Деновиве ЈП „Градски гробишта“ започна со работни активности за партерно уредување на „Светијонската куќа“ во Велгошти. Површината што се уредува изнесува околу 220 м2, а активностите се очекува да завршат до крајот на неделава.
повеќе...Tag: град
Работни зафати на ЈП „Градски Гробишта“
Деновиве ЈП „Градски гробишта“ извршуваше работни активности на неколку локации во градот. Во Стариот дел на градот, на улица „Григор Прличев“, беше извршена санација на потпорен ѕид од камен во должина од 5,4 метри и висина од 1,5 метри. Во населбата Охридати се изврши поплочување со бехатон плочки на површина од околу 150 метри квадратни, а во кругот на градските гробишта се изврши ископ на канали со цел заштита поплави.
повеќе...Низа градежни активности во ОУ „Христо Узунов“
Во ОУ „Христо Узунов“ се преземаат низа градежни активности од страна на техничката служба на училиштето и ЈП „Градски Пазар“. „Во дворот на училиштето се оградуваат тревните површини со модерни огради, се променува мрежата на Спортското игралиште, се уредуваат кошовите, на делови се реновира и подот во ходниците како и дотраената лимарија во дворот на училиштето. Сето тоа се прави за безбедноста на учениците и подобрување на амбиентот и средината во која учениците се движат.“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.
повеќе...Снежно мартовско утро
Утрово Охрид се разбуди со слаба снежна покривка. Студениот бран во текот на ноќта донесе снег, кој полека се топи поради порастот на дневната температура. Во 08:00 часот во Охрид беа измерени 3 ºС. WebOhrid
повеќе...Успешна година на Општинскиот совет за безбеднoст во сообраќајот на Охрид
Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид имаше исклучително успешна година. Во текот на минатата година реализирани се околу 20 проекти и кампањи насочени кон сите целни групи и кон општата јавност, вели претседателот на ОСБСП, Стефан Димоски. По тој повод, денес на пригодна свеченост, во малата сала на Општина Охрид, Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот, на 50 субјекти им додели благодарници за посебен придонес во подигнувањето на свеста за одговорно учество во сообраќајот и сообраќајната култура во 2016 година. „Целта на овие проекти кои што…
повеќе...Со низа свечености ќе се одбележи Денот на патронот на Охрид
Со низа свечености ќе се одбележи Денот на заштитникот на Охрид, Свети Климент Охридски. Чествувањето започнува утре во 12 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура, со промоција на 80 получасовни документарни емисии за минатото на Охрид „Охрид во моите спомени“ од Илче Стојаноски. Во 18:30 часот, во галеријата на Центарот за култура ќе се одржи традиционалната изложба на Фото клуб „Охрид“, во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на роднокрајни ликовни уметници, а во 19:30 часот ќе започне свечената академија. Во четврток, 8-ми декември, ќе се изврши поклонение пред…
повеќе...Одбележан патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец
ЈП „Охридски Комуналец“ на сите граѓани им го честита 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, а воедно на сите вработени им го честита патрониот празник на претпријатието. Со пригодна свеченост и оваа година беше одбележан „7-ми Ноември”, со врачување на јубилејни награди на вработените за 10, 20, и 30 години непрекината работа во ЈП „Охридски Комуналец”.
повеќе...Охриѓани чествуваат 72 години слободен Охрид
Свеченостите по повод одбележувањето на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, започнаа денес претпладне во Спомен- паркот на Револуцијата, каде повеќе делегации положија свежо цвеќе, а се обратија претставници на Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ. „Овде во Спомен паркот на Револуцијата со пиетет им ја оддаваме нашата искрена почит на сите храбри борци кои учествуваа во Народноослободителната антифашистичка војна во Македонија, особено на оние кои ги дадоа своите животи на олтарот на слободата. Со крв спечалената слобода, нас и идните генерации не обврзува…
повеќе...Младите од СДСМ Охрид го чистеа и уредуваа спомен обележјето кај „Бајрон“
По повод претстојниот празник 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, младите од СДСМ Охрид вчера реализираа акција за чистење и уредување на спомен обележјето на местото каде што за прв пат во Охрид, во мај 1941 година, е донесена одлука за масовна вооружена борба против фашистичкиот окупатор. Спомен плочата се наоѓа во боровата шума над саат кулата во месноста Месокастро, на местото кое за охриѓани е познато како „Бајрон”, во стариот дел од градот. Спомен плочата е поставена пред 55 години, на 7ми Ноември 1961 година, но охридската…
повеќе...Активности на ЈП „Охридски Комуналец“ по повод Денот на ослободувањето на Охрид
По повод претстојниот празник, 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани на расчистување на спомен обележјата и спомениците. „Беше уреден просторот кај спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе (Основен суд-Охрид), споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне), споменикот на Мите Богоески (кај средното економско училиште) и Спомен паркот на револуцијата.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
повеќе...