Вечерва ќе се одржи првиот Бреинобреин Демо Фест на младите таленти

Црвен крст Охрид го организира првиот Бреинобреин Демо Фест на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини, Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Преку 100 деца на возраст од 4-14 години на атрактивен и креативен начин ќе ги презентираат знаењата, техниките и вештините кои ги стекнале и развиле со следење на Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот. Не пропуштајте го овој единствено интересен настан кој ќе се реализира вечерва во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 19:00…

повеќе...

„Поточиња 2017” во Охрид на 30ти мај

Љубителите на најдобрите детски хитови од детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА”  ќе имаат можност во Охрид да го проследат новото издание на фестивалот „ПОТОЧИЊА 2017”. Фестивалот ќе се одржи во вторник на 30 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид (голема сала) во 11 часот. Детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА“ на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Со своите песнички за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката и редовно секоја година со своето одржување ја најавува пролетта. Одржувањето на овој фестивал им овозможува на…

повеќе...

„Распеано рибарче“ по 19ти пат

На 3, 4 и 5 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 19 –тото издание на фестивалот на детска песна „Распеано рибарче 2017“. И годинава, како и лани ќе бидат изведени 13 песни , 13 нови – потенцијални хитови кои ќе го најдат патот до сите деца, ама и до нивните татковци и мајки, баби и дедовци а и учителките и воспитувачките, во училиштата и градинките. Традиционално пред почетокот и на ова издание веќе се готови песнарката и ЦД –то а по фестивалот во продажба…

повеќе...

„Тор и легендата за Валхала“ во недела ќе се прикажува во просториите на ФИОФА

Студенсткиот филмски фестивал Филмоција како дел од Институтот за филм – Филмска Академија Охрид ќе го прикажува анимираниот филм „Тор и легендата за Валхала“ благодарение на Узенгија Дистрибуција и Агенција за филм на Република Македонија за сите љубители на анимирани филмови. „Тор и легендата за Валхала“ синхронизиран на македонски јазик ќе биде прикажуван на 12ти март (недела) во просториите на Академијата ФИОФА, со почеток во 11:00 часот. За сите посетители влезот е бесплатен.  

повеќе...

Учесниците на 46-то издание на „Златно славејче“ на прием кај претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, заедно со сопругата г-ѓа Маја Иванова, денеска ги примија учесниците на 46-то издание на фестивалот за детски песни „Златно славејче”, што се одржува под негово покровителство. Претседателот Иванов упати честитки за успешното реализирање на фестивалот, што се одржа по четириесет и шести пат, посакувајќи следната година уште многу нови детски хитови, коишто ќе бидат обележје за идните генерации. Златните славејчиња низ песна се заблагодарија за денешниот прием како и за континуираната поддршка од македонскиот претседател. Директорот на фестивалот Бобан Јосифовски изрази задоволство што…

повеќе...

Официјално најавено 5-то јубилејно издание на Codefest Tech Festival

Во саботата, во рамки на Техноинвент 2016 кој се одржуваше во рамки на Технома на Скопскиот саем, за прв пат ексклузивно беше најавено 5тото јубилејно издание на технолошкиот фестивал Codefest. Оваа роденденска едиција на Codefest Tech Festival е закажана за април 2017, а точниот датум наскоро ќе биде објавен. Локацијата останува убавиот Охрид. Настанот е една од редовните програми на Стартап Зона и во текот на неговите изданија забележува голем органски раст и интерес. Јубилејното издание на Codefest Tech Festival ќе содржи повеќе програмски активности, како Codeference – еднодневна конференција на која…

повеќе...

Фестивал на новиот германски филм

Дванаесеттиот Фестивал на новиот германски филм што се одржува во Центарот за култура „Григор Прличев“ , беше свечено отворен со трагикомедијата „Мед во главата“ од Тил Швајгер. На свеченоста на која присуствува претставници на амбасадата на Сојузна Република Германијаи ПроКредит Банка се обрати и заменик градоначалникот Ангел Јанев. Охридската публика, во неделата навечер го проследи филмот „За една девојка“ (комедија драма). Вечерва, ќе се прикажува филмот „Државата против Фриц Бауер“(историја-драма), а во вторник во 11 часот детскиот филм „Куќата на крокодилите“, во 13 часот „Хердер-помеѓу два света“ и во 20…

повеќе...

Дванаесетти фестивал на новиот германски филм во Центарот за култура – Охрид

Во организаиција на Амбасадата на Сојузна Република Германија, ПроКредит Банка и Центарот за култура „Григор Прличев” – Охрид, вечерва свечено ќе биде отворен „Дванаесеттиот фестивал на новиот германски филм”. Фестивалот ќе биде отворен, со почеток во 20:00 часот, со трагикомедијата „Мед во главата” од Тил Швајгер. Потоа ќе следат филмовите: -За една девојка -комедија – драма / 16.10.2016 / 20.00 ч -Државата против Фриц Бауер – драма / 17.10.2016 / 20.00 ч -Куќата на крокодилите – детски филм 18.10.2016 / 11.00 ч -Хердер-помеѓу два света – драма 18.10.2016 / 13.00 ч -Тура…

повеќе...

Одржан Интернационален фолклорен фестивал „Спој на Традиционални и Модерни Игри“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, на 9ти септември, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) се одржа Интернационален фолклорен фестивал „Спој на Традиционални и Модерни Игри“. Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На истиот учествуваа групи од Македонија, Србија, Бугарија, Полска и Романија. На фестивалот имаше околу 300 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.

повеќе...

Отворен 37. Интернационален фестивал „Браќа Манаки“

Под мотото „Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола“ и со перформанс што го подготви режисерот Мартин Кочовски во кој настапија актери од Битолскиот и Прилепскиот театар, студенти од ФДУ и гимназијалци од овој град, во Битола почна најновото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Кинематографери, режисери, актери и други претставници од филмската индустрија од целиот свет вечерва најнапред на црвениот килим, а потоа и пред сцената во Центарот за култура, го поздравија оскаровецот Џон Сил, кинематографер од Австралија кому беше врачена златна „Камера 300“ за „животно дело“,…

повеќе...