Ѓуровски официјално претставен за нов селектор

Денес во Куќата на фудбалот беше одржана прес конференција за официјално претставување на новиот селектор на Македноската Фудбалска Репрезентација, Бошко Ѓуровски. „Со Бошко Ѓуровски склучивме договор на две години, со можност за продолжување на истиот за уште две. Бошко Ѓуровски е наша фудбалска легенда, но и реномиран стручњак кој веруваме дека со својата стручност, посветеност и објективност ќе успее заедно со нашите репрезентативци да постигне резултати, на радост и на задоволство на сите вљубеници во фудбалот, поддржувачите на македонската фудбалска репрезентација, како и на целата спортска јавност. Фудбалската Федерација на…

повеќе...

Бошко Ѓуровски пристигна во Скопје

Новиот селектор на А репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски пристигна во Скопје. Утре во 12:00 часот во „Куќата на фудбалот“ е закажана официјалната прес-конференција за презентација на Ѓуровски во нов предводник на „рисовите“. Во „Куќата на фудбалот“, Ѓуровски имаше неформален состанок со Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, Генералниот секретар на ФФМ, Димитар Зисовски и директорот на националните репрезентации, Петар Милошевски. „Се надевам дека ќе им ја вратиме насмевката на навивачите“, кусо порача Ѓуровски во разговорот со Претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски.

повеќе...

Фудбалската федерација на Македонија ќе реализира значаен проект за развој на младите фудбалери

Фудбалската федерација на Македонија има јасна стратегија. Тоа е развој на младите категории и поттикнување што поголем број на деца да го засакаат фудбалот и во иднина професионално со него да се занимаваат. Токму за остварување на оваа цел, следејќи ги примерите на најдобрите фудбалски сојузи од другите земји, на почеток на декември, оваа година, за прв пат во историјата на македонскиот фудбал, ќе се реализира сеопфатен проект за здравствена регистрација и анализа на млади фудбалери. Проектот ќе опфати комплетни здравствени прегледи на повеќе од 400 фудбалери, психолошки анализи, оцена…

повеќе...

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и официјално претставен во Комисијата за фудбал на УЕФА

На 21 ноември во Нион, претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски беше и официјално претставен како член на Комисијата за Фудбал на УЕФА, со свечено доделување на златна значка од страна на претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Оваа комисија на УЕФА има за цел да поттикне размена на мислења за заштита и понатамошен развој на фудбалската игра; да подготвува предлози за прашања поврзани со репрезентациите и клубовите, правилата на игра, заштита и имиџ на играчите, како и останати фудбалски прашања кои имаат влијание врз фудбалската игра. Членовите на…

повеќе...

Работен состанок на второлигашите

На работниот состанок  меѓу претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и претставниците на клубовите од втората фудбалска лига, се зборуваше на теми кои значително влијаат и можат да придонесат за развој на натпреварувањето. Потоа комесарот за натреварување Васко Дојчиновски, во неговото излагање даде позитивна оценка за тековна состојба во натреварувачката сеозна 2013-2014. Состанокот го отвори претседателот, по што најави потпишување договор со фирма за спонзорство на фудбалски топки. Состанокот за потпишување на овој договор е закажан за 14 ноември. Истовремено клубовите беа известени дека е потпишан меморандум со…

повеќе...

Од 1 март задолжително критериум за стадион на кој се игра прволигашки фудбал

На работниот состанок меѓу претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и претставниците на клубовите од Првата фудбалска лига се дискутираше на актуелни теми кои значително влијаат и можат да придонесат за развој на натпреварувањето. Претставниците на клубовите се изјаснија дека немаат забелешки во однос на организирањето на досегашниот дел од првенството, со исклучок на неколку судиски одлуки. Претставниците на клубовите, главно позитивно го оценија  делегирањето и работата на делегираните судии. Од страна на Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија беше нагласено дека обврска на Федерацијата е да им…

повеќе...

УИНТ „Св. Апостол Павле“ изработи апликација за Фудбалската Федерација на Македонија

Tимот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ за потребите на Фудбалската федереација на Македонија изработи апликација за прикажување на резултатите од фудбалските натпревари организирани од ФФМ. Оваа Апликацијата дава можност преку користење на мобилни уреди, официјалните лица да ги внесуваат резултатите од натпреварите кои се играат во моментот. Истите податоци во реално време се прикажуваат на веб страницата на ФФМ. Тоа им овозможува посетителите на страницата во секој момент да знаат кои натпревари се играат, тековниот резултат, број на жолти и црвени картони, измени и слично.…

повеќе...

ФФМ и УИНТ „Свети Апостол Павле“ потпишаа договор за соработка

Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, претставуван од Ректорот Нинослав Марина и Фудбалската федерација на Македонија претставувана од Претседателот Илчо Ѓорѓиоски во насока на остварување на заеднички интереси, потпишаа меморандум за соработка. Соработката има за цел афирмирање на обележјата на Фудбалската федерација на Македонија во насока на актуелизирање на спортот на целата територија на Република Македонија со сите негови обединувачки, образовни, културни и хуманитарни вредности. Меморандумот ја дефинира соработката помеѓу потписниците за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните и просторните услови, со…

повеќе...

Македонија се искачи на 75 место на ФИФА рејтинг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од +14 места и според денешната најнова ФИФА рејтинг листа се најде на 75 место. Од нашата група А, во квалификациите за „Светското првенство Бразил 2014“, Белгија со скок од +4 се најде на 6-то место, Хрватска со пад од -2 места е на 10-то место, Србија со пад од -2 се најде на 43-то место, Велс со пад од -6 се најде на 52-то место, а Шкотска со пад од -13 на 63-то место. На врвот на ФИФА рејтинг остана Шпанија додека пак…

повеќе...

Соработката меѓу ФФМ и МВР треба да биде постојана и непосредна

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловски на средба во МВР разговараа за подобрување на меѓусебната соработка, потенцирајќи дека соработката меѓу ФФМ и МВР треба да биде постојана, отворена и непосредна. На средбата присуствуваа и Роберт Марковиќ, Претседател на службата во ФФМ за заштита на интегритетот на натпреварувањето (integrity officer) и Директорот на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. На средбата се разговараше за промената на Правилникот за натпреварување кои се однесува на грубо, вулгарно и непристојно скандирање на гледачите и подржувачите,…

повеќе...