Директорот Савовски на Салцзбуршкиот Форум во Хаг

Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Горанче Савовски учествуваше на Третиот состанок на Генералните Директори на полициите/Бироата за јавна безбедност/граничната полиција на земјите членки на Салцзбуршкиот Форум и партнерите од Централна и Југоисточна Европа кој вчера (23.09) се одржа во седиштето на Европол во Хаг. На овој состанок беше презентиран документот за зајакнување на понатамошната соработка и активно учество во заедничките мерки за борба против илегалната миграција и криумчарењето на лица со којшто треба да се воспостават рамки за интензивирање на меѓуполициската соработка на земјите членки на Салцзбуршкиот Форум…

повеќе...

Министерот Цветков на Форум за земјоделство во Будимпешта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков од денеска до 25 овој месец ќе учествува на 10. Форум за земјоделство, трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, што се одржува во Будимпешта, Унгарија. На Форумот учествуваат министри за земјоделство од 20-тина европски држави и од Кина, како и претставници од унгарски компании, пред кои министерот Цветков ќе ги презентира деловните можности за трговска соработка и инвестирање во земјоделско – прехранбениот сектор во Република Македонија. Форумот е значаен настан кој прерасна во…

повеќе...

Премиерот Груевски на бизнис форум во Париз

Премиерот Никола Груевски заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Горан Мицковски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски, ќе престојува во Париз, Република Франција, на бизнис форум организиран од групацијата „Македонија 2025“. Целта е презентација на можностите за инвестирање и поволностите кои се нудат во Македонија како и поврзување на повеќе успешни бизниси водени од македонски и претприемачи низ Европа и светот и можностите за нивен импакт во развојот на македонската економија. На форумот предвидени…

повеќе...

Втор ден Глобален форум во Вроцлав

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во рамките на вториот ден на Глобалниот форум во Вроцлав, Полска, оствари значајни одвоени средби со американскиот генерал Џејмс Џоунс и со Стивен Хедли, советници за национална безбедност на претседателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот совет на САД. На средбите министерот Јолевски ја истакна потребата Република Македонија да ја оствари зацртаната цел, членството во Алијансата. Со, зачленувањето на Македонија и на Црна Гора, како и со поместување на процесот за членство за Босна и Херцеговина, НАТО…

повеќе...

Македонија заслужува што побрзо да стане полноправен член на Алијансата: силна порака од неформалниот форум во Берово

„За Република Македонија е значајно група интелектуалци кои имале високи позиции во американското и европското општество, луѓе кои се вистински пријатели на нашата држава да седнат на исто место и да поразговараат за стратегијата што дополнително треба да се направи со цел да го заземеме заслуженото место во НАТО-алијансата“. Тоа го изјави министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за дводневниот неформален форум во Берово на кој учество земаат поранешни министри за одбрана, членови на Парламент и високи претставници на тинк-тенк заедницата во Соединетите Американски Држави. Ние разменивме многу…

повеќе...

Делегација на Царинската Управа на Царински форум „Економски појас на патот на свилата“ во Кина

Во период од 27 – 28 мај, делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Наташа Радеска Крстевска, учествува на Форум на директорите на царинските управи насловен како „Економски појас на патот на свилата”, кој се одржува во Народна Република Кина, чијашто цел е поврзување и развој на царините. На форумот присутни се претставници од околу 60 земји учеснички, високи претставници на сите значајни европски и светски организации поврзани со царинското работење како и Генералниот секретар на Светската цариснка организација, Кунио Микурија. По потпишувањето на Рамковниот договор за…

повеќе...

Премиерот Груевски учествуваше на Виенскиот економски форум во Тирана

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денес заедно со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, присуствуваше на Виенскиот економски форум што се одржува во Тирана, Република Албанија. На Виенскиот економски форум присуствуваа и премиерите на Република Албанија, Еди Рама, на Република Србија, Александар Вучиќ, на Република Косово, Иса Мустафа, на Република Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина,  Денис Звиздиќ. Балканските лидери истакнаа дека преку економскиот раст, подобрата инфраструктура и креирањето на работни места би се намалиле разликите помеѓу земјите…

повеќе...

Заменик министерот на МВР Ќамили на Салцбург форум во Австрија

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, вчера и денес (04/05.05) во Санкт Пелтен, Република Австрија, учествуваше на Министерска конференција во рамки на Салцбуршкиот Форум. На Форумот беа отворени актуелни теми од заеднички интерес, односно темите за странски терористички платеници, за борбата против компјутерскиот криминал и компјутерска безбедност како и илегална миграција и криумчарење лица. Посетата на Република Австрија, делегацијата на МВР предводена од г-динот Ќамили воедно беше искористена и за учество на 13-от Состанок на Комитетот на Министри на Конвенцијата за…

повеќе...

Министерот Јолевски учествуваше на десеттиот јубилеен Бриселски Форум

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вчера учествуваше на десеттиот јубилеен Бриселски Форум во организација на Германскиот Маршал Фонд (ГМФ). На вечерата посветена на претставниците на земјите од југоисточна Европа, министерот Јолевски говореше за плановите на Република Македонија за интеграција во НАТО и Европската унија, реформите во областа на образованието и приливот на странски инвестиции во државата. Покрај Министерот Јолевски на вечерата се обратија и Џорџ Воиновиќ, поранешен Сенатор на САД, Кори Удовички потпретседателка на Владата на Република Србија, г-дин Иван Вејвода потпретседател за програми при ГМФ и…

повеќе...

Министерот Ивановски на бизнис форум во Естонија за привлекување на странски инвестиции

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 11 до 13 март, беше во посета на Естонија, каде учествуваше на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија. Тој одржа презентација пред информатички компании од Естонија, на која ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, ставајќи акцент на ИТ секторот. Меѓу темите кои привлекоа најголем интерес беше воспоставениот електронски систем за јавни набавки на Република Македонија. Министерот Ивановски посети и десетина најголеми естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија. Активностите се во рамките на…

повеќе...