 – годишнината од земјотресот во Скопје, на Споменикот на загинатите, свежо цвеќе положи потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, придружуван од членката на И.О Татјана Прентовиќ и претседателот на СДММ и пратеник Стефан Богоев. Во државната делегација на Собранието на Р.Македонија која положи цвеќе на Споменикот на загинаните, почит оддаде пратеничката од СДСМ, Софија Куновска. Во делегацијата на Град Скопје, почит на…

повеќе...

Цветни балкони – Цветен Охрид

Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на бул. „Туристичка“. Акцијата ќе се реализира на 13 и 14 јули (среда и четврток) 2016г. Граѓаните од гореспоменатата улица кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП Комуналец на 13 и 14 јули (среда и четврток) 2016г. од 9 до 13 часот. Со себе треба да понесат лични документи…

повеќе...

Во Дебрца ќе се одбележи Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца, a по повод 71 година од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, организираат прослава која ќе се оддржи на 9 мај 2016 година ( понеделник ) со следната: ПРОГРАМА 09:00 часот: Поаѓање од Охрид за Дебрца 10:30 часот: Споменик на револуцијата, победата и слободата ,,КРЕМЕНАТЕЦ” – подрачје ,,Раштани” – Дебрца – Полагање цвеќе – Пригодна реч на Наце Иваноски…

повеќе...

Владина делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По повод 113 годишнината од смртта на македонскиот великан и водач на македонската револуционерна борба за самостојност, Гоце Делчев, владина делегација предводена од претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска положи цвеќе во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети…

повеќе...