СДСМ Дебарца: Тешко на образованието во Дебарца, кога најголемиот успех на Директорот е коктелот за патронатот!

Во врска со интервјуто на директорот на ЦОУ „Дебарца“ Иван Димоски за WebOhrid, ОО на СДСМ Дебарца излезе со реакција во која стои: „Од интервјуто на Директорот на ЦОУ Дебрца –Белчишта дадено по повод неговите сто дена од доаѓањето на директорското место недвосмислено произлегува дека неговиот најголем успех била приредбата и коктелот по повод патронатот на училиштето. Единствената црна дамка на овој настан било оправданото отсуство на градоначалникот на општината. Е, браво Директоре, многу голем успех сте направиле! За неговото тврдење дека ги затекнал училиштата кои безмалку се распаѓале, па…

повеќе...

Интервју со проф. Иван Димоски, директор на ЦОУ „Дебрца“: „Да создадеме млади луѓе способни да се носат со новото време“

Општината Дебрца доживува промени на секој план. Речиси 7-8 месеци откако е променето општинското раководство и градоначалникот, а промена има и во централното училиште во општината со кое веќе 100 дена раководи проф. Иван Димоски, новиот директор на ЦОУ „Дебрца“. Го посетивме училиштето во с.Белчишта и разговаравме токму со новоизбраниот директор за состојбите, за плановите и за приоритетите… WebOhrid: Господине Димоски, Вие сте новоизбран директор на централното училиште во општина Дебрца кое опфаќа дури единаесет подрачни училишта. Успеавте ли во овие 100 дена да ги посетите сите и да се…

повеќе...

Јавен Конкурс за избор на Директор на Јавното Претпријатие „Нискоградба“ Охрид

Врз основа на член 19-а од Законот за дополнување на Законот за јавни претпријатија ( Службен весник на Р.М бр.22/2007 ), како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП ‘‘Нискоградба‘‘ Охрид бр. 08-7100/1 од 20.11.2013 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното Претпријатие за изградба, одржување, реконструкција на локални патишта и хидротехнички објекти ‘‘ НИСКОГРАДБА‘‘ Охрид                 Кандидатите за директор на ЈП ‘‘Нискоградба‘‘Охрид, треба да ги исполнуваат…

повеќе...

Ристе Мишев официјално ја презеде функцијата в.д. директор на ЈП „Билјанини Извори“

В.д. директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“ Ристе Мишев официјално ја презеде функцијата. На средбата што се одржа во просториите на Јавното претпријатие, беше запознаен со актуелната финансиска состојба во која се наоѓа ова Јавно претпријатие, долговите кои ги има кон доверителите и заостанатите плати кон вработените. Исто така беше разговарано за тековните и планираните проекти. По завршување на средбата, в.д. директорот направи обиколка на Јавното претпријатие со цел лично да се запознае со вработените и да се запознае со состојбата во која се наоѓаат дел од објектите.

повеќе...

Ристе Мишев – нов в.д. директор на ЈП „Билјанини Извори“

Со Решение на градоначалникот Никола Бакрачески, од денес за в.д. директор на Ј.П. „Билјанини Извори“ е именуван Ристе Мишев. Новиот в.д. директор на Ј.П „Биљанини Извори“, на ова место доаѓа по оставката на досегашниот в.д. директор на ова Јавно претпријатие, Иванчо Цветкоски, кој со Решение на градоначалникот Бакрачески денес е разрешен од функцијата. Ристе Мишев, досега со успех извршуваше работни задачи како одговорно лице во општинскиот инспекторат.

повеќе...

Јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Охридски Комуналец“

Врз основа на член 19-а од Законот за дополнување на Законот за јавни претпријатија ( Службен весник на Р.М бр.22/2007 ), како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП ‘‘Охридски Комуналец‘‘ Охрид бр.08-6946/1 од 13.11.2013 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното Претпријатие за комунална дејност  ЈП ‘‘Охридски Комуналец‘‘ Охрид Кандидатите за директор на ЈП ‘‘Охридски Комуналец‘‘Охрид, треба да ги исполнуваат следните услови, потребни за извршување на работата, предвидени во Законот за јавни претпријатија…

повеќе...

Јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Градски Гробишта“

Врз основа на член 19-а од Законот за дополнување на Законот за јавни претпријатија ( Службен весник на Р.М бр.22/2007 ), како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘ Охрид бр. 08-6947/1 од 13.11.2013 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното Претпријатие за управување со градски гробишта во Охрид ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘ Охрид                 Кандидатите за директор на ЈП ‘‘Градски Гробишта‘‘Охрид, треба да ги исполнуваат…

повеќе...

Јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Градски Пазар“

Врз основа на член 19-а од Законот за дополнување на Законот за јавни претпријатија ( Службен весник на Р.М бр.22/2007 ), како и врз основа на Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП Градски Пазар Охрид бр.08-6948/1 од 13.11.2013 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува: ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното Претпријатие за управување  на пазари на големо и мало ‘‘Градски Пазар‘‘ Охрид                 Кандидатите за директор на ЈП ‘‘Градски Пазар‘‘ Охрид, треба да ги исполнуваат…

повеќе...

ЦОУ „Дебрца“: Училиштето најодговорно ги извршува законските и моралните обврски

По обвинувањата од ОО на СДСМ Дебарца дека Локалната власт не е во состојба да ги обезбеди основните услови за одржување на настава во училиштата, демант до медиумите испрати директорот на ЦОУ „Дебрца“ Иван Димоски. „Тенденциозни се обвинувањата на одредени политички субјекти дека училиштата на територија Дебарца ќе бидат без греење во зимскиот период. Ваквите шпекулации може да предизвикаат непотребна загриженост кај родителите и да  доведат до нарушување на интересите на воспитно- образовниот процес. Просториите во училиштата се затоплуваат согласно временските прилики и пред почетокот на грејната сезона, а набавките се…

повеќе...

Ѓоко Чингоски е новиот в.д. директор на ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти

Ѓоко Чингоски, професор по производно техничко образование,  е новиот в.д. директор на ОУ „Живко Чинго“ во село Велгошти. Чингоски доаѓа на местото на Мирјана Крлеска која поднела оставка и ја напушта директорската фотелја од лични причини. Функцијата директор во оваа образовна институција таа ја извршуваше од 2006 година.

повеќе...