ОУ „Св.Климент Охридски“ ќе учествува во проектот „Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот“

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ е избрано за учество во проектот „Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот“. Проектот „Зелени училишта почиста околина, поздрав живот“ се реализира од септември 2013 година (18 месеци) во 16 основни училишта од Македонија и Албанија (осум основни училишта од Република Македонија и осум основни училишта од Република Албанија). Овој проект  е дел од прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Албанија. Проектот е финансиран од канцеларијата на Европската унија во Република Македонија и канцеларијата на Европската унија во Република Албанија. Имплементатор на проектот во Република Македонија е Здружение…

повеќе...

Акција за чистење депонии од градежен шут во УЗ „Видобишта“

Продолжуваат акциите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ за почист и поубав град. Покрај подигнување на степенот на хигиена, Јавното претпријатие сака да го имплементира и едукативниот карактер за подигнување на еколошката самосвест кај жителите во секоја урбана заедница на општина Охрид. По објавата на WebOhrid: Несовесни охриѓани во потрага по нова дива депонија, денес Ј.П. „Охридски Комуналец“ започна акција за расчистување на дивите депонии од градежен шут во У.З. „Видобишта“, на потегот од „Стобекс“ до А.Д. „Жито Леб“ по должина на улицата „Ристо Чадо“. Со специјална механизација темелно се расчистуваат дивите…

повеќе...

Еко-проект „Заедно до почиста Општина“ ќе се спроведува во општина Дебарца

Со оглед на фактот дека екологијата и еколошката свест се приоритети кај современиот човек, особено во услови на нарушен еко-баланс меѓу човекот и животната средина, ОУ „Дебрца“ с.Белчишта заедно со локалната самоуправа, а под покровителство на градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавно комунално претпријатие, Јасмина Мицкоска вложија напори за реализација на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, со цел потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца. Со овој проект предвидено е истражување за еколошката состојба во  Општина Дебарца, проект кој ќе трае од 10.02.2014 до 21.03.2014 година. Во…

повеќе...

Несовесни охриѓани во потрага по нова дива депонија

Со затворањето на дивата депонија кај Мауцкер, односно поставените браници покрај магистралниот пат, а во повеќе наврати беа изречени и казни кон затекнати граѓани, несовесни охриѓани се во потрага по нова локација за депонија. Овој пат „и фрлија око“ на локацијата кај охридските оранжерии, поточно покрај улицата „Ристо Чадо“, во населбата Видобишта. Време е инспекторите да почнат со казни и на оваа локација, со што би ги казниле несовесните граѓани. Како што вели народната поговорка: „Кој нема во главата, има во нозете“, само што во овој случај би гласело: „Кој…

повеќе...

Ќе се динамизираат активностите за заштита на Студенчишкото блато

Динамизирањето на активностите околу зштитата и ревитализацијата  на Студенчишкото блато, беше тема на  денешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со претставници од научните институции, државните органи, невладиниот сектор и локалната администрацијата кои работат во областа на заштитата на животната средина и урбанизмот. На средбата, заеднички беше заклучено дека треба да се динамизира процесот за заштита и ревитализација на преостанатиот дел од Студенчишкото блато , кое е и дел од проектот  за прогласување на Охридско- преспанскиот регион за биосферен резерват под  заштита на УНЕСКО. Во рамките на проектот, ГИЗ (германската агенција…

повеќе...

Македонија од денес е интегрален дел од Европската мрежа EURDEP

Од денес, Македонија (преку мерните станици на ИЈЗ) е интегрален дел на  Европската мрежа EURDEP за континуиран мониторинг на дозата на зрачење во животната средина. EURDEP мрежата преставува Европска платформа за колектирање и размена на податоци од станиците за континуиран мониторинг, презентирање на податоците во реално време и е суштински дел од системот за рано предупредување на радијациони несреќи на Европската унија и на Обединетите нации – МААЕ. Обврска на сите држави членки на ЕУ е континуиран 24-часовен радиолошки мониторинг на животната средина и автоматско известување на измерените вредности преку…

повеќе...

Писмо: Целосно се согласувам и ја поддржувам идејата на Градоначалникот, конечно да се реши долгогодишната голгота со фабриката ЕМО и нејзините вработени луѓе

Повод: Иницијативата на градоначалникот Никола Бакрачески, фабриката ЕМО од Охрид да се трансформира во индустриска економска зона Почитуван Градоначалник на Охрид Никола Бакрачески, целосно се согласувам и ја поддржувам вашата идеја конечно да се реши долгогодишната голгота со фабриката ЕМО и нејзините вработени луѓе. Со отварањето на индустриска економска зона: – Економски ќе заживее градот Охрид, – Невработеноста ќе се намали – Економскиот стандард на граѓаните ќе се движи во нагорна линија За потсетување: Независно што ќе се гради, мора да се внимава на еколошката заштита на економските потенцијали на…

повеќе...

Еколошкото друштво „Грашница“ се вклучи во акцијата за пошумување

Поголем број на членови од Еколошкото друштво „Грашница“ активно се вклучија во акцијата за пошумување. „Посадивме над 100 дрвца кои  очекуваме дека ќе пополнат дел од голините над с.Горно Лакочереј. Посебно беа активни нашите помлади членови кои се главната движечка сила во јакнење на јавната свест. Решавањето на еколошките проблеми започнува буквално од корен, за што постојано добиваме поддршка од најмладите.“  – истакнуваат од ЕД „Грашница“.

повеќе...

Организиран превоз за учесниците во акцијата „Ден на дрвото“

За учесниците во акцијата „Денот на дрвото- засади ја својата иднина“, есен 2013 година, што ќе се одржи утре на 27- ми ноември, организиран е посебен превоз. Според оперативниот план,  – 2 автобуси ќе тргнат од пред   ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, – 2 автобуси од  ОУТУ „Ванчо Питошески“,  – 2 автобуси од   ОСУ „Св. Климент Охридски“ и    – 1 автобус ќе тргнува од  пред зградата на Општина Охрид. Автобусите ќе поаѓаат во  9:00  и 11:00 часот. Оваа година ќе се засадат дрва во месноста „Мазатар“ кај селото…

повеќе...

Партнерството на министерството со граѓанскиот сектор на полето на животната средина се продлабочува

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, градоначалникот на Дојран, Борче Стамов и 4 градоначалници на пилот општини присуствуваа на 10-та годишната средба со здруженијата на граѓани кои работат на полето на животната средина и одржливиот развој во Република Македонија, што се одржува во Дојран од 18 до 20 октомври 2013г. Партнерството и добрата соработка меѓу МЖСПП и граѓанските организации кои делуваат на полето на животната средина континуирано претрпуваат промени во нагора линија во правец на афирмирање на принципите на добро владеење, на партиципативна демократија и на…

повеќе...