По осми пат од утре 27-ми до 31-ви август во Охрид ќе се одржи Охридскиот хорски фестивал, на кој ќе учествуваат дваесет и два хора од 11 европски држави. Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите. Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Магдалена Липска (Полска), Аљоша Новаковиќ (Босна и Херцеговина), Запро Запров (Македонија), Дора Халас (Унгарија) и Дарина Чакарова (Бугарија). Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската…
повеќе...Tag: фестивал
Во Охрид се одржува првиот меѓународен салса фестивал „Хола Охрид“
Во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, деновиве во Охрид се одржува првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“, каде своето знаење го пренесуваат инструктори од Куба и соседните Балкански земји. Во рамките на фестивалот се одржуваат работилници и танцови забави, водени од вкупно тринаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – десет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи. Се одржуваат и едукативни работилници од танцов карактер, се изучуваат техниките и тајните на сите кубански танци, како Салса, Румба, Оришас, Регетон, Руеда де Казино и многу други. Организаторите очекуваат…
повеќе...Започна фестивалот на „Вино и сирење“
Триесеттина производители на вино и сирење од Македонија и Албанија се дел од фестивалот на „Вино и сирење“ што и годинава како минатата се одржува на плоштадот “Чинар“ во охридската чаршија. Бројни охриѓани но и гости од земјава и странство воодушевени од несекојдневната глетка дегустираа од виното, сирењето и останатите автентични производи за овој регион изложени на 20 унифицирани штандови. Фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Со настани од ваков тип покрај што ја збогатуваме туристичката понуда на Охрид , ние настојуваме да укажеме на…
повеќе...Охрид домаќин на фестивалот на „Вино и сирење“ и ревијата на Олдтајмери
Денес и утре Охрид е домаќин на две меѓународни манифестации, возобновениот фестивал на „Вино и сирење“ и ревијата на Олдтајмери кои ја збогатуваат туристичката понуда на Охрид и стануваат препознатлив белег на градов во лето. Како минатата така и годинава фестивалот на „Вино и сирење“ ќе се одржува на плоштадот Чинар во чаршијата. На 20 унифицирани штандови 27 производители од Македонија и од регионот на Корча, Република Албанија ќе ги изложат , виното , сирењето и други производи автентични за овие предели. „Презентацијата на виното и сирењето и денеска и…
повеќе...Фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани
Под покровителство на Министерството за култура вчера во Вевчани започна петтиот по ред Фестивал на народна култура „Пображење“. На отворањето на фестивалот пред присутните се обрати заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, кој истакна дека како на ниту едно друго место во Македонија, традицијата не се чува како семејна вредност како во Вевчани. „Македонските народни ора кои ќе бидат презентирани во рамките на фестивалот имаат важно место во македонскиот фолклор и во музичка традиција. Токму ова нематеријално културно наследство како духовно богатство на македонскиот народ, пренесувано од генерација на генерација, сведочи…
повеќе...Фестивалот на „Вино и сирење“ 2015 ќе се одржи на 21 и 22 август
На плоштадот „Чинар“ на 21 и 22 август ќе се одржи фестивалот на „Вино и сирење“ 2015. Оваа година покрај локалните производители на вино и сирење, учество ќе земат и производителите од регионот Корча, Република Албанија. Производителите ќе имаат можност своите производи да ги презентираат пред посетителите кои пак ќе имаат прилика да ги почувствуваат вкусовите на домашните вина и сирења. Фестивалот на вино и сирење дава голем придонес за збогатувањето на туристичката понуда на градот во овај период од годината, а и овозможува остварување на директни контакти со претставниците…
повеќе...Охрид домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија „Хола Охрид“
Годинава Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“. Настанот ќе се одржи во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, во периодот од 21-ви до 23-ти август, во Конгресниот Центар, каде своето знаење ќе го пренесат инструктори од Куба и соседните Балкански земји. Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници и танцови забави, водени од вкупно тринаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – десет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи. Артистите доаѓаат од далечната Куба, како и од Србија, Црна Гора, Грција,…
повеќе...Игор Киров и Хрватскиот народен театар од Сплит вечерва настапуваат на „Охридско лето“ со балетот „5 до 12“
Балетската претстава „5 до 12 “ ќе биде изведена вечерва на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Како што појаснува селекторот на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, на фестивалскиот репертоар, покрај богатата програма од музичкиот и театарскиот дел, има и едно исклучително атрактивно балетско дело кое ќе привлече огромен интерес кај фестивалската публика, а тоа, според неа, се гледа и од побарувачката на билети за денешната балетска претстава. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл е основан во 1940 година, од…
повеќе...Денови на медот во Охрид
Во организација на пчеларското Здружение „Охрид“ од Охрид, а поддржано од градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески од 7-ми до 9-ти август на плоштадот „Чинар“ ќе се одржи манифестацијата „Фестивал на медот“. Посетителите ќе имаат уникатна можност повеќе да се запознаат со медот и неговите производи, а ќе имаат и можност да вкусат дел од разноврсните производи. Отворањето на фестивалот е на 7-ми август со почеток во 18 часот. Промоцијата и дегустацијата на производите ќе продолжи и на 8-ми и 9-ти август.
повеќе...Државниот секретар Бехиџудин Шехапи го затвори шестдневниот фестивал на театри „Тука фест“ во Струга
Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи, синоќа во Струга се обрати на свеченото затворање на второто издание на фестивалот на театри „Тука фест“. Театарскиот фестивал траеше шест дена и собра познати актери од Албанија, меѓу кои присутни беа и: Маргарита Ѓепа, Роберт Дреника и Ујка Мујо; потоа Тинка Курти и Енвер Петровци од Косово и Бајруш Мијаку и Рафет Абази од Република Македонија. Државниот секретар им посака многу успех и плодна соработка на сите присутни уметници, при што во својот поздравен говор им се заблагодари на директорот на…
повеќе...