Првачињата од Дебрца подготвени за почетокот на учебната година

Денес во просториите на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски се сретна со најмладите. На првачињата кои се запишани во оваа учебна година им подари чанти и комплет училишен прибор и воедно им посака среќа и успешно совладување на наставните програми. Годинава во училишните клупи во ОУ „Дебрца“ ќе се седнат вкупно 22 првачиња. Донацијата е од страна на Фондацијата „Капинков“ која веќе се реализира по трет пат, информираат од општина Дебрца.

повеќе...

Фондацијата „Капинков“ од Перт донираше чанти и училишен прибор за првачињата во Дебрца

Бизнисменот од Перт, Западна Австралија, Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков“, денес во општина Дебрца донираше училишна опрема. „Капинков се погрижи сите првачиња запишани во ОУ „Дебрца“ да имаат комплет училишен прибор и чанти. За оваа донација која се реализира по трет пат, градоначалникот Трајкоски се заблагодари и се надева дека ќе продолжи и во наредните години.“– иформираат од општина Дебрца. Имено, оваа донација и посета од страна на Капинков ја организираше почесниот Македонски конзул во Перт Австралија, Зоран Ќосески.

повеќе...

Одбележани 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“

По повод 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“, и Денот на Армијата на РМ, делегација на Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, како и делегација од општина Дебрца предводена од градоначалникот Игор Трајкоски, положија цвеќе пред споменикот и спомен плочата на паднатите борци на Славеј Планина и во село Годивје. На Славеј Планина ВД претседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска и претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески одржаа историски час. Во село Годивје делегациите ја посетија и…

повеќе...

Авиодезинсекција за уништување на комарци на подрачјето на општина Дебрца

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека четврток, во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионската адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во период од 5 до 8 часот. Дезинсекцијата ќе се спроведе во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништа по течението на реката Сатеска, како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на…

повеќе...

Авионско запрашување против комарци – пчеларите да ги заштитат пчелите

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека на 20-ти август (четврток) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионската адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и…

повеќе...

Донација за неколку воспитно-образовни институции во Охрид и социјални семејства во Дебрца

Во рамките на својата меѓународна соработка Црвен крст Охрид преку своите партнерски организации во Холандија реализира донација наменета за потребите на неколку воспитно-образовни институции во Охрид и социјално загрозени семејства во општина Дебрца. „Донацијата, во чија реализација помогнаа Хуманитарната фондација „Stichting Hulp-Macedonie“ и Мира Милеска од Холандија содржи училишни маси и столови, училишни катедри, шкафови, спортски реквизити, како и половна облека и играчки, кои во текот на наредните неколку денови ќе бидат поделени на соодветните институции.“– информираат од Црвениот крст. Утре дел од донацијата ќе биде доделена во ОУ „Григор Прличев“…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Премиерот во заминување во Дебрца пушташе објекти кои веќе се во употреба

Во врска со посетата на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во општина Дебрца, реакција испрати ОО на СДСМ Дебрца, во која стои: „Премиерот во заминување Никола Груевски продолжувајќи со својот популистички стил на владеење денес ја посети општината Дебрца, глумејќи загрижен и целосно посветен на интересите и проблемите што ги мачат граѓаните изминативе години. При денешната посета на Дебрца тој присуствуваше на пуштање во употреба на неколку инфраструктурни објекти во општината. И можеби се би било во ред ако во случајов не станува збор за проекти за реконструкции на…

повеќе...

Премиерот Груевски во посета на општина Дебрца

Денес Премиерот Никола Груевски заедно со Државниот секретар Божидар Петроски, Пратениците Лилјана Затуроска и Момчило Аврамоски и Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски свечено го пуштија во употреба реконструираниот водовод во село Ботун и реконструираното училиште во село Требеништа и исто така беа дел од поставувањето на камен- темелник на колекторскиот ситем во село Мешеишта . „Денес, јас можам да кажам дека сум горд што успеавме да стигниме до реализација на овој капитален проект за колекторскиот ситем кој е многу значаен за овие села од општина Дебрца каде што за…

повеќе...

Премиерот Груевски утре во работна посета на општина Дебрца

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски утре доаѓа во работна посета на општина Дебрца. Според најавите, Груевски ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во село Ботун, потоа ќе присуствува и на поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта. Премиерот Груевски исто така ќе присуствува и на свеченот пушттање во употреба на реконструираното училиште и повеќенаменската балон сала во селото Требеништа.

повеќе...