Работна посета и состаноци на директорката на ФЗОМ

Финансирањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита, електронскиот систем на интегрирано здравство и е-услугите на ФЗОМ, решенијата и новините кои ги воведува Фондот за здравствено осигрување на Македонија, како и предизвиците за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, добрата пракса и успешните проекти беа тема на еднодневната официјална посета на делегацијата од Заводот за здравствено осигурување на Херцеговачко-неретванскиот кантон од Босна и Херцеговина. Посетата на Фондот за здравство е на иницијатива на босанската делегација, која поттикната од постигнатите резултати во здравствените реформи, презентирани на VII Регионален форум на фондови за здравствено осигурување од регионот, што се…

повеќе...

Охридските пратеници се запознаа со атрактивната фестивалска програма

И годинава на фестивалот ќе имаме музички уметници од светски ранг. Врвните оперски ѕвезди, сопранистката Барбара Фритоли и славниот изведувач на улогите од Вердиевите опери Лео Нучи ќе го отворат Фестивалот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, вчера во рамките на посетата во Дирекцијата на Фестивалот на охридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски им ја презентираше програмата и атрактивните настани кои ќе бидат дел од Охридско лето 2014.  Публиката, како што рече Јанкуловска, ќе има можност да го види концертот на светски познатиот пијанист Максим Мрвица, кого уште го…

повеќе...

Започна училишниот спортски камп во Охрид

Директорот на агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Марјан Спасески, денеска престојуваше во Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид каде ги посети учесниците на Летниот училишен спортски камп „Охрид 2014 “. На овој летен камп учествуваат над 250 најталентирани ученици кои своето учество го обезбедија со нивниот пласман меѓу најдобрите на спортските натпревари во текот на изминатата учебна година. „Денеска го посетивме кампот на ракометарите и фудбалерите во првата смена. Во втората смена што почнува во понеделник присутни ќе бидат и најдобрите учесници во останатите спортови. Имавме прилика…

повеќе...

Кривична пријава за поранешен в.д. директор на ЈП „Охридски комуналец“

Поради постоење на основано сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид против С.А. (43) од Охрид поднесе кривична пријава.  Пријавениот, во периодот од 2009 до 2011 година, во својство на одговорно лице-вд.директор на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, овозможил да се спроведе противправна постапка за престанок на потреба од четиринаесет работници прогласувајќи ги како технолошки вишок заради економски, организациони, технолошки и структурални промени на претпријатието. Тоа го направил без да има донесена соодветна програма, услови и критериуми кои морале да бидат предвидени согласно Статутот на…

повеќе...

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески утре во работна посета во Охрид

Утре, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ќе биде во работна посета во Охрид. Во текот на утрешниот ден во ОУ „Григор Прличев” , заедно со спортските ѕвезди Кире Лазаров, Пепи Манасков и Наумче Мојсоски ќе ги посетат учениците кои се дел од училишниот спортски камп. Исто така во студентскиот дом „Никола Карев” ќе се обрати на тркалезната маса на тема: „Законски основи за финансирање на училишниот спорт”. Развојот и стабилното финансирање на училишниот спорт ќе биде темата на тркалезната маса, која во организација на Агенцијата за…

повеќе...

Ѓоко Чингоски именуван за директор на ОУ „Живко Чинго“

Градоначалникот Никола Бакрачески, по завршувањето на комплетната конкурсна постапка, денеска го потпиша Решението со кое  Ѓоко Чинговски се именува за директор на Основното училиште „Живко Чинго“ во село Велгошти. Пред именувањето, Ѓоко Чинговски беше вршител на должноста , директор на ова училиште.

повеќе...

Се уредуваат неколку локации низ Охрид

Охридските јавни претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Градски гробишта“ денес започнаа акција на партерно и хортикултурно уредување на  неколку локации низ градов: „Холандскиот парк“, „Горна Порта“ и внатрешноста на Самуиловата тврдина. Посебна грижа ќе се води и за неодамна засадениот дрворед на улицата „Партизанска“. По тој повод, утрово на терен, раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски им даваше инструкции на директорите на овие две јавни претпријатија во однос на работните активности кои се очекува да завршат за околу една недела. Во акцијата ќе се чисти и средува холандскиот…

повеќе...

Спортската сала „Тодор Александров“ – домаќин на спортската манифестација „Гимназијада“

Годинава за прв пат Охрид ќе биде домаќин на спортската манифестацијата Гимназијада, која ќе се одржи во месец мај. На неа директно ќе учествуваат околу 1000 средношколци поделени во 6 спортови (фудбал, кошарка, ракомет, атлетика, футсал и одбојка) и неколку промотивни спортови. „Во периодот од осми до десетти мај, спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ ќе биде домаќин на „Гимназијадата“. Имено, спортските натпревари во ракомет овие три дена ќе се одржат во спортската сала во Велгошти. Спортската сала која е изградена од „Агенцијата за млади и спорт“ и која…

повеќе...

Министрите Наумоф и Ивановски на состанок на Бордот на директори на „Македонија 2025“

Дополнителните стратегии за соработка со „Македонија 2025“ кои ќе водат кон промоција на економскиот раст и развој на Македонија беа тема на разговор на состанокот на Бордот на директори на „Македонија 2025“ во Чикаго на кој присуствуваа и министрите за странски инвестиции и за информатичко општество и администрација, Џери Наумоф и Иво Ивановски. Целта на состанокот беше Бордот на директори да ги објави своите планови за 2014 кои ја вклучуваат и блиската соработка со просперитетни академски институции во Северна Америка. „Во текот на изминатите неколку месеци „Македонија 2025“ помогна во…

повеќе...

ОУ „Св.Климент Охридски“ со повеќе активности

Во ОУ„Св.Климент Охридски“ деновиве се случуваа повеќе активности. Во однос на безбедноста на учениците беа изработени огради од страна на хаусмајсторите во училиштето, со кои подoцна беа оградени скалилата во предметна настава во која учество зеде и ликовната секција која ги обојуваше оградите.  Наставниците беа стручно усовршени во уште едно поле од наставата со што се здобија со сертификати, кои се доказ за нивната континуирана и посветена работа во наставниот процес.“- вели директорот на ОУ„Св.Климент Охридски, Јордан Пуроски.

повеќе...