СДСМ Дебрца: Поради не вршење на комуналната услуга собирање на комуналниот отпад корисниците на услугата од Општина Дебрца да се ослободат од плаќање надоместок

Советничката група на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Јавното претпријатие „Дебрца“ – Белчишта, како давател на комуналната услуга собирање и транспортирање на комуналниот отпад повеќе од 20 дена не ја врши услугата, односно не го собира комуналниот отпад од граѓаните и правните субјекти од општина Дебрца. Причината за тоа е неможноста на специјалното возило за собирање на отпадот да влезе во населените места поради од снегот неисчистените општински патишта и улици, а кое нешто согласно Оперативната програма за зимско одржување на општинските патишта и…

повеќе...

Наставата во општина Дебрца ќе се одвива нормално

Наставата во Oсновното образование во општина Дебрца ќе се одвива во нормални услови во сите единаесет населени места каде што се одржува настава. „Во врска со најавениот штрајк на СОНК од разговорот со Претседателката на СОНК во нашето Училиште, Ве известуваме дека на одржаниот состанок со наставниците не била подржана одлуката од Раководството на СОНК за одржување на штрајк.“ – вели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Исто така на редовниот состанок пред почетокот на второто полугодие од учебната година со Директорот на Основното училиште Дебрца, Иван Димоски беше заклучено дека…

повеќе...

Дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија струја

ЕВН Македонија ја санира дистрибутивната мрежа оштетена од снежните наноси и силниот ветер. „Во екстремно лоши услови екипите на ЕВН Македонија со над човечки напори работат на санираање на поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер, по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира. Вечерва поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија електрична енергија. Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева…

повеќе...

Општина Дебрца, Вевчани, Велешта и други критични места добија електирчна енергија

Екипите на ЕВН Македонија санираа поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира. Доцна попладнето отстранети се дефектите на двете 35 Кв врски од Струга кон Суво поле од каде што со електричната енергија се напојуваат Вевчани, Велешта и околните села. Отстранет е и дефектот на 35 кВ трафостаница од каде со електрична енергија се напојува Лабуништа и нормализирано е снабдувањето на повеке населени места на тој потег.Во охридскиот регион состојбата е нормализира. Оспособени…

повеќе...

Состојбата во Македонија по обилните врнежи од снег и снабдувањето со електрична енергија

Пресек на состојбите за снабдувањето со електрична енергија до 08:00 часот. Во општина Охрид без напојување со електрична енергија се селата: Опеница, Завој, Куратица, Речица, Плаќе и Свињишта. Во општина Дебрца екипи на ЕВН прават напори да ги приклучат селата кои гравитираат во оваа општина во дистрибутивната мрежа. Во општина Струга селата кои гравитираат во повисоките планински предели како што се Пискупштина, Нерези, Безево, Дренок, Вишни, Г.Белица, Мали Влај, Јабланица, Боровец, селата од Малесијата, Мислодежда, Брчево, Богојци се работи на отстранување на дефектот и овие села да добијат електрично напојување.…

повеќе...

Дистрибуирана помош на семејствата во отсечените села во Дебрца и стариот дел на градот

Тим на Црвен крст Охрид од Единицата за спасување на планина и непристапни терени заедно со претставници на Центарот за управување со кризи-регионална канцеларија Охрид, денес од раните утрински часови дистрибуираа помош во прехрамбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до четири семејства во отсечените села во општина Дебрца, с.Црвена вода, с.Издеглавје и с.Годивје и за уште две фамилии во с.Слатино. Поради високиот снег за транспорт на помошта беа користени и коњи од месното население Волонтерите на Црвен крст Охрид се активни и во градската средина, особено во стариот…

повеќе...

Во понеделник ќе се одржи седница на ЗП на Охрид и Дебрца

На 22 декември ( понеделник) во 11 часот во големата сала на општината Охрид, ќе се одржи деветата отчетна седница на Собранието на Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебрца. На седницата покрај другите точки од Дневниот ред, ќе биде донесена Програма за работа на ЗП за 2015 година, Финансиски план ,Одлука и програма за спроведување на новите Изборни активности за нови раководства во почетокот на 2015 година, како и разгледување на барањето на новото ЗП на Дебрца и донесување на одлука. На седницата ќе бидат врачени и плакети,…

повеќе...

Вкусот на традицијата ги спои учениците од Дебрца и Корошишта

Во просториите на уметничката колонија „Дебрца„ село Белчишта учениците заедно со вработените во основното училиште Дебрца организираа заедничка активност со збратименото училиште „Нури Мазари“ од с. Корошишта која гласеше „Вкусот на традицијата не спојува“. Учениците и вработените заедно со родителите од двете училишта подготвуваа традиционални јадења кои се препознатливи во нивната култура и нивното поднебје. Со многу песна, вкусна храна и многу дружење се реализира уште една од предвидените заеднички активности од проектот на Усаид поддржан од Министерството за образование и наука.

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Дебрца поради шумска кражба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ц.(53) и Д.Ц.(76) од с.Дебрца, за сторени две кривични дела „шумска кражба“. Во периодот од август до ноември 2014 година, во шума во државна сопственост во атар на с.Песочан, првопријавениот извршил бесправна сеча на 5,7 метри дабово огревно дрво, додека второпријавениот 4,5 метри кубни дабово огревно дрво. По преземени мерки на 19.11.2014 година извршен е претрес, при што кај пријавените лица се пронајдени 10,2 метри кубни дрва.

повеќе...

Во ЦОУ „Дебрца“ успешно спроведена акцијата Ден на дрвото

Општина Дебрца се приклучи кон акцијата Ден на дрвото -Засади ја својата иднина која денес се спроведе во училишниот двор во с.Белчишта. Градоначалникот Игор Трајкоски заедно со општинската администрација, директорот на училиштето, Иван Димоски, наставниците и учениците засадија дрвца, со што го разубавија училишиот двор. Акцијата ден на дрвото -Засади ја својата иднина, е поддржана од Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС), општините и ЈП „Македонски Шуми“.  

повеќе...