Почна академската 2015/2016 година

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на сите студенти им го честиташе почетокот на академската 2015/2016 година и им посака многу успех во текот на студиите. По тој повод, Адеми ги посети Факултетот за исламски науки во Скопје и Државниот универзитет во Тетово. На свеченоста на Факултетот за исламски науки, потенцираше дека со добивањето на акредитацијата од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, се решила долгогодишната потреба на факултетот, предавањата да се одвиваат по акредитирани наставни програми. „Радува фактот што за верското образование ова учебна година се…

повеќе...

WebOhrid Ви посакува Среќно и Бериќетно 2015 Лето Господово!

WebOhrid ви посакува Среќна православна Нова година, година исполнета со многу здравје, љубов, среќа и благосостојба! Нека е за многу години празнувањето на Св.Василиј!

повеќе...

Доделени пофалници за најубаво украсени новогодишни дворови

Денеска во просториите на Општина Охрид, беа доделени наградите за најубав новогодишно украсен двор. Првото место и наградата од шест илјади денари и припадна на Славка Маркулева од Охрид. Второто место им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда ја освои Аце Ѓурчиноски. На најуспешните граѓани во украсувањето на своите домови, пофалниците им ги врачи секретарот на Општина Охрид, Димиитар Спасески, кој изрази уверување дека ваквата акција придонесува кон разубавување на Охрид и збогатување на празничната атмосфера. Комисијата која ја спроведе акцијата истакна дека и оваа година имало…

повеќе...

Девојче е првото бебе родено во 2015 година

Девојче тешко 3,5 килограми е првото родено дете во 2015 година. Мајката Оливера Лазаревска од Кавадарци, се породила веднаш по полноќ, со царски рез на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и е во добра здравствена состојба. „Првото бебе родено оваа година е трето дете на семејството Лазаревски. Му посакуваме многу здравје и среќа“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ја посети гинеколошката Клиника. Тодоров, Спасов и Трајановски на мајката традиционално и подарија…

повеќе...

Посета на припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Илинден”

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на првиот ден од Новата 2015 година ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Илинден” во Скопје. Честитајќи им ја Новата година, претседателот Иванов од негово лично име, но и од името на сите граѓаните на Република Македонија на припадниците на АРМ им искажа благодарност за се она што го прават за одбраната и за мирот во земјата. Тој упати честитки и до сите војници од АРМ кои се во мировни мисии во други земји. Желбата на сите војници и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески го посети првото родено бебе во Охрид во 2015 година

Градоначалникот Никола Бакрачески вечерва во гинеколошкото оделение при ЈЗУ Општата Болница го посети првото родено дете во Охрид за 2015 –та година, Илија Прангоски што на Свет пристигна доцна попладнево. Градоначалникот Бакрачески го дарува малиот Илија со 10. 000 денари и посака да биде здраво, среќно и бериќетно во животот што му претстои. „Ова е првата среќна вест во Новава 2015-та Година која не израдува сите нас. Ако по првиот ден се познава каков ќе биде текот на целата година тогаш очекуваме таа да ни биде пред се здрава ,…

повеќе...

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ на највисоко ниво

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ беше на највисоко ниво и со исклучок на неколку поситни нарушувања и сообраќајни несреќи без смртни последици, вечерта помина со многу помалку ициденти и случувања во кои беше потребна полициска интервенција од која било друга вечер во годината. Ова беше истакнато од страна на новиот Началник на СВР Скопје, Ивица Вучевски на брифингот со Министерката Гордана Јанкулоска. Сите полициски службеници, согласно предвидениот план максимално професионално ги извршиле своите задачи обезбедувајќи ги локациите каде што имаше организиран дочек и поголема фреквенција на…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на плоштадот во Охрид ја дочека Новата 2015 година

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, Новата 2015-та Година ја дочека на градскиот плоштад „Св. Климент- Охридски“. На бројните сограѓани и гости кои и на минус 14 степени прославуваа на плоштадот, градоначалникот Бакрачески им посака добро здравје, среќа и успеси во секоја сфера од животот. За забавата на охридскиот плоштад, која траеше до раните утрински часови се погрижија групата „Камелеон“ , Петар Нечоски и Владо Јаневски. Точно на полноќ, на задоволство на присутните имаше и спектакуларен огномет.

повеќе...

Новогодишна честитка на Ротаракт клубот од Охрид

Ротаракт клубот од Охрид упати новогодишна честитка до сите граѓани, во која стои: Почитувани, Крајот на годината е секогаш добар повод за сумирање на впечатоците и резултатите од работењето во изминатите 12 месеци, но и добар навестувач на иднината и на нашето подобро утре. Во текот на оваа измината година, членовите на Ротаракт Клубот од Охрид, реализираа повеќе активности со кои придонесоа за подобрување на квалитетот на младиот човек во нашиот град, во духот на идеите втемелени во нашата определба. Во таа насока и со уште повеќе лични вложувања, ќе…

повеќе...