Во организација на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Локалната самоуправа во големата сала на Општина Охрид денес се одржа Форум со работодавачи. Целта на овој форум беше запознавање на работодавачите со активните мерки за вработување. „Користењето на овие програми ќе ни донесат бенефит на сите нас. Приватниот сектор треба да биде примарна цел за вработување на граѓаните, а не државната администрација. Охрид, како некогаш, треба да се потпре на стопанството. Решението за сиромаштијата треба да го бараме во развојот на стопанството. Локалната самоуправа стои секогаш…
повеќе...Tag: форум
Бизнис форум: Македонија добра бизнис дестинација за германските инвеститори
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, г-дин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо, денеска присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Хамбург, СР Германија. Бизнис форумот се одржа во организација на Стопанската комора на Хамбург, и на него учествуваа претставници на компании од фармацевската индустрија, градежништвото, прехранбената индустрија и енергетиката. На бизнис форумот свое учество…
повеќе...Охрид се спрема за пречек на високите гости на Самитот на Претседатели од југо-источна Европа
Интензивно се средува просторот во Охрид, во пресрет на значајните меѓународни настани кои ќе се одржат во нашиот град, почнувајќи од идната недела. Екипи на Ј.П „Охридски Комуналец“, и другите општински јавни претпријатија, работат на повеќе локации низ градот, во стариот дел од Охрид и трасата на движење на високите гости, кои ќе учествуваат на Самитот на Претседатели на држави и влади од југо-источна Европа, чиј домаќин е Македонскиот Претседател, Ѓорѓи Иванов. Денес, во посета на вработените од „Охридски Комуналец“, кои работат на уредување на тревнатиот појас на магистралниот пат…
повеќе...СВР Охрид веќе презема безбедносни мерки за претстојниот самит
По повод претстојниот самит на шефови на држави и влади на земјите учеснички во процесот на соработка во југоисточна Европа и единаесеттиот форум на дијалог меѓу цивилизациите, што од 31-ви мај до 2-ри јуни оваа година ќе се одржи во Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, веќе ги презема и реализира неопходните оперативно-тактички мерки со цел безбедно одвивање на планираните средби и програмските активности. Безбедносните мерки, СВР Охрид ги презема и во врска со 10-та конференција на претседателите на парламентите во процесот на соработка во југоисточна Европа, што ќе се…
повеќе...Инвестициските можности презентирани пред бразилски стопанственици
Економски тим на Владата на Република Македонија, предводен од премиерот Никола Груевски, како и заменикот на претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, вчера (понеделник, 22.04.2013 година) на бизнис форум во Бразилија, во соработка со Конфедерацијата на национални индустрии на Бразил, на кој присуствуваа претставници на бразилски трговски и индустриски комори и приватни компании, ги презентираа економските потенцијали на нашата земја и поволностите кои Република…
повеќе...Во Охрид се одржа првиот форум за интеркултурен дијалог
Во организација на Младински Совет Охрид, денес се одржа првиот форум за интеркултурен дијалог. Форумот имаше за цел, активните чинители од општина Охрид да го дадат својот допринос во креирање на стратегијата за интеркултурен дијалог за општина Охрид, со заеднички активности за подобрување на соработката со своите колеги и соработници од општина Поградец, Република Албанија. Се очекува учесниците на форумот да ги одредат целите на делување, да предложат конкретни активности, да ја одредат временската рамка за нивна реализација, да ги поделат одговорностите и да ги предвидат потребните ресурси за спроведување…
повеќе...