Кривична пријава за лице од Кичево поради неовластено пуштање наркотични дроги во промет

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Кичево против лицето И.М. (42)од Кичево поднесе кривична пријава.  При претрес во неговиот дом во Кичево, пронајдена е помала количина опојна дрога Марихуана што била сокриена во една од собите во семејната куќа додека друга помала количина, пријавениот сокрил под керамидите од надворешната ограда.  Марихуаната, пријавениот И.М. неодамна ја купил од друго лице со цел натамошна препродажба на нарко зависници од Кичево по што, во…

повеќе...

Откриени и запленети околу 86 килограми марихуана наменета за западноевропскиот нарко пазар

Министерството за внатрешни работи постапувајќи на полето на сузбивање на недозволена трговија со наркотици од Р.Албанија преку Р.Македонија кон западноевропските земји како крајна дестинација, реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што се запленети  85,870 кг марихуана. Имено, денеска, 02.10.2013 година, по претходно изготвен план и преземени координирани мерки и активности на магистралниот пат Охрид-Скопје, околу 01,00 часот во близина на превојот Пресека, од страна на полициски службеници, направен бил обид за контрола на патничко возило„Ауди А4“ со охридски регистерски ознаки. Возачот не постапил по наредбите на полицијата,…

повеќе...

Кривични пријави против двајца охриѓани за неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Х.(27) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на март 2013 година  во Охрид при извршен претрес над пријавениот пронајдена е 4,68 грама наркотична дрога „марихуана“ што пријавениот ја купил од лице од Струга за препродажба. ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(25) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.08.2013 година, во Струга при извршен преглед над возило…

повеќе...

Пронајдени и одземени 15 килограми марихуана во атарот на Љубаништа

Во акција за сузбивање на прекуграничниот криминал изведена синоќа во атарот на селото Љубаништа, охридската гранична полиција пронајде и одзеде околу 15 килограми опојна дрога марихуана.   Акцијата на граничната полиција, синоќа околу 21 часот се реализира со поставување на полициска заседа во приграничното планинско подрачје на илегална патека која од албанска територија води кон територијата на Република Македонија и излегува на регионалниот пат Св.Наум-Охрид.  Девет паковања марихуана завиткани во црна најлонска кеса, граничните полициски службеници пронајдоа синоќа додека седум паковања се пронајдени денес сокриени во автомобилска гума оставена во…

повеќе...

Голем удар врз наркомафијата и пример како да се бориме против меѓународниот криминал

Прес конференција на министерката Јанкулоска во врска со операцијата “Диригент“. Дозволете ми најпрвин да се заблагодарам на нашите колеги од Германската служба за борба против дрога и Полициска дирекција Франкфурт за нивната искрена и несебична соработка во врска со целокупното водење на оваа исклучително комплексна операција. Кога довербата и професионализмот на службите е на вака високо ниво, сосема очекувани се и резултатите кои заеднички ги постигнуваме. Целата операција „Диригент“ е голем удар врз наркомафијата кој претставува добар пример за сите во регионот, но и во Европа како треба ефикасно да…

повеќе...

Притворено лице кое му овозможило употреба на метадон на друго лице кое починало

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против  П.И. (35) од Струга. Нему, истражен судија му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. На 13-ти овој месец, пријавениот, на лицето О.Б. (25) од Охрид  му овозможил користење на дел од неговата метадонска терапија. По извесно време кај О.Б. дошло до влошување на здравствената состојба по што истиот починал. Кај него не се забележани траги на насилство. Настанот се случил во домот на сега починатиот кој…

повеќе...

Семејството, па дури и малолетната ќерка, му биле „параван“ и ги заглавил во шверц со хероин

Министерството за внатрешни работи, во содејство со Царинската Управа на Р.Македонија, вчера, пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација од Р.Турција преку Р.Грција и Р.Македонија со крајна дестинација западно европските земји, при што се запленети 2 кг и 430гр високо квалитетен хероин, а од слобода се лишени две лица. Вредноста на наркотичната дрога хероин  доколку би се продал на нарко-пазарот во Западна Европа би достигнала цена од околу 300.000 евра. При преземени координирани мерки и активности на вчера (31.08.), околу 12,30 часот, на ГП „Богородица“ при влез…

повеќе...

Кривична пријава за пронајдена дрога кај продавач на пазар

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(38) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен претрес во домот на пријавениот, како и на тезга лоцирана на градскиот пазар во Охрид каде пријавениот работел се пронајдени 5,3 грама наркотична дрога марихуана, 0,4 грама мешавина од тутун и марихуана и 1,8 грама гранчиња и семки од растението канабис сатива.

повеќе...

Купиле килограм марихуана и тргнале да ја носат во Охрид

Завчеравечер (20.08) околу 23 часот, во непосредна близина на клучката за тетовското село Групчин, службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај-Автопатна Тетово запреле патничко возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици, што го управувал  21-годишниот Ф.И од Студеничани. При контрола на возилото,  во кое биле уште две лица, Д.С (33) и С.П (23) од Скопје, под совозачкото седиште, пронајден е ранец во кој имало непозната тревкаста материја, завиткана во најлонска фолија. Пронајдениот ранец бил сопственост на Д.С, кој заедно со возачот и сопатничката С.П набрзо биле приведени и задржани…

повеќе...

Пронајдена дрога сокриена во звучник

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето И.В.(36) од Охрид поднесе кривична пријава.  При претрес во неговиот дом, криминалистичката полиција пронајде околу еден килограм опојна дрога Марихуана што била сокриена во звучник во дневната соба спакувана во неколку помали најлонски кеси но и во тегли. Марихуаната, пријавениот И.В. ја купил пред еден месец од лице од Скопје по цена од 500 евра. При купо-продажбата, дрогата била спакувана во…

повеќе...