Утре ќе се одржи манифестацијата „Чекориме за безбеден сообраќај

Во организација на општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, утре, четврток, ќе се одржи манифестацијата „Чекориме за безбеден сообраќај“. Настанот ќе започне во со почеток во 12 часот и 15 минути од пред детската градинка „Јасна Ристеска“. Во рамките на манифестацијата „Чекориме за безбеден сообраќај“, предвидени се следниве активности: – 12.20 дефиле на учесниците (деца од градинките, ученици од основните и средните училишта, советници и други претставници на локалната самоуправа, Црвен крст-Охрид, територијалната противпожарна единица, авто-школите, пензионери, лица со посебни потреби, велосипедисти) од градинката до општината на ул. „Димитар…

повеќе...

Спасов: Трансформиран работниот однос на 222 вработени во детските градинки

На 222 лица вработени во детските градинки денеска ќе им биде транформиран работниот однос на неопределено време согласно Законот за транформација во редовен работен однос, најави заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Делчево. „Останува уште да се заврши третата и финална фаза од овој проект за трансформација на волонтерите и договорците, лицата кои се ангажирани со договор на дело или авторски договор во градинките во редовен работен однос, согласно Законот за трансформација во редовен работен однос кој е проект на Владата на Република Македонија“,…

повеќе...

Одбележан патрониот празник на Детската градинка „Јасна Ристеска“

Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ со свеченост што вечерва се одржа во спортската сала „Атина Бојаџи“ при СРЦ „Билјанини извори“ го одбележаа патрониот празник на установата. Најмладите и останатите присутни ги поздрави Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Човек се чувствува прекрасно во овој амбиент полн со детски жагор и ведрина, растреперени срца и позитивна енергија. Чест ми е токму во ваков амбиент, во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име, да Ви го честитам утрешниот празник 7 Ноември -Денот на ослободувањето на Охрид и патрониот празник…

повеќе...

Дечињата од „Јасна Ристеска“ учеа за безбедноста во сообраќајот

Најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ со пароли и транспаренти се обидоа да ја разбудат свеста кај возрасните за почитување на сообраќајните правила и прописи за побезбеден живот. Децата во придружба на сообрајќаен полицаец се движеа и добиваа практични обуки за премин преку улица, се запознаа со сообраќајната инфраструктура и со правилата кои треба да ги почитуваат како учесници во сообраќајот. Оваа  активност која е во рамките на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ се реализира во соработка со Секторот за образование при Локалната самоуправа на Општина Охрид и Советот…

повеќе...

Најмладите од „Јасна Ристеска“ во петок ќе го одбележат патрониот празник

Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид ќе го одбележи патрониот празник. Свеченоста ќе се одржи во петок на 6-ти ноември во спортската сала „Билјанини Извори“. По тој повод, најмладите од градинката заедно со нивните воспитувачи ќе бидат дел од свечената програма која е предвидено да се одржи и во селото Рамне, со почеток во 18 часот.

повеќе...

Спасов: Нови капацитети за згрижување деца во Скопје

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска извршија увид во градежните активности за адаптација, реконструкција и опремување простор во рамки на училиштето „Ѓорче Петров“ во населбата Дексион, наменет за детска градинка со капаците за згрижување 150 деца од предучилишна возраст. „Ова е втора инвестиција на Министерството за труд и социјална политика. Минатата година отворивме нов објект, нова детска градинка за 50 дечиња во Општина Ѓорче Петров и вложивме околу 4.000.000 денари како Министерство. Во овој објект ќе инвестираме околу 3.000.000…

повеќе...

Отворена нова приватна детска градинка во „Јахја Кемал“ во Скопје

Прва приватна детска градинка во рамки на колеџот „Јахја Кемал“ во Скопје денеска беше пуштена во употреба. На почетокот таа ќе згрижува шеесеттина деца, со можност за проширување на капацитетите во идниот период. Почетната инвестиција е околу 700 илјади евра, а планирана е и дополнителна инвестиција од околу 800 илјади евра. При изградбата на градинката колеџот ги користел поволностите за намалени комуналии за градба за 95 проценти. „Ова е 26 приватна детска градинка која се отвора во изминатите неколку години и која влијае на отворање на дополнителни 1.550 места за…

повеќе...

Одбележан Денот на здрава храна во Охрид

По повод одбележувањето на Националниот ден на здрава храна, денеска со поддршка на општина Охрид и Министерството за труд и социјална политика, во објектите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, се одржаа повеќе работилници. На работилниците во централната детска градинка присуствуваше и заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев. Целта беше поорганизирано и поодговорно да се пристапува кон афирмација на процесот на одгледување и конзумирање здрава храна, како дел од националната политика иницирана од Министерството за труд и социјална политика. Комбинацијата на здрава храна, одгледување на зеленчуци во органските градини, вклучување на…

повеќе...

Дечињата од охридската градинка на едукативен час со панорамско разгледување на градот

Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид и детската градинка „Јасна Ристеска“, денес педесетина деца од градинката учествуваа на едукативен час со панорамско разгледување на градот. Покрај рекреативна, целта на оваа активност беше и едукативна односно поцелосно запознавање на најмладите со сообраќајната патна инфраструктура во градот, информирање на децата за значењето на автобусот како најкористено превозно средство во светски рамки, потсетување за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и влијание врз свеста кај најмладите за подигнување на безбедносната култура.

повеќе...

Германска поддршка за реконструкција на детското игралиште кај каналот „Студенчишта“

Со потпишување на договор за финансирање помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески , амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија Н.Е. Кристине Алтхаузер и директорката на ЈУДГ „Јасна Ристеска”, Розе Костеска денеска во просториите на германската амбасада во Скопје, се официјализира почетокот на проектот за обнова и реконструкцијата на детското игралиште кај каналот„ Студенчишта“. Според договореното за реализација на проектот Германската амбасада и доделува гранд на општина Охрид во вредност од 485,259.00 денари или 7 909 евра. Од овие средства 425,259.00 денари ќе бидат наменети за набавка и инсталацијата на нови…

повеќе...