Пронајдена и одземена дрога кај лице од Гостивар

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(22) од Гостивар, за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотична дрога и психотропни супстацнии“. Во септември 2013 година, од страна на полициски службеници во станот на таткото на пријавениот, затекнат е И.М.(27) од Гостивар кој заедно со пријавениот во станот ја користеле марихуаната, а од извршен претрес  пронајдени и одземени се 32,1 грам марихуана и 0,28 грама мешавина со тутун и марихуана.

повеќе...

Откриен шверц на опојна дрога марихуана

На 15 јуни 2014 година, царинските службеници од граничниот премин Табановце-автопат спречија шверц на 1000 грама високо квалитетна опојна дрога-марихуана. Дрогата е откриена во патничко моторно возило марка Фолксваген тип Голф со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин со иницијали А.И. (27) од Скопје. Осомничениот два дена пред тргнувањето на пат, од лице кое не го познава, ја купил марихуаната за сума од 400 евра, која била спакувана во две пакувања замотани во црна фолија и залепени со проѕирна селотејп трака. Откако ја купил марихуанта едното пакување го сокрил…

повеќе...

Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О.(24) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.02.2012 година на ул. „Абас Емин“ од страна на полициски службеници при извршен преглед кај две лица при што е пронајдено 0,5 грама хероин кои го купиле од пријавениот.

повеќе...

Пронајдени и одземени садници со Канабис сатива кај авто-кампот „Андон Дуков“

Педесет и една садници од растението Канабис сатива пронајдоа и одзедоа оперативците при акција на СВР Охрид реализирана во авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид на први јуни оваа година. Притоа, во викенд куќа во кампот, затекнати се и приведени А.Н.(27) и М.П. (19) двајцата од Охрид.  При извршен претрес, на терасата од куќата каде А.Н. со пластично шише се обидувал да ги навади садниците, пронајдени се  31 импрови- зирани саксии со вкупно 38 растенија додека 4 саксии со 13 растенија дополнително се пронајдени во близина на терасата.  Против А.Н. и…

повеќе...

Ќе се одржи едукативна работилница на тема „Справување со зависности“

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид и Македонската Мисија за Хуманост од Стимбот Спрингс, САД, најавуваат едукативна работилница на тема „Справување со зависности“ која ќе ја води Д-р Dawn Obrecht, (Даун Обрехт) професор на Универзитетот во Колорадо Здравствено научен центар, САД и експерт на полето на зависности. На оваа интересна работилница Г-ѓа Обрехт ќе зборува за начинот на справување и опоравување од најразлични видови зависноти: дрога, алкохол, коцкање, зависност од секс, опседнатост со партнерот во врската, купување, пореметување во исхраната, зависност од одредена супстанца и друго. Модерниот…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.У.(34) од Охрид поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“. Пријавениот на 27.08.2013 година од страна на полициски службеници е затекнат на паркинг просторот кај хотел во Охрид и извршен му е преглед при што му е пронајдена најлонска кеса со 13,65 грама марихуана која истиот ден ја набавил од непознато лице од Охрид со намера да ја користи за себе или да ја препродава на други уживатели.

повеќе...

Кривична пријава поради пронајдена дрога кај лице од Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Н.К. (39) од струшкото село Велешта како и против албанскиот државјанин Г.Х.(18) поднесе кривична пријава.    На 21-ви овој месец, при извршен преглед, кај пријавениот Г.Х. жител на албанскиот град Либражд, пронајдени се две паковки со опојна дрога марихуана. Дрогата е пронајдена во џеб од неговата јакна завиткана во најлонска фолија, а била наменета за понатамошна продажба. Албанскиот државјанин, марихуаната ја добил…

повеќе...

„Летна школа за зависности од дроги 2014“ ќе се одржи во Охрид 30 јуни до 07 јули

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје по трет пат организира „Летна школа за зависности од дроги“. Оваа седумдневна летна школа ќе понуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап кој ќе ги земе предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања. Целта на летната школа е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно ќе се фокусира на моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и концептот на човекови права на корисниците на дроги. ХОПС – Опции за здрав живот…

повеќе...

Кривични пријави за албански државјанин

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“, СВР Охрид против албанскиот државјанин А.Т. (42) поднесе кривични пријави. Него одредена му е мерка притвор до 30 дена. На четрврти мај годинава во 23 часот и 45 минути, сега притворениот жител на албанскиот град Поградец е затекнат на магистралниот пат Охрид -Кичево  во близина на патот за селото Волино. Во негова непосредна близина, сокриена во околна нива пронајдена е една црна платнена транспортна торба со  околу 33…

повеќе...

Спречен обид за шверц на речиси 300 килограми марихуана – кривично пријавени три лица

Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија во борбата против недозволена трговија со дрога реализираше случај при што запленети се околу 300 килограми растителна материја, за која се потврди дека е марихуана, а од слобода се лишени три лица, македонски државјани, со што е пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана од Р.Албанија. Имено, вчера околу 15:00 часот, по претходно добиена информација за сомнителни активности во близина на с.Радожда, Струга, преземени се оперативно тактички мерки и поставена е заседа од страна на полициски службеници во близина на местото викано Ледиње…

повеќе...