Истурени пунктови за „Фискална во рака – награди без мака“

Државна лотарија на Македонија од утре ќе поставува истурени пунктови низ Македонија за наградната игра „Фискална во рака – награди без мака“, каде граѓаните ќе можат да ги оставаат ковертите со фискални сметки за учество во истата. Граѓаните ќе можат да ги достават своите пликоа во сандачињата за наградната игра пред продажните места на Државна лотарија од 10 до 16 часот, и тоа на 11 февруари во Велес – продажно место ЛОТО 77, на 12 февруари во Штип – продажно место ТУТУН ПРОМ, на 13 февруари во Кочани – продажно…

повеќе...

Владата ги усвои измените за зголемување на минималната плата

Измените на Законот за минимална плата со кои од март годинава треба да започне тригодишното зголемување се усвоени на последната владина седница. Со нивното изгласување во Собранието, реално ќе започне зголемувањето на минималната плата од сегашните 8.050 денари на 10.080 денари. Според социјалните партнери, се работи за историски успех со кој ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и ќе се зголеми мотивираноста и продуктивноста на работниците, а корист ќе имаат и работодавачите. За синдикатите, работодавачите и Владата, значано е тоа што зголемувањето на минималната плата е направено со заеднички…

повеќе...

Ново извлекување за наградната со фискални на 27 јануари, трошоците двојно пониски преку пошта

На 27 јануари ќе се одржи второ извлекување од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“. Учествуваат сите фискални сметки издадени по 15 ноември, кога почна наградната игра, а ќе може да се испратат по пошта за половина цена односно по осум денари за плик. За таа цел Македонски пошти изработи наменски марки за наградната игра кои се пуштени од денеска во промет, а чинат осум денари. „На ваков начин граѓаните ќе можат да ги испратат пликовите за двојно пониска цена“, рече вицепремирерот и министер за финансии Зоран Ставрески…

повеќе...

Буџетот за култура за 2014 поголем за 11,6 отсто

Министерството за култура во 2014 ќе има буџет од 3,9 милијарди денари, што е за 11,6 проценти повеќе од 2013 година. Од вкупниот буџет, 1.009.681.000 денари се за програмските активности во дејностите од културата. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска е задоволна од оствареното во културата оваа година, во која Министерството поддржало над 2.500 проекти на национални и локални установи, здруженија, невладин сектор и на поединци. „Тоа е показател дека проектите не само што се финансираат, туку и се реализираат. Имаме успешна, 100-процентна реализација на тоа што е предвидено во програмата…

повеќе...

Ќе се продолжи рокот за апликација за откуп на дворовите

Владата на денешната отворена седница го прифати предлогот на Министерството за финансии и Управата за имотно-правни работи за продолжување на рокот за поднесување барање за приватизација на дворното место. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, рокот ќе биде продолжен за девет месеци почнувајќи од јануари 2014, односно од донесувањето во сила на законот во наредните 9 месеци. Ова е со цел да им се даде можност на граѓаните, кои од разни причини не успеале да поднесат барање за приватизација на дворното место да може да го направат тоа.…

повеќе...

Ќе се подигнува финансиската писменост на населението

Граѓаните ќе се едуцираат за користење на финансиските услуги и ризиците кои произлегуваат од нив. Народната банка, Министерството за финансии заедно со другите институции кои имаат надлежности во регулирањето на финансиските услуги почнуваат координирани активности со цел да ги едуцираат граѓаните за услугите што се нудат во финансискиот сектор и ризиците што произлегуваат од нив. „Народната банка на Република Македонија веќе една година спроведува активности за едукација на населението. Досега беше опфатена најмалата популација, а сега активностите се насочени кон повозрасните ученици, а понатаму таргет ќе биде и возрасната популација“, беше…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ја презентираше информацијата за спроведената ревизија на Државниот завод за ревизија

На денешната, 15–та Седница на Советот на Општина Охрид, како прва точка на дневниот ред, беше информацијата на градоначалникот Бакрачески, за спроведената ревизија на Државниот завод за ревизија во Општина Охрид во перидот од 27.05.2013 до 01.08.2013 година, за претходната 2012 година. Според Законот за ревизија, тоа се однесува на: сметката на основен буџет (630), сметката на основен буџет (637), сметката на приходи на буџет на дотации(930), сметката на расходи на буџет на дотации(937) и менаџерскиот извештај. Како што истакна градоначалникот Бакрачески, при спроведување на ревизијата на горенаведените сметки биле…

повеќе...

Јанакиески побара повеќе пари за транспортот од претпристапните фондови на ЕУ

Повеќе пари од претпристапните фондови на Европската унија за програмскиот период 2014-2020 година во делот на транспортот, денеска побара министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески обраќајќи се на конференција во Брисел. На средбата на министри за развој на сеопфатна мрежа на ССЕТО (Транспортна опсерваторија на Југоисточна Европа), ги претстави капиталните проекти за изградба и обновување на железничката и патната инфраструктура во Република Македонија. „Во следниот плански период 2014-2020 имаме амбициозни цели – нашиот фокус ќе биде насочен на развивање на железничката мрежа во Република Македонија и подобрување на безбедноста…

повеќе...

Триесет милиони евра од ЕК за Македонија за реформите и за меѓугранична соработка

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија Александра Кас Грање денеска потпишаa спогодби за финансирање меѓу Владата на Република Македонија и Европската Комисија во висина од околу 30 милиони евра. ЕК со овие средства ќе поддржи продолжување на реформите и осум проекти за прекугранична соработка на Македонија со Грција. Бесими и Кас Грање ги потпишаа Спогодбата за финансирање меѓу Владата на РМ и ЕК за Националната програма за Компонентата за помош во транзиција и институционална надградба за 2012 година, во рамките на…

повеќе...

Начините за финансиско работење на проекти од ЕУ фондовите презентирани пред релевантните субјекти

Секторот за образование во соработка со Одделението за економски развој при Општина Охрид организира 4 работилници за едукација за изработка и менаџирање на проекти кои во наредниот период ќе се реализираат во континуитет. Пристапот до европските фондови и искористувањето на средствата од нив претставуваат голема придобивка за граѓаните и општеството во целина. Токму од овие причини во управувањето со ЕУ фондовите мора да се следат строги финансиски, контролни и ревизорски процедури кои произлегуваат од позитивните законски норми на Унијата. Првата работилница на која присуствуваа директорите и тимовите кои ќе работат…

повеќе...