Со трибината, што денес се одржа во просториите на општинската зграда, Локалната самоуправа се вклучи во кампањата за формирање на економско – социјални совети на општинско ниво. Целта е поттикнување на соработката помеѓу сеоцијалните партнери – синдикатите, работодавците и локалната самоуправа. „Формирањето на заедничкото економско-социјално тело, сметаме дека ќе значи институциализирање на социјалниот дијалог, кој понатака ќе треба да донесе поприфатлива материјална и економска положба и на работниците и на работодавците во општината, како и поттикнување на методите за мирно решавање на работните спорови“. – изјави градоначалникот Никола Бакрачески. „Како…
повеќе...Tag: економија
Претставени приоритетите за Македонското претседавање со ЦЕФТА
Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 ќе придонесе кон натамошно интегрирање на регионот во европската и глобалната економија, со учество во меѓународниот ланец на набавки, поддршка за подобра меѓународна конкурентност на националните економии и продлабочување на регионалната трговија и нови инвестиции. Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини на седмиот состанок на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА 2006 Договорот во Сараево, на кој ги претстави приоритетите на Република Македонија како иден претседавач со ЦЕФТА. „Одлучивме да ја прилагодиме Програмата за претседавање на начин што ќе ги опфати четирите димензии на столбот…
повеќе...Економската состојба на фирмите поповолна во третото тримесечје
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2013 година, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2012 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третото тримесечје од 2013 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2013 година, a очекувањата за економската состојба во наредниот период е поповолна во однос на…
повеќе...Ставрески: ММФ потврди – економскиот раст повисок од очекуваното
Македонската економија закрепнува, растот е засилен и подобар од сите наши очекувања, оцени ММФ по редовната десетдневна мисија во Македонија. „Ги подобривме прогнозите за развој во 2013 година на околу 2,5 отсто. Клучните двигатели на раст се јавните инвестиции, подобрите резултати на нето-извозот со важните или растечки придонеси на извозот од страна на странските мултинационални компании“, истакна шефот на мисијата Ивана Влаткова Холар, додавајќи дека капацитетот за подмирување на заостанатите обврски врз основа на надворешниот долг останува соодветен. Политиките да почнат да се поместуваат во смисла на завршување на циклусот…
повеќе...ММФ со позитивни согледувања за можностите за инвестирање во Македонија
Надворешната стабилност на Република Македонија и интересот за странски инвестиции во поедини економски и инфраструктурни области беа тема на разговор на средбата на министерот за економија Ваљон Сарачини со шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, Ивана Владкова Холар. Шефот на мисијата на ММФ истакна дека од контактите и разговорите што ги имале со некои од големите инвеститори, согледале дека странските инвеститори се задоволни од можностите за инвестирање што се нудат во Република Македонија. „Важно е да се знае каков е односот на домашните снабдувачи со инвеститорите, бидејќи…
повеќе...Ставрески: Странските инвестиции се успешна приказна во Македонија
Со одржување најниски даноци во Европа и добра бизнис клима Македонија и натаму ќе биде исклучително атрактивна за инвеститорите, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Приказната за странските инвестиции во Македонија е една успешна приказна за тоа ако ја подобриш бизнис-климата што е евидентно, бидејќи со години по ред сме меѓу најдобрите реформатори во светот, меѓу 10 топ-реформатори во светот и преку еден амбициозен план на презентации на инвестициските можности пред инвеститорите во Европа, но и на другите континенти да можат да се привлечат странски инвестиции во земја…
повеќе...Поповолна економска состојба на деловните субјекти во септември оваа година
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во септември 2013 година како поповолна во однос на претходниот месец, а исто така поповолна и во однос на септември 2012 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во септември 2013 година е понеповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се на исто ниво како и претходниот месец.…
повеќе...Одржан вториот состанок на Економскиот совет во Дебарца
Економскиот совет кој денес одржа седница расправаше за повеќе прашања од кои најактуелни беа : разгледување на ресурсите што ги има општина Дебарца како што се обработливата површина односно обработливо земјоделско земјиште како и тоа колку од ова земјиште моментално се обработува, водни ресурси кои се наоѓаат на територијата на општина Дебарца, пасишта, број на жители, со какво образование се иститие и колкава е просечната старосна граница, инфраструктура, електрично напојување и др. И истото тоа како статистика за општината Дебарца да биде електронски претставено со што потенцијалните инвеститори би…
повеќе...Ставрески: Македонија ќе има поголем раст од предвидениот
Очекувањата на Владата се дека оваа година растот на македонската економија ќе биде повисок од оној што е проектиран на 2 проценти. Поголем раст на македонската економија предвидуваат и повеќе меѓународни финансиски институции, како ММФ, која ја ревидираше стапката на раст за годинава на 2,2 проценти, потоа Фич, кој предвидува раст од 2,7 проценти, а и Народната банка на РМ очекува повисок раст од проектираниот. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, добро e да се успее оваа година да се оствари повисок раст од предвидeниот. „Добро е е…
повеќе...Компаниите електронски ќе се потсетуваат за роковите за дозволи и лиценци
Со новиот електронски потсетник, бизнис заедницата навреме ќе биде информирана за истекот на роковите за разни дозволи и лиценци што треба да ги поседуваат со цел да не доцнат со апликациите. За оваа новина денеска во Министерството за економија разговараа владиниот тим предводен од министерот за економија Ваљон Сарачини и претставници од Услужната и трговската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија. „Со електронскиот потсетник, 30 дена пред истекот на рокот за поднесување на дозволите и лиценците, во електронска форма ги известуваме компаниите дека треба да ги обноват документите“,…
повеќе...