ЈПК „Дебрца“ воведе рестрикции за користење вода во Оровник, Подмоље и Горенци

Поради зголемената потрошувачка на вода, Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ апелира до корисниците да не се злоупотребува водата, освен за неопходните потреби. Од ЈПК „Дебрца“ истакнуваат дека се принудени да воведат рестрикции за следните денови во следните населени места: 01.08.2016 (понеделник) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 02.08.2016 (вторник) вода нема да има во населеното место Горенци; 03.08.2016 (среда) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 04.08.2016 (четврток) вода нема да има во населеното место Горенци; 05.08.2016 (петок) вода нема да има…

повеќе...

Идејното решение на идната модерна плажа на Охридското езеро кај Подмоље

Изградбата на новата плажа треба да почне кон крајот на оваа или почетокот на идната година. Еве како изгледа идејното решение… Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајковски, ја посети пешачката патека на брегот на Охридското Езеро во близина на село Подмоље. За изградба на патеката се инвестирани 12 милиони денари или околу 200.000 евра, но, според најавите на министерот Мисајловски, ќе биде проширена со дополнителни содржини, а предвидена е и изградба на модерна плажа со…

повеќе...

Повеќе од милион евра инвестирани во капитални проекти во Oпштина Дебрца

Повеќе од еден милион евра преку Агенцијата за рурален развој инвестирани се во капитални проекти во Општина Дебрца. При денешната посета на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски на селото Ботун, од градоначалникот Игор Трајковски беше информиран дека во ова населено место инвестирани се 9,5 милиони денари од кои направено е 300 метри атмосферска канализација, поставени се тротоари во должина од 400 метри и асфалтирани се три улици во должина од еден километар. Со средства од ИПАРД програмата преку Агенцијата за рурален развој, Трајковски информира дека е направен патот меѓу…

повеќе...

СДСМ: На граѓаните на Дебрца доста им е од празните ветувања на Груевски

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски денес ја посети општина Дебрца, глумејќи загрижен и целосно посветен на интересите и проблемите што ги мачат граѓаните, при што во неговиот препознатлив популистички стил ги испрашуваше министерот за транспорт и врски и градоначалникот на општина Дебрца, со што ја потврди сраснатоста на државата и партијата. Притоа, уште еднаш се пофали со новоизградената пешачка патека на Охридското Езеро. За потсетување, тоа е онаа пешачка патека, долга цели 120 метри, изградена непосредно до регионален…

повеќе...

Утре ќе се прска против комарци во Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека утре, 14ти јули (четврток), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците.…

повеќе...

Реконструкцијата на фудбалското игралиште во Белчишта во завршна фаза

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес изврши увид во градежните активности околу реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште за голем фудбал во селото Белчишта кој е во завршна фаза. „Во овој момент изведена е дренажа по должина на фудбалското игралиште за одводнување, изградени се кабини за резервните играчи, извршено е дооградување на игралиштето со заштитна жичана мрежа. Во моментов во завршна фаза е реконструкцијата на објектот за соблекувални и простории за судии и делегати, со што градежните активности се одвиваат според утврдената динамика.“ – информираат од Општина Дебрца.  Градоначалникот…

повеќе...

Прекин со водоснабдувањето во Подмоље, Оровник и Горенци

ЈП за комунална дејност Дебрца ги информира жителите на населените места Подмоље, Оровник и Горенци дека денес и утре од 14 часот до 18 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода порди недостаток на вода и големта потрошувачка и Честите дефеци на главната мрежа како последица на изградба на автопатот. ЈПК Дебрца апелира до жителите на истите населени места на совесно и рационално користење на водата за пиење.

повеќе...

Заврши асфалтирањето на улиците во Ботун

Пред сам крај е изградбата на улиците во село Ботун, каде градоначалникот на општина Дебрц, Игор Трајкоски изврши увид на лице место врз градежните активности каде заврши поставувањето на асфалтен слој. „Извршено е реконструкција на улици со надградба над постојниот асфалт со нов асфалтен слој со д=7см со ширина но коловозот од 3.0-3.5 метри банкини од 0.75 см и проширување на улицата на одредени места потребни за паркирање. Во наредниот период ќе следи поставување на тротоари поплочени со бехатон плочки. Инвестицијата е дел од проектот за реконструкција на улица во…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Пешачката патека на Охридското Езеро е изградена без да се почитува регулативата за заштита на природното наследство

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: Во врска со промовирањето на новоизградената пешачка патека покрај Охридското Езеро, во КО-Оровник од страна на министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, чувствуваме за потреба уште еднаш да ги запознаеме граѓаните на Дебрца и пошироката јавност за следното : Поаѓајќи од фактот дека Охридското Езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено за светско природно наследство и ставено под заштита на УНЕСКО, при преземањето на градежни и слични работи во езерото и на крајбрежјето, а во…

повеќе...

Продолжува реконструкцијата на училиштето во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат околу проектот за реконструкција на Основното училиште во Оровник, каде деновиве започна втората фаза од реконструкцијата на Основното училиште. „Во втората фаза се предвидува замена на кровот, изработка на фасада, изработка на нови плафони, глетовање и молерисување на внатрешните ѕидови, поставување на нова електрична, водоводна и канализациона инсталација и нови санитарии за најмалите ученици. Со завршувањето на втората фаза од реконструкцијата, училиштето ќе добие комплетно нов лик и од следната учебна година учениците во подрачното основно училиште…

повеќе...