Депонии никнат преку ноќ на патот кон Рамне

Несовесните граѓани добро знаат дека е забрането отпадот да се фрла на места кои не се наменети за депонирање на отпад. Затоа тие ја користат ноќта како незабележано би се ослободиле од нивниот отпад. Преку ноќ никна уште една – нова и досега најголема депонија на патот до селото Рамне. Како што може да се види од фотографиите, отпадот е најразличен: градежен шут собран во вреќи, кабаст отпад, гранки, кутии, делови од автомобили, детски играчки и сл.

повеќе...

Писмо: НЕ за експресниот пат

Почитувани сограѓани на општина Охрид и пошироката јавност, љубители на ендемската ни Галичица или Спиридон како што милуваме да ја нарекуваме ние во клубот. Неможев да останам рамнодушен и да не го споделам својот револт кон одговорните во Националниот Парк Галичица, Министерството за Животна Средина, Агенцијата за Просторно Планирање, Јавното Претпријатие за Државни Патишта и претставници од Владата кои беа присутни на денешната јавна расправа, измени во планот за управување на НПГ односно ревидирање на развојните зони и нивни измени, се со цел незаконски да се издејствува решение за градба…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Дали надлежните институции се запознати со бетонизацијата на крајбрежјето на Охридското Езеро во општина Дебрца?

Советничката група на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое се вели: „На седницата на Советот на општина Дебрца, одржана на ден 13.11.2015 година, советничката група на СДСМ побара Информација за пешачката патека (а не плажа, како што пренесоа некои медиуми, кое нешто е сосема друг проект) на крајбрежјето на Охридското Езеро, во КО-Оровник, општина Дебрца, чија изградба е во тек. Поаѓајќи од фактот дека Охридското езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено и за светско природно наследство, ставено под заштита на УНЕСКО и дека преземањето на…

повеќе...

Обраќање на екологистот Наумоски по повод загаденоста на атмосферскиот воздух во некои градови во Македонија

Охридскиот екологист Лазо Наумоски со свое обраќање по повод Преголемата загаденост на атмосферскиот воздух во некои градови во Р. Македонија. Според Наумоски, атмосферскиот воздух може да се загади од: а) Природни фактори, односно по природен пат и тоа се: – почвена прашина – продукти на вулкански ерупции – разни пожари – разни биолошки разградувања б) Антропогени фактори Овие загадувања се поврзани со човекот кој претежно живее, работи и активен е во: – поголемите градови – индустриските области – поголемите сообраќајници „Загадувачите кои се емитираат во една држава со воздушните струења се…

повеќе...

Извештај за влијанието на НП Галичица врз Охридското и Преспанското Езеро и нивната флора и фауна

Охридскиот екологист Лазо Наумоски, денес испрати еколошко заштитен стручен извештај за Влијанието на НП Галичица врз Охридското Езеро и Преспанското Езеро и нивната флора и фауна. Во продолжение, го пренесуваме целиот извештај: „Планината Галичица која се протега на источниот брег на Охридското Езеро во далечната 1958 година прогласена е за Национален парк. Зафаќа површина од 25.000 ha од која 14.000 ha се под шума. Охридското Езеро зафаќа површина од 358 км2 и образува водена маса од 58 км3 вода. Неговото напојување со вода се врши со 40 подземни и надземни извори, потоци и…

повеќе...

Дрвени гуми!?

Автомобилските гуми речиси е невозможно да се распаднат. Новите технологии го продолжуваат животниот век на гумите, но што е со старите гуми!? Најголем дел од нив завршува во отпад, но тие ослободуваат штетни материи доколку се запалат и дојдат во контакт со почвата и подземните води. Затоа, голем дел од гумите се применуваат како нишалки во училишните дворови, заштита на кајчињата и бродовите на пристаништата, покрај патеките за картинг, покрај огради и.т.н. Природата се бори против најразличниот отпад, па и против гумите. И покрај нивната цврстина, разните временски прилики и…

повеќе...

Повик за спас на Националниот Парк „Галичица“

Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOS ги повикуваат сите граѓани активно да учествуваат на јавната расправа за измени во Планот за управување со Националниот Парк „Галичица“ како би го искажале своето мислење за планираните градежни активности во НП „Галичица“ пред да биде доцна, со цел да го зачуваме природното богатство од уништување. Националниот Парк „Галичица“, веќе и официјално е во опасност од уништување! Новите измени во Планот за управување со Националниот Парк, кои јавно се изнесени на нивната официјалната веб-страна, подразбираат отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја…

повеќе...

Утре завршна конференција „Можности за заштита на животнатата средина преку оптимално наводнување и ѓубрење“

Во тек е проектот Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро финансиран од CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) кој започна во септември минатата година и ќе трае до јуни овој месец. „Претходните месеци организиравме 8 јавни дискусии во 8 села од сливот на Сатеска и Коселска Река. Организирани се и 2 обуки, во општините Дебрца и Охрид на тема: Наводнување и заштеда на вода, со цел адаптирање кон климатските промени. “- велат од Еколошко друштво Грашница, Охрид. Утре ќе се одржи завршната конференција на тема: „Можности за заштита…

повеќе...

Обраќање на познатиот екологист Лазо Наумоски по повод Денот на планетата Земја

Охридскиот екологист Лазо Наумоски со свое обраќање по повод 22-ри април, Денот на планетата земја. „Се раѓаме, растеме, образоваме, работиме, се рекреираме или одмараме. Животниот простор на човекот на земјата планета се повеќе се стеснува, се загрозува и загадува ги губи основните својства за квалитетен простор за живеење и опстојување во една одредена животна средина. -Колку повеќе човекот сакал да ја промени животната средина, толку повеќе ја обременува земијната топка со разновидни деградациони промени кои бараат брзо решавање, односно санирање на негативните процеси во неа. – Загадувањето на животната средина и…

повеќе...

Турција: ЕКО Конференција за климатски промени

Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири присуствуваше и зборуваше на состанокот на високи претставници на земјите членки на ЕКО Секретаријатот (Economic Cooperation Organization), на балканските држави и на интернационалните организации, што се организираше во рамките на EКO Конференцијата за климатски промени која од 25-27 март се одржува во Сафранболу во Турција. Во овој висок сегмент од конференцијата, министерот Изаири ги презентираше досегашните и идни акции на Македонија за намалување на емисиите на стакленички гасови и за справување со климатските промени, а во контекст на активности што…

повеќе...