Премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во дводневна политичко-економска посета на Шпанија. Во Мадрид, премиерот Груевски ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија којшто е поделен во два дела. На првиот учесниците ќе разговараат за актуелните предизвици на европскиот континент, економијата и потенцијалите за раст, одржливиот регионален развој и отворањето нови работни места, развојот на информатичкото општество и технологиите, а ќе се дебатира и за предизвикот со илегалните мигранти и за развојот на Eвропската унија и европските политики на интеграција. Предвиден е и дел каде што ќе се…
повеќе...Tag: економија
Ставрески: Економијата расте, буџетските приходи над очекувањата
Буџетот е во добра кондиција и има одлични остварувања во првите осум месец од годината. Приходите заклучно со 18 септември 2015 година се над очекувањата со раст од 12,9 проценти во однос на истиот период лани. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Додаде дека заклучно со 18 септември вкупните приходи се реализирани со 112,823 милијарди денари, што претставува зголемување за 12,901 милијада денари во однос на овој период лани. Даноците се остварени со 64,424 милијарди денари каде има…
повеќе...Азески: Државата да обрне поголемо внимание на успешните македонски компании
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески со своите соработници, денес беше во посета на компаниите „Макстил“, „ГЕИНГ Krebs und Kiеfer“ и „Електроелемент“. На средбите со домаќините се разговараше за актуелните состојби во овие компании, нивните годинешни достигнувања и развој, проблемите со кои се судираат и за можни решенија кои би придонеле за подобри резултати на македонската економија. Во „Макстил“ разговори беа водени со Минчо Јорданов, претседател на Управниот одбор на „Макстил“, со Иван Бановски, генерален менаџер и Димитар Цветковски, финансиски директор на компанијата. „Досегашните резултати се помали и од…
повеќе...Пешевски: Македонија и годинава ќе има економски раст меѓу највисоките во Европа
И натаму очекуваме македонската економија оваа година да има раст и тоа да биде еден од највисоките во Европа. Проекциите што ние ги имаме и кои кореспондираат со голем број финансиски институции, покажуваат само мала корекција надолу, но ни приближно не може да стане збор за тоа дека нема да имаме раст. Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по денешната промоција на Електронскиот катастар, одговорајќи на новинарско прашање – како ја толкува оценката на еврокомесарот Јоханес Хан кој во интервју за Радио Слободна Европа дека економскиот раст…
повеќе...Претседателот Иванов ќе учествува на 18-от Евроазиски економски самит
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од 08 до 11 април, 2015 година, ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 18. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара во Истанбул, придружуван од сопругата г-ѓа Маја Иванова. Претседателот Иванов ќе се обрати на свеченото отворање на 18. Евроазиски економски самит, а ќе има и свое обраќање на сесијата на претседателите на тема „Патот до мирот: Каде оди хуманоста?”. На Евроазискиот економски форум, ќе учествуваат актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот…
повеќе...Груевски: Предвременото раздолжување потврда за економската стабилност
Предвременото раздолжување кон Меѓународниот монетарен фонд од 174 милиони долари и денешното враќање на 25 милиони евра средства земени од државни записи покажува дека Македонија има стабилна макроекономска ситуација, оти буџетот е стабилен, а долгот на државата е сведен на 34,9 проценти од БДП, што е еден од најниските во Европа. Ова го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по денешното доделување решенија за вработување на деца без родители истакнувајќи дека Македонија вторпат се раздолжува предвреме. „Ние и во 2007 и 2008 година направивме еден сериозен исчекор во…
повеќе...Ставрески: Сценариото на Заев нема да помине, состојбата во економијата е добра
Ништо од она што Зоран Заев денеска го зборуваше, не коресподнира со реалноста. Слушнавме замена на тези и селективни разговори, надвор од вистинскиот контекст, рече попладнево вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, коментирајќи ја последната „бомба“ на СДСМ. Македонската економија е во добра состојба, напомена Ставрески, и никакво сценарио за банкрот нема да се случи. Кондицијата на буџетот е одлична, а тоа го потврди и предвременото раздолжување кон ММФ. „И денеска, по којзнае кој пат, беа изнесени истите тези дека државата е пред колапс и банкрот, дека ќе има…
повеќе...Пешевски: Продолжуваат проектите за економско заживување на североисточна Македонија
Инвестицискиот циклус низ Македонија се одвива со несмалено темпо, а најавените планови и проекти за развој на североисточниот регион се во фаза на реализација, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски при посетата на манифестацијата „Поклонение на свети Теодор Тирон“ во Кривопаланечкото село Конопница. Според Пешевски, инвестициите за економско заживување на овој крај се базираат на неколку крупни и значајни проекти. „Почнувајќи со слободната економска зона која е дадена на користење на турско-кинеската компанија „Веибо“ што треба да направи голем индустриски комплекс меѓу Крива Паланка и Ранковце, сите подготовки…
повеќе...Ставрески: СБ и ЕБОР го потврдија успехот на економските политики на Владата
Мерките и политиките на Владата во капиталните инвестиции во Буџетот, долгорочната политика за привлекување странски инвестиции и помошта за домашните фирми во изминатиот период, според вицепремиерот Зоран Ставрески, се клучни причини за постигнувањата на македонскиот економски раст за минатата и перспективите за годинава истакнати во извштаите на Ебвропската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Светската банка (СБ). Заедничката констатација дека Македонија има најдобар економски резултат во 2014 година во ЈИЕ и Централна Европа и најдобра перспектива за раст на економијата за годинава во последните извештаи на ЕБОР и СБ…
повеќе...Ставрески: 2014-година е економски успешна година
Последните објавени статистички податоци за намалување на невработеноста и за растот на македонската економија, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески даваат можност дефинитивно да се потврди дека 2014 е успешна година на економски план, пренесе. „Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 27,9 проценти, а македонскиот БДП расте со стапка од 4,1 процент што е меѓу трите највисоки во Европам,“ изјави вицепремиерот Ставрески. Според него во услови кога во европската економија има стагнација, ова е исклучително добар резултат и потврда дека економските политики се добро поставени. –…
повеќе...