Ученици и наставници од Холандија во посета на охридската Гимназија

Од 3 до 9 октомври 25 ученици од средното училиште од Апелдорн, Холандија заедно со нивните професори престојуваа во Охрид во посета на охридската гимназија. Посетата е во рамките на проектот за размена на ученици меѓу двете училишта, а во реализација на професорите од нашето училиште Вера Јовческа и Даниела Спироска. Соработката меѓу училиштата постои од 2014 година, првично како заедничка работа на проекти, за сега на иницијатива на училиштето од Апелдорн да премине на повисоко ниво. Гостите беа сместени кај своите пријатели, ученици од втора година, со кои веќе…

повеќе...

Голем успех на учениците од Охридската гимназија на Државните натпревари

Учениците од Охридската гимназија на државните натпревари кои се одржаа изминатите два викенди остврија голем успех. На државниот натпревар по биологија Емилија Дуноска и Рената Павлеска ученички во I година под менторство на проф. Екатерина Бојческа освоија прва награда, а Марија Лазареска ученик во III година под менторство на проф. Весна Цветкоска освои трета награда. На државниот натпревар за Народна техника, Филип Николоски ученик во II година освои златен медал, додека Теодора Николовска ученик во II година освои бронзен медал. Ментор и на двајцата ученици е проф. Весна Цветкоска. На…

повеќе...

Охридската Гимназија го одбележува Светскиот ден на книгата

Со пригоден час денес охридските Гимназијалци од „Св.Климент Охридски“ го одбележаа 23 април – Светскиот ден на книгата и авторските права. Востановен во Париз од страна на УНЕСКО во 1995 година, денес овој ден се одбележува во повеќе од 100 земји ширум планетата. Избран е токму 23 април, не само поради смртта на Шекспир и Сервантес на овој ден, туку и поради необичниот празник кој тогаш се прославува во шпанската покраина Каталонија. На денот на Свети Ѓорги, вљубените парови разменуваат книги и цвеќе. Според тамошните издавачи, половина од продадените книги…

повеќе...

ОСУ „Св.Климент Охридски“: Ги штитиме учениците од секаков облик на манипулација и нивна злоупотреба, а посебно во партиски цели

ОСУ „Св.Климент Охридски“ испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ Охрид, е исклучително професионална институција која е целосно посветено кон заштита на учениците од било какви злоупотреби, а посебно од партиски. Училиштето постојано се залага за унапредување на целокупниот образовен процес, за почитување на човековите права и слободи и за манифестација на демократски креативни форми за хуманизација на општеството што е тесно поврзана со образовниот систем. Настојуваме да го усогласиме воспитанието и образованието со основните принципи на почитување на основните вредности на нашето општество, за…

повеќе...

Во Охрид ќе се одбележи 28ми февруари – Ден на ретките болести

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ предводени од кампањата на ЕУРОРДИС (Европска Организација за Ретки Болести), заедно со Црвен крст Охрид и Зш Авантура, под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести“ со низа активности ќе го одбележи Денот на Ретки Болести, кои пред се ќе бидат насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите. Стартот на маршот за подршка на лицата заболени од ретки болести ќе биде на…

повеќе...

Охридските гимназијалци во посета на македонскиот парламент

На покана на Парламентарниот институт кој е посебна организациона единица во службата на Собранието на Република Македонија кој функционира како ценатар за истражување, едукација и информирање, воспоставен на принципите на непристрансот, достапност и кредибилитет, ученици од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваа на едукативен семинар „Демократијата и Собранието“. На семинарот на почетокот низ теоретски предавања и практични вежби учениците ги утврдуваа и прошируваа своите знаења за парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија, за работата на Сборанието, изборот на народните претставници, донесувањето на законите и сл. По завршувањето на првиот…

повеќе...

Планинарски марш на охридските гимназијалци

Во рамки на проектната активност „планинарање“, ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на проф.Наум Јамандиев, учествуваа на планинарскиот марш на планината Галичица. Тие го посетија планинарскиот дом на Асан Џура и уживаа во прекрасниот поглед од Галичица на Преспанското и Охридското Езеро. Еднодневната планинарска тура учениците ја завршија во Велестово. Планинарскиот марш традиционално се реализира два пати годишно, на пролет и на есен.

повеќе...

Свечено доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Св.Климент Охридски“

Со традиционалното фрлање на капите, вечерва, матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа свеченото доделување на дипломите. Свое обраќање пред матурантите имаше и градоначалникот Никола Бакрачески кој им порача: „Она што сакам да ви го порачам, треба да запомнете дека личноста со која вие најдолго проведувате во вашиот живот, сте вие самите. Затоа научете да ја респектирате вашата личност и да се респектирате себе си, бидејќи доколку тоа не го направите секогаш ќе живеете со личност која што Вас не ви се допаѓа. Не дозволувајте буката на другите гласови…

повеќе...

Успех на ученичка од охридската Гимназија на Државниот натпревар по физика

На 49-от Државен натпревар по физика одржан на 7ми мај на Институтот за физика при ПМФ во Скопје, ученичката Марија Мојсовска од трета година од охридската Гимназија „Св.Климент Охридски“ освои трета награда под менторство на проф. Виолета Никовска. Со тоа ученичката обезбеди учество во тимот за селекција на ученици кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Светската Олимпијада по физика во Швајцарија.

повеќе...

ЕУ инфо центарот на делегацијата на ЕУ во посета на охридската Гимназија

ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на Европската унија со согласност на Министерството за образование и наука денеска ја посетија охридската гимназија во рамки на активноста „Отворени врати на учениците” која се спроведува веќе осум години.  Проф. д-р Игор Јовановски учениците во ова прилика ги запозна со историјатот на ЕУ и телата и институциите на ЕУ, како и придобивките од членството, прилагодени на возраста на средношколците. Се објаснуваа и принципите на ЕУ како консензус, кој е причината што некои земји меѓу кои и нашата се заглавени долго во “чекалната”за прием во…

повеќе...