Општинската организација на ГРОМ – Охрид, вчеравечер, 10-ти февруари, го формираше Форумот на жени и го избра раководството кое ќе ги координира партиските активности на претставничките од понежниот пол на партијата во Охрид. За претседател беше избрана Драгана Крстеска, диломиран економист и сопственик на приватна фирма, за потпретседател Сања Тасевска, дипломиран менаџер по осигурување и магистранд на ФТОН и за секретар беше назначена Марија Кука, магистер по социјални работи и новинар. За раководните функции се одлучуваше по доставени предлози на секоја од присутните членки на партијата и тие заедно најголема доверба…
повеќе...Tag: форум
Формиран Форумот на млади на ГРОМ
Над 150 млади членови на Општинската организација на ГРОМ – Охрид, вчера, 26.01.2014, отпатуваа во Скопје, предводени од претседателот на ФОМ ГРОМ – Охрид, Ристе Танкоски, за да присуствуваат на Основачкото собрание на Форумот на млади на ГРОМ кое се одржа во Универзалната сала. Веднаш по пристигнувањето во Скопје, членовите од Охрид заедно со останатото членство од другите општини, се придружија на Маршот на храброста, со кој го оправдаа слоганот на својата партија. Во работниот дел, ФОМ ГРОМ за свој претседател го избра актерот Бојан Велески, како и членовите…
повеќе...Министерот за образование и наука Ристовски учествува на Светскиот образовен форум во Лондон
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, учествува на Светскиот образовен форум 2014 – глобален самит на министри за образование од 80 земји кој од 19 до 22 месецов се одржува во Лондон. Целта на Самитот е учесниците да ги разгледаат заедничките предизвици, да споделат искуства и позитивни практики, но и да воспостават кооперативен пристап кон образованието. Во рамки на посетата на Велика Британија, Ристовски денеска оствари работна средба со Мајкл О’ Саливан, генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми од Универзитетот Кембрџ, институција со која Министерството за образование…
повеќе...Одржан шестиот Берлински самит на министрите за земјоделство
Во фокусот на годинешниот Шести Берлински самит на министри за земјоделство, кој денес се одржа во рамките на Глобалниот форум за храна и земјоделство, беше зајакнување на земјоделството кое ќе придонесе кон подобрување на здравјето на луѓето како и обезбедувањето на доволно храна и соодветна исхрана за населението. Министрите на самитот заеднички се согласија дека достапноста до соодветна и разновидна храна за секој жител на планетата е предуслов за постигнување на оваа цел. А воедно се согласија дека земјоделството е стожер, бидејќи ги поставува темелите за производство на доволни количини…
повеќе...ГРОМ-Охрид го формираше Форумот на млади
На само неколку дена пред новогодишните и божиќните празници, Општинската организација на ГРОМ – Охрид го формираше Младинскиот форум. За претседател на младите сили едногласно е избран Ристе Танкоски, студент и професионален музичар, кој истовремено е и член на Извршниот одбор на Општинската организација на ГРОМ – Охрид. Покрај изборот на претседател, членовите на партијата за потпретседател го назначија младиот Стојан Пешликоски, кој сè уште е ученик. За секретар на Младинскиот форум на О.О. ГРОМ-Охрид е назначена Ивана Кикеска, која по вокација е дипломиран економист. Ова новоизбрано раководство на Младинскиот…
повеќе...Можностите за инвестирање презентирани во Италија
Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски од денеска престојува во посета на Италија каде ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Македонија. Планирано е да се одржат бизнис форуми во Торино, Милано и Верона. Денеска поволностите што им се нудат на странските инвеститори беа презентирани пред претставници на повеќе од 30 автомобилски компании од регионот Пиемонте, кој е познат како еден од петте европски региони во кои се концентрирани компании од автомобилската индустрија. Интерес за инвестирање, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот Пешевски, пројавиле две…
повеќе...Ставрески: Бизнис форумите привлекуваат потенцијални инвеститори
Бизнис форумите во Лондон и Париз се први кои ги организираме заеднички со Фајненшл Тајмс, најреномираното финансиско списание во светот кое секојдневно го читаат стотици илјади бизисмени и инвеститори. Тоа им дава посебна тежина и значење на овие форуми, бидејќи привлекува и поголем број бизнисмени и потенцијални инвеститори кои што имаат можност да слушнат за можностите за инвестирање во Република Македонија, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески пред форумот во Париз. Тој притоа, јави известувачот на МИА, посочи дека на овие форуми се присутни и претставници на Европската банка за…
повеќе...Француски компании заинтересирани за бизнис условите во Македонија
Добриот фискален пакет, добрата деловна клима, одличниот однос на Владата кон странските инвеститори и големиот број договори за слободна трговија што ги има потпишано Македонија, а кои дозволуваат настап без тарифи на други пазари, особено на европските, се само некои од причините кои треба да ги привлечат француските вложувачи во земјава. Како што изјави вицепремиерот Владимир Пешевски на француско-македонскиот бизнис форум, сите инвеститори кои отвораат работни места се добредојдени. „Ќе му излеземе во пресрет на секој што сака да отвори фирма кај нас. Ќе настојуваме, преку моделите на државна помош…
повеќе...Министерот Никола Попоски на меѓународниот Форум „Европска енергетска безбедност“ во Дубровник
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 3 и 4 октомври 2013 година учествуваше на меѓународниот Форум „Европска енергетска безбедност“,што се одржа во Дубровник, Република Хрватска. Традиционалниот Форум оваа година беше фокусиран на енергетскиот сектор кој има сѐ поголема улога во дефинирањето на меѓународната политика во 21-от век. Форумот започна со воведни обраќања на претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ и на првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни и европски работи Весна Пусиќ, кои што ја нагласија потребата за заеднички пристап и соработка во областа…
повеќе...Форум за квалитетот на водите во Македонија
Отворање дијалог меѓу засегнатите во секторот води и информирање на донаторите за активностите кои се преземаат, е целта на Форумот за води што се одржа во Скопје на тема „Политиките во секторот води во Република Македонија“. Идејата, според министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, е да се презентира колку Македонија е усогласена со директивите на Европската унија, кои се предизвиците на секторот води и кои реформи ги спроведува државата. „Спроведувањето проекти за подобрување на водоснабдувањето, како и третманот на отпадни води создаваат услови не само за заштита…
повеќе...