Саем на градежништво со богата понуда на плацови за „Купи куќа за млади“

Градежништвото е столб на македонската економија. Минатата година за 9 месеци оствари раст од 12 проценти и се очекува ваквиот тренд да продолжи и во наредниот период. Градежните компании во првите месеци од годинава бележат раст на продажбата на станови, а очекуваат придонес кон ова да дадат и владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, беше истакнато денеска на отворањето на Саемот на градежништво. До 5 март на едно место граѓаните ја имаат понудата од над 3000 станови и над 3000 државни плацови на Саемот за…

повеќе...

Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.  Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти…

повеќе...

Во мај намален бројот на издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2015 се издадени 186 одобренија за градење што е за 4.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 397 718 илјади денари што е за 24.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 128 (68.8%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (12.4%) за објекти од нискоградба и 35 (18.8%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 186 објекти,…

повеќе...

Минатата година регистрирани 1 075 бесправно изградени објекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани 1 075 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 196 објекти за домување1) (18.2%), 176 доградби, надградби и адаптации (16.4%), 74 деловни објекти (6.9%), 80 гаражи (7.4%), 145 огради (13.5%), 12 скалила (1.1%), 45 тераси (4.2%), 8 летни тераси (0.7%), 102 настрешници (9.5%), 101 времен објект (9.4%) и 136 помошни објекти (12.7%). Најголем број бесправно изградени објекти (97.5%) се во приватна сопственост.

повеќе...

Извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија, 2014 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 9 904 920 илјади денари. Во текот на 2014 година се градени вкупно 2 105 објекти и завршени се вкупно 3 584 станови со вкупна површина од 355 811 м2, од коишто 137 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 11 136 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 99.3 м2. По региони, најмногу се градеше во Полошкиот регион, потоа во Скопскиот, во Југозападниот итн.

повеќе...

Во април издадени 210 одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2015 се издадени 210 одобренија за градење што е за 2.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 507 469 илјади денари што е за 80.0% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беа издадени одобренија за градење на останатите делници од новите 2 капитални проекта за автопати. Од вкупниот број на издадени одобренија за…

повеќе...

Пониски трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во…

повеќе...

Деловни тенденции во градежништвото, прво тримесечје 2015

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2015 година е зголемен за 1.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2.3 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година. Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека ќе се зголемат во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработени во наредниот период. Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2015 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а…

повеќе...

Во март годинава издадени 238 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2015 се издадени 238 одобренија за градење што е за 5.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 838 874 илјади денари што е за 82.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период се издадени одобренија за градење на капиталните проекти за изградба на новите 2 автопатски делници, како и за рехабилитација на дел од…

повеќе...

Објавен оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија

Министерството за транспорт и врски информира дека објави оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Предмет на електронското јавно наддавање се две градежни працели во општина Кратово и тоа: – Една градежна парцела предвидена со ДУП за дел од Урбана единица 1 Блок 2 со намена за изградба на Б5 хотелски комплекси со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Б3, Д1 со големина од 1657 m2 со почетна цена од 532 денари од метар квадратен. – Една градежна парцела предвидена со УП за с. Вакуф, У.Б.…

повеќе...