На 5ти март годинава Охридската Гимназија „Св.Климент Охридски“ беше домаќин на прелиминарната рунда натпревари HIPPO, организиран од страна на Global Input & Global Hippo Association. „HIPPO е натпревар по знаење на англиски јазик во различни категории според возраста на учесниците, а годинава од Гимназијата учествуваа триесетина талентирани ученици.“- велат од училиштето. Најдобро рангираните ќе го продолжат натпреварувањето на 2ри април во Скопје, а финалниот натпревар ќе се одржи на 14ти и 15ти мај во Лидо ди Јесоло, Италија. „Охридската гимназија веќе била финалист на ова престижно натпреварување пред две години, кога…
повеќе...Tag: гимназија
Охридските гимназијалци се приклучија во одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести, во соработка со Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, Општиснкото средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваше во активностите со кои се одбележа денот под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести. Активностите беа насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите. Во рамките на тоа ученици од Охридската гимназија учествуваа во атлетскиот крос што се одржа по кејот на Охридското…
повеќе...Известување за интегрална евалуација на Охридската гимназија
Согласно Годишната програма за работа на Државниот просветен инспекторат при Министерство за образование и наука – Скопје, на 29 февруари, 1, 2 март 2016 година ќе биде извршена интегрална евалуација на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, од тим на државни просветни инспектори. Интегралната евалуација што ја спроведува Државниот просветен инспекторат на Република Македонија има за цел да осигури дека работењето на училиштата е во согласност со законските прописи и да извести за квалитетот и ефикасноста на образовните процеси во училиштето. „Се надеваме дека преку процесот на евалуација ќе се постигнат и…
повеќе...Се поставуваат подземни инсталации кај Гимназија
Jавните претпријатија „Нискоградба“ и „Водовод“ работaт на поставување подземни инсталации на пресекот на булевар „Туристичка“ со улица „Јане Сандански“ каде се гради кружен тек. Со изградбата на атмосферската канализација и новата водоводна линија ќе бидат исфрлени од употреба старите азбест цементни цевководи. Активностите на охридските јавни претпријатија на оваа крстосница се најобемни досега и се очекува истите да завршат на почетокот на месец март по што ќе биде воведен во работа изведувачот на градежните работи.
повеќе...Соработка на ОСУ „Св.Климент Охридски” со Американското катче – Струга
Во рамките на долгогодишната соработка со Американското катче од Струга, неодамна во гимназиската библиотека се одржа презентација на можностите кои ги нуди оваа организација. На презентацијата присуствуваа голем број ученици од прва и втора година кои беа информирани за локацијата на катчето како би го посетиле, изнајмиле еден од бројните наслови на книги, материјали за подготовка за TOEFL тестирањето и учестувале на конверзациски часови на разни за нив интересни теми каде често за дебатите се повикани експерти од различни области на кои англискиот им е мајчин јазик. Презентацијата и гостувањето…
повеќе...Прво место за гимназијалците на Општинскиот натпревар во кошарка
На 23-ти декември во спортската сала „Билјанини извори“ се одиграа општинските натпревари во кошарка за средни училишта. Во првиот натпревар силите ги одмерија „Гимназијалците“ и „Економистите“ и истиот беше финале пред финалето, а заврши со резултат 32:30. Во вториот натпревар се сретнаа екипите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во кој „Угостителите“ беа поуспешни со резултат 18:14. Финалето го одиграа екипите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“, а крајниот резултат беше 24:12. Екипата од Гимназијата ќе ја претставува општината на регионалните натпревари.
повеќе...Хуманоста на дело „Предновогодишен хумантиран концерт“ на охридската Гимназија
На 29-ти декември во 20.00 часот ОСУ „Св. Климент Охридски” приредуваат спектакуларен Хуманитарен концерт во Центарот за култура „Григор Прличев” под мотото „Let’s get Loud – Хуманоста на дело” и порачуваат: „Ние не сме професионалци ние сме гимназијалци кои ќе го кренат својот глас во името на хуманоста. Дојдете да го видите најдоброто од Охрид !!!!! Ве очекуваме заедно да ја завршиме годината со најголемта журка во градот ..можеби и пошироко. LET’S GET LOUD AND PARTYYYYYYYYY!“
повеќе...Гимназијалците се приклучија во активностите за одбележување на 20-годишниот јубилеј на Сојузот за училишен спорт
На 15-ти декември професорите по спорт и учениците од Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ се приклучија во активностите за одбележување на 20-годишниот јубилеј на Сојузот за училишен спорт во Охрид кои под мотото „Спорт, млади и доверба“ се реализира во соработка со Секторот за образование и спорт при Локалната самоуправа Охрид. Во тие рамки беа реализирани активности за презентирање и имплементирање на нови форми и методи на физичка актвност со музија (пилатес, аеробик и фитнес) во редовната настава и воннаставните активности. Учениците кои учествуваа добија спортски маичики, а секое учлилште…
повеќе...Охридската Гимназија го одбележа патрониот празник
Со свечена приредба, вечерва Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. На свеченоста се обрати претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. „Со вечерашната свеченост, Вие се вклучувате во неколкудневната прослава во чест на великиот светител и просветител Свети Климент Охридски, чие име гордо го носи Вашата гимназија. Тоа свето име не обврзува сите нас постојано да се навраќаме на неговото дело кое со векови било и сега е инспирација за негување и унапредување на нашиот културен и духовен идентитет. Тоа не прави препознатливи во општоцивилизациските светски…
повеќе...Охридската гимназија реализира хуманитарна акција за помош на децата без родители
Во рамките на училишната програма на активности за одбележување на Патрониот празник на Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ се реализира хуманитарна акција за собирање на средства за помош на децата без родители во соработка со здружението „Градиме иднина“. Беше отворена и изложба на ученички ракотворби – рачно изработен накит, која во соработка со Програмата УСАД ја реализираа учениците под менторство на проф.Катерина Слатиноска. Прославувањето на патрониот празник започна со презентација за ликот и делото на учителот од времето во кое живеел Св. Климент Охридски па сé до денешно време. Потоа следуваше дискусија во…
повеќе...