Комуналец од Кичево изведува градежни активности на тротоарите во Охрид

Во шпицот на летната туристичка сезона, надлежните работат на тротоарот на булеварот „Туристичка“, на потегот од улицата „Јане Сандански“ до улицата „АСНОМ“. Охриѓани се изненадени од тоа што градежните активности ги изведува ЈKП „Комуналец“ од Кичево. WebOhrid

повеќе...

Во јуни издадени 274 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2016 се издадени 274 одобренија за градење што е за 47.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 405 372 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 (63.5%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (10.9%) за објекти од нискоградба и 70 (25.6%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 274 објекти,…

повеќе...

Во мај зголемен бројот на издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2016 се издадени 292 одобренија за градење што е за 57.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 970 915 илјади денари што е за 13.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 163 (55.8%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11.3%) за објекти од нискоградба и 96 (32.9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 292 објекти,…

повеќе...

Во два одвоени случаи поднесена кривична пријава за лица кои бесправно граделе

ПС Струга поднесе кривична пријава против А.А. (36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга без одобрение за градење започнал градба на објект – станица за технички преглед на возила. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на објектот. ПС Струга поднесе кривична пријава против Ќ.М. (56) од с. Биџево, управител на ГТУД „Трим“ ДОО – Охрид и правното лице ГТУД „Трим“ ДОО Охрид, поради…

повеќе...

Стружанец бесправно градел во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М. (37) од струшкото село Враништа. Во текот на јануари оваа година, пријавениот на катарстарска парцела бр.16598 Охрид-3 на закупен угостителски објект на Кеј „Македонија“, без да поседува одобрение за градење, на два оградни зидови поставил по пет „пвц“ прозори од кои осум со димензии 2,25 метри x 0,7 метри и два прозори 0,75 метри x 0,7 метри. Пријавениот прозорците ги поставил на објект, за кој овластениот градежен инспектор од Општинскиот инспекторат од Охрид,…

повеќе...

Во јануари издадени 216 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2016 се издадени 263 одобренија за градење што е за 11.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.  Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 108 575 илјади денари што е за 97.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 155 (58.9%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (16.0%) за објекти од нискоградба и 66 (25.1%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 263 објекти,…

повеќе...

Во Охрид ќе се градат Конгресен центар, катни гаражи и други капитални проекти

До крајот на 2016-та и во првата половина на 2017-та во Охрид ќе започнат да се градат повеќе капитални објекти чија вредност е над 25 милиони евра, а кои се од голема потреба за граѓаните и кои во изминатите децнии беа напразно ветувани, а сега конечно се реализираат. Годинава треба да се градат нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа…

повеќе...

Вевчанец заработи кривична пријава поради узурпација на недвижности и бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.П.(57) од Вевчани. Пријавениот, на катарстарската парцела број 840/2 , 837 и 836 КО Вевчани, започнал да гради куќа што согласно извршен увид од градежен инспектор, покрај на приватно земјиште, се изведувала и на јавен пат односно државно земјиште сопственост на Република Македонија. Овластениот градежниот инспектор при општина Вевчани во мај годинава, затекнал објект во фаза на изведени ископани темели, истите армирани и бетонирани по што било…

повеќе...

Во јануари издадени 236 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2015 се издадени 236 одобренија за градење што е за 68.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 578 227 илјади денари што е за 35.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 153 (64.8%) се наменети за објекти од високоградба, 26 (11.0%) за објекти од нискоградба и 57 (24.2%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 236 објекти,…

повеќе...

Во септември издадени се 264 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2014 се издадени 264 одобренија за градење што е за 118.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 939 191 илјади денари што е за 22.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 176 (66.7%) се наменети за објекти од високоградба, 29 (11.0%) за објекти од нискоградба и 59 (22.3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 264 објекти,…

повеќе...