Покрај затворањето на „Охридско Лето“, „Браќа Карамазови“ репризно и на 21 август

Поради голем интерес за театарската претстава БРАЌА КАРАМАЗОВИ, со која на 20 август ќе се спушти завесата на годинешното 53-то издание на фестивалот „Охридско Лето“, истата надвор од фестивалската програмата, ќе се репризира на 21 август.  За последното дело на големиот руски писател, Фјодор Михајлович Достоевски, претставата режирана од нашиот најдобар режисер Дејан Пројковски а во изведба на  дубровачкиот театар „Марин Држиќ“, на неколку дена пред прикажувањето картите се веќе распродатени. Токму затоа љубителите на театарот ќе можат да ја погледаат претставата ден по свеченото затворање. Најграндиозно дело на Достоевски…

повеќе...

„Пијанисти лауреати на меѓународни натпревари во 2012“ на „Охридско Лето“

Вечерва во црквата „Св.Софија“ со почеток во 21 часот на програмата на „Охридско Лето“ се пијанистите Варвара Непомнјашчаја и  Арсениј Тарасевич-Николаев, лауреати на меѓународни натпревари во 2012 година. Варвара Непомнјашчаја во 2012 г. одржа сјајна победа на престижниот пијанистички натпревар „Геза Анда“ во Цирих, одушевувајќи ја публиката и добивајќи суперлативни оѕиви од стручното жири: брилијантната техника, нијансирање, емотивност, интелигенција… На овој триуфм му претходеа години студирање на Руската Музичка академија „Гњесини“, Конзерваториумот „Чајковски“, усовршување во Германија кадешто сега и предава на Хамбуршкиот Универзитет на музика и театар, а, исто така,…

повеќе...

Најмладите уживаа во песничките од „Златно Славејче“

Синоќа на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ најмладите уживаа во песничките од детскиот фестивал „Златно Славејче“. Фестивалот „Златно Славејче“ е уште еден настан дел од проектот Ј.П. „Билјанини Извори за децата“. Проектот продолжува и во иднина.

повеќе...

Виолинистот Андреј Баранов и пијанистката Марија Баранова од Русија вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21 часот во Црквата Св.Софија на програмата на Охридско лето ќе настапат виолинистот Андреј Баранов и пијанистката  Марија Баранова од Русија,со изведба на дела од Месијан, Бетовен, Изаи, Бритн, Равел, Сен-Санс. Андреј Баранов се вбројува меѓу највпечатливите руски уметници од младата генерација. По сјајната победа на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2012, како и натпреварите „Benjamin Britten“ и „Henri Marteau“ тој гради исклучително успешна меѓународна кариера како солист, камерен музичар, и педагог. Студираше на Санкт-Петербуршкиот конзерваториум „Римски-Корсаков“ и конзерваториумот во Лозана кај легендарниот француски виолинист Пјер…

повеќе...

Вевчани од денеска во знакот на фолклорот

Од денеска па во наредните три дена,  во организација на КУД „Дримкол“, во Вевчани се одржува 3-от по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Пображење Вевчани“. Учество ќе земат  домашни фолклорни ансамбли и етно состави од Србија, Турција, Романија, Црна Гора, Бугарија . „Фестивалот има за цел да ја развива и негува фолклорната традиција во Македонија преку презентација на домашни фолклорни ансамбли, а исто така да овозможи запознавање со фолклорот на другите држави преку учество на странски фолклорни ансамбли . Исто така, фестивалот има за цел да го збогати културното живеење во…

повеќе...

„ZZ QUARTET“ вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на Црквата „Св.Софија“ на репертоарот на „Охридско Лето“ е „ZZ QUARTET“. Впечатливите иницијали на бендот ZZ потекнуваат од презимињата на иницијаторите Ратко Зјача (гитара) и Симон Занчини (хармоника). По сензационалниот деби-албум „The Way We Talk“ (In + Out Records), тие започнаа да свират заедно со Мартин Ѓаконовски (бас) и Адам Нусбаум (тапани) со што пишуваат ново поглавје во историјата на џез-музиката. Симон Занчини вели: „Она што со сигурност го имаме се европејските корени, многу класични влијанија, фолкор, авангарда, импровизација, а понекогаш и…

повеќе...

Пијанистите Марк Соле Лери и Фредерик Шовел од Франција на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21 часот во црквата „Св.Софија“ на програмата на „Охридско Лето“ ќе настапат двајцата пијанисти Марк Соле Лери и Фредерик Шовел од Франција со изведба на дела од Моцарт, Дворжак, Менделсон-Мошелес, Пуланк, Мијо. Пијано дуото Марк Соле-Лери – Фредерик Шовел го сочинуваат двајца успешни пијанисти – претставници на француската изведувачка школа. Во текот на своето повеќегодишно постоење дуото се промовира како еден од најуспешните ансамбли од ваков вид во Франција и надвор од неа, а неодамна стана добитник на наградата на конкурсот „Grieg“ во Осло, Норвешка. Ансамблот…

повеќе...

„Брамс“ трио од Русија на „Охридско Лето“

На програмата на „Охридско Лето“ вечерва во црквата Света Софија со почеток од 21:00 часот концерт на „БРАМС“ трио од Русија. Посетителите ќе имаат можност преку изведбите на триото Брамс, Николај Саченко- виолина, Кирил Родин- виолончело и Наталија Рубинштејн- пијано, да уживаат во музиката на Брамс со концертот насловен како „Вечер на Јоханес Брамс“. Како гостин на вечерта ќе настапи познатиот руски виолист, Андреј Гридчук – наследникот на големиот J. Bashmet. Селекторот на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска вели дека 53 тото издание на „Охридско Лето“ е исполнето…

повеќе...

Андреј Гридчук – виола и Наталија Рубинштејн – пијано од Русија на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот во предворјето на Црквата „Св.Софија“ на програмата на фестивалот „Охридско Лето“ се русите Андреј Гридчук – виола и пијанистката Наталија Рубинштејн,со изведба на дел од Брамс и Франк. Андреј Гридчук својот прв настап го имаше на 6-годишната возраст со филхармонискиот оркестар на неговиот роден град Иркутск. Следната година тој беше примен во познатата Централна музичка школа во Москва. Студиите по виола ги продолжи на Московскиот конзерваториум „Чајковски“ во класите на Ј. Јанкелевич и Ј. Башмет кај кого наскоро стана асистент. Исто така, Гридчук членуваше…

повеќе...

Пијанистот Рудин Ленго (Албанија – Канада) вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21 часот на програмата на „Охридско Лето“ во предворјето на Црквата „Св.Софија“ ќе настапи пијанистот Рудин Ленго од Албанија-Канада. Изведбата на Рудин Ленго ја карактеризираат како „длабока, имагинативна и исклучително комуникативна“. Во изминатите неколку години тој освоил повеќе награди на натпреварите во Америка и Велика Британија меѓу кои „Glenn Gould School Concerto Competition“ (2012), „Knigge Music Competition“, „TD Elora Competition“ (2010), „William C. Byrd International Competition“, „Mary Winston Smail Memorial Award“ за најдобар пијанист, како и бројни стипендии и грантови од различни универзитети и фондации. Студиите…

повеќе...