Во 2014 година подобра соработка Комуналец – Инспекторат

По предлог на директорката на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, денес беше одржан состанок со претставници од Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат и комуналните редари при локалната самоуправа. Целта на овој состанок, како што истакна Директорката Скрческа е подобрување на меѓусебна соработка и транспарентна комуникација  во 2014 година во доменот на одржување на  јавната чистота,  јавното зеленило и услужната хигиена. „Бенефитите од подобрата взаемна соработка ќе се ефектуираат не само во работата на јавното претпријатие и Инспекторат, туку генерално во подобрување на сликата и имиџот на градот како наш најголем туристички…

повеќе...

Затворен современ пазар и веб-страна се само дел од проектите на ЈП „Градски Пазар“

Директорот на ЈП „Градски Пазар“, Тони Коталески на прес средба информираше за состојбата на претпријатието и за  идните планови во наредниот период на претпријатието. „Ќе почнам со најзначајните и најкапиталните проекти, е изградбата на нов затворен современ зелен пазар, кој го вети Градоначалникот Никола Бакрачески и истиот беше дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година како еден од приоритетните проекти, и еве веќе за нецела година имаме успеси, процедурата е при крај, за скоро време се очекува распишување на тендер за доделување на договор за Јавно…

повеќе...

Симоноски: Во ЈП „Градски гробишта“ затекнав долгови во висина од 10 милиони денари

Финансиски неправилности, долгови во висина од околу 10 милиони денари, неисплатени плати, неисправен возен парк, нарушени меѓучовечки односи и блокирана жиро сметка на јавното претпријатие. Ваква беше ситуацијата на ЈП „Градски гробишта“ кога за негов директор беше назначен Зоран Симоноски. Состојбата на претпријатието, како што рече денеска на прес-конференција, директорот Симоноски, била катастрофална во секој аспект. „Од аспект на финансиски неправилности во работењето би ги истакнал следните: нефактурирани, неевидентирани околу 10 гробни места во вкупен износ од околу 500.000 денари. Неевидентирани и нефактурирани влезови за монтажа на споменици од околу…

повеќе...

Сашо Донев во ненајавена контрола на тековните работи

Директорот на Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска беше во ненајавена контрола на тековните активности кои ги изведува ова претпријатие. Во рамки на контролата, Донев ја посети улицата „Радојца Новичиќ“ кај црквата „Св.Тројца“, која се подготвува за асфалтирање, односно се врши тампонирање долж целата улица. Исто така беше и кај кружниот тек кај Билјанини извори каде се врши нивелирање на шахтите. Донев најави дека поради поефикасно извршување на активностите, ќе следат повеќе вакви контроли.

повеќе...

Спортско дружење помеѓу учениците од „Христо Узунов“ и „Св.Климент Охридски“

Зближување, дружење помеѓу генерациите, разменување на мислења, следење на наставата во училиштата „Христо Узунов“ и „Св.Климент Охридски“, беше целта на денешниот спортски настан, кој се одржа во ОУ „Христо Узунов“. Ваквата активност има за цел да придонесе развој и комуникација на една здрава личност, која што понатака ќе прерасне и во големи другарства. „Личната причина помеѓу мене и колегата, директорот Пуроски  беше тоа што секогаш се гледаше на негативните страни, тие собиранки во училиштата. Меѓутоа овој пат сакаме да ја истакнеме таа позитивна страна, да ги сплотиме децата, бидејќи тие…

повеќе...

Зоран Симоноски директор на ЈП „Градски Гробишта“

Досегашниот вршител на должноста директор на Ј.П. „Градски Гробишта“, Зоран Симоноски со решение на градоначалникот Бакрачески од денеска е директор на претпријатието. Симоноски по професија е дипломиран  машински инженер, кој во минатиот период извршувал повеќе работни задачи во Ј.П. „Охридски Комуналец“, а со формирањето на Ј.П. „Градски Гробишта“ во 2011 година бил вработен во истото каде имал повеќе раководни позиции. Функцијата вршител на должноста ја извршуваше од март годинава.

повеќе...

Тони Коталески нов директор на Јавното претпријатие „Градски Пазар“

Општинското Јавно претпријатие „Градски Пазар“, од денес има нов директор. Тони Коталески е дипломиран информатичар, исто така има дипломирано царина и шпедиција, а моментално е на магистерски студии по информатика. На оваа позиција доаѓа од Факултетот за туризам и угостителство, каде до сега беше стручен соработник.

повеќе...

Вера Јовческа е новиот в.д. директор на Гимназијата „Св.Климент Охридски“

Вера Јовческа, професор по математика од денес е вршител на должност директор во ОСУ „Св.Климент Охридски“. Јовческа на оваа позиција е назначена со решение на градоначалникот Никола Бакрачески и доаѓа на местото на професорот Никола Тренески кој неодамна поднесе  оставка од оваа позиција. 

повеќе...

Соопштение од УО на ОСУ „Св.Климент Охридски“ во врска со поништувањето на постапката за избор на директор

Со оглед на бројните информации и шпекулации за наводни незаконитости во постапката за избор директор на училиштето, Училишниот одбор на ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид го доставува оваа соопштение до медиумската јавност со цел да биде целосно запознаена со активностите во постапката за избор на директор на училиштето и да оцени дали и кој направил повреди во постапката. „Во врска со Решението на Државниот инспектор за труд со кое се наредува поништување на постапката за избор на директор на училиштето и Известувањето на Градоначалникот на Охрид со кое Градоначланикот не…

повеќе...

Поништена постапката за избор на директор во охридската Гимназија

Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“, е една од најстарите и најреномирани образовни институции во Охрид и Република Македонија и многу е важно нејзиното натамошно успешно функционирање. Имајќи го предвид високото реноме и кредибилитетот стекнуван со децении наназад, потребно е изнаоѓање на најдоброто можно решение за директор на Гимназијата „Св.Климент Охридски“, кој со доставен План и програма за работа, ќе понуди своја визија за натамошното функционирање на  оваа институција. Предлогот на Училишниот одбор за директор на училиштето, беше вратен од страна на градоначалникот Бакрачески, со образложение дека постапката не се водела…

повеќе...