Еколошко заштитен стручен извештај по повод интензивните врнежи и поплави

Охридскиот екологист Лазо Наумоски, денес испрати еколошко заштитен извештај, по повод интензивните врнежи од дожд и големите поплави што се случуваат во Р. Македонија и пошироко на Балканот. Во продолжение, го пренесуваме целиот извештај: „Површината на Земјината топка изнесува 510 милиони км². 70% од површината на Земјата е под вода, а само 30% му припаѓа на копнениот дел од планетата Земја на кој дел и живеат преку 7 милијарди жители. За потсетување: – Сите реки и езера од копнениот дел на планетата Земја располагаат со слатка водена маса од 160 000…

повеќе...

Организиран Еко-караван по патеките на Илинска-Плакенска Планина

Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамките на проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ вчера, на 2 август (Илинден) организираше Еко-караван по патеките на Илинска-Плакенска Планина. Еко-караванот стартуваше од Охрид и опфати сликање и собирање растителни видови за изработка на хербариум од флората на Илинска-Плакенска Планина. Главниот настан беше на локалитетот Илинска црква каде членови од друштвото делеа информативни материјали и се дискутираше со присутните луѓе на народниот собир. Настанот предизвика значителен интерес побудувајќи го интересот на присутните за одржливо искористување на…

повеќе...

Охрид-Преспа регионот прогласен за прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО

На седницата на Меѓународниот Комитет на УНЕСКО која се одржува во Јонкопинг, Шведска, една од точките беше и прогласувањето на Охрид-Преспа за прекуграничен Биосферен резерват под УНЕСКО, кое прогласување беше едногласно од страна на членките на Комитетот. Носител на номинацијата беше Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро поддржан од МАБ комитетите, Министерствата за животна средина и Националните Комисии на УНЕСКО на Македонија и Албанија. Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат во обраќањето пред УНЕСКО МАБ комитетот истакна дека: „Создавањето на биосферен резерват е сублимат на сите постојни заштитени појаси во регионот и…

повеќе...

Традиционално одбележан Светскиот ден на животната средина во ОУ „Св.Климент Охридски“

Традиционално, денес во салата за свечености на Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид,  со пригодни активности се одбележа,  5 јуни – Светскиот ден на животната средина. „Ние оваа година посебно имаме голема причина да го одбелжиме овој ден, затоа што сме вклучени во многу еколошки проекти, меѓу кои и имплементација на еколошката едукација во воспитно образовниот систем во Република Македонија, проект кој што се спроведува во сите училишта. Но, ние и покрај тој проект сме вклучени и во проектот Зелени училишта, како и од треш до кеш. Еден проект…

повеќе...

Изјава на екологистот Лазо Наумоски од Охрид по повод Светскиот ден на животната средина

По повод 5 јуни, Светскиот ден на животната средина, со своја изјава излезе охридскиот екологист, Лазо Наумоски. Во изјавата се вели:  „Потекнувам и живеам во едно сливно подрачје каде градот Охрид и Охридското Езеро од далечната 1980 год. се под заштита на УНЕСКО.  Почитувани граѓани на Р. Македонија, почитувани новинари и медиуми, претставници на највисокиот законодавен дом од РМ, претставници на централната и локалните власти од Р. Македонија Планетата Земја е нашиот секојдневен дом независно дали ние:  Се раѓаме, растеме, образоваме, работиме, се рекреираме или одмараме. Животниот простор на човекот…

повеќе...

Со повеќе активности ќе се одбележува „Неделата на животната средина“

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти jуни, Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности. Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже  на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Во текот на неделата на животната средина, предвидено е да  се реализира проектот, “Цветни балкони – Цветен Охрид“, во чии…

повеќе...

Одбележување на 22 март – Светски ден на водите: Состојбата со реките во сливот на Охридското Езеро

ЕД „Грашница“ – Охрид во рамките на своите редовни теренски активности спроведе еко-мониторинг на Коселска Река, од вливот на реката во езерото (кај Извиднички центар) од устието до с. Опеница во должина од 12 километри. Реките не познаваат граници, често ни оние природните, а особено не оние наметнати со човечка волја. Водата нé спојува и нé раздвојува. Дали тоа ќе направи едното или другото – зависи од нас самите. „Низ слика и текст ви ја пренесуваме воочената состојба со реката која се влева во Охридското Езеро.“ – велат од ЕД…

повеќе...

Охрид ќе се вклучи во акцијата „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“

Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ што ќе се одржи на 21- ви март (петок) со активности на Одделението за заштита на животната средина и  Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид. Локалната самоуправа во содејство со  ЈП „Охридски комуналец“  ќе  организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а  во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на акцијата, ќе…

повеќе...

83 седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 83. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, ги разгледа: Предлогот на законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г-ѓа Марта Арсовска-Томовска, заменик-министер за информатичко општество и администрација и г. Џелал Бајрами, заменик-министер за транспорт и врски. Претседателот на Комисијата, г. Реџаил Исмаили, ги извести…

повеќе...

Одржана трибина на тема „Поттикнување на еколошката свест кај жителите од Општина Дебарца“

Ва рамките на проектот „Заедно до почиста општина“, денес во просториите на ОУ „Дебрца“ с. Белчишта, општина Дебарца се одржа јавна трибина на тема: „Поттикнување на еколошката свест кај жителите од Општина Дебарца“. Овој проект го води тим од ученици и наставници со поддршка на градоначалникот на општината Игор Трајкоски и директорот на Јавното комунално претпријатие Јасмина Мицкоска.  На оваа трибина покрај презентацијата на учениците, учество зедоа и градоначалникот на општината, Трајкоски и директорката на ЈКП, Јасмина Мицкоска. Во своите излагања, ја изразија несебичната поддршка за реализација на овој проект.…

повеќе...