Врачени 34 решенија за работа во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Во објектот на централната градинка, градоначалникот Никола Бакрачески и директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска, денес, на повеќе вработени свечено им ги врачија решенијата за трансформација во редовен работен однос. Согласно Законот за трансформација на работниот однос , во детската градинка условите за промена на работниот статус го исполнија 34 вработени кои до сега биле ангажирани со различни договори на дело или волонтерски договори. Градоначалникот Бакрачески потенцира дека јасна е заложбата на Владата и Локалната самоуправа во делот на згрижување на сите оние работно ангажирани лица во изминатите неколку…

повеќе...

Вандали ги уништуваат градините што ги создаваат децата

Непознати сторители, континуирано ги уништуваат градините кои во објектите на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ ги создаваат дечињата на возраст од 2 до 6 години. Овие активности се дел од проектот „Градини во детските градинки“, преку кој најмладите се запознаваат со растенијата, учат како се засадуваат, одгледуваат и заштитуваат. Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се прашуваат дали е возможно да има луѓе кои можат вандалски и неодговорно да го уништуваат она што грижливо го правеле дечињата. Воедно апелираат за поголемо вклучување на сите повикани чинители кои ќе придонесат за подигнување на јавната…

повеќе...

СДСМ: Директорката на Детската градинка ги злоупотреби дечињата и просториите во градинката за партиски цели

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Стана секојдневна практика директорите и другите раководни лица во Општина Охрид, назначени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да ја злоупотребуваат својата службена положба во партиски цели. Тоа е уште една потврда дека државните институции, на централно и локално ниво се целосно поклопени од партијата на власт, на штета на граѓаните. Кулминација на злоупотребата на службената положба претставува денешната постапка на директорката на Детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид, која на крајно непрофесионален начин ги злоупотреби децата од градинката. Денеска директорката организираше…

повеќе...

Доделено решение на првата градинка во приватна компанија

Окитекс Бамбини е првата детска градинка отворена во приватна компанија за потребите на вработените со капацитет да згрижи 25 деца. Градинката претходно функционирала како игротека, а по последните законски измени и било овозможено да се регистрира како детска градинка. Решението на првата градинка отворена во рамки на една компанија во Македонија денеска го предаде министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Денеска сме во посета на првата приватна детска градинка која функционира како организациска единица во рамките на приватната компанија „Окитекс“. Ова е ваква прва приватна детска градинка и…

повеќе...

Децата од градинката „Јасна Ристеска“ во посета на Општина Охрид

Шеесетина деца од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ , на возраст од 5 и 6 години, денеска ја посетија општина Охрид при што имаа средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој ги запозна со основните функции и работата на Локалната самоуправа. Најмладите посетија и неколку служби во локалната администрација и се интересираа за нивната работа и комуникацијата со граѓаните. Посетата на општина Охрид е дел од проектот „Градот низ детските очи“ што се реализира по препорака на Министерството за труд и социјална политика. Во рамките на проектот, најмладите од детската градинка ЈОУДГ…

повеќе...

Децата од „Росица“ дел од проектот „Почит кон различностите и мултикултурализмот“

Од ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид информираат дека на 16-ти мај (сабота) со почеток во 12:00 часот на Малиот Плоштад кај старата библиотека ќе се реализира манифестација во рамките на проектот „Почит кон различностите и мултикултурализмот“. Проектот е во соработка со МТСП, УНИЦЕФ, Британска Амбасада, Центар за човекови права, Локалната Самоуправа и  градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески. На манифестацијата ќе бидат присутни, како и ќе се обратат пред присутните, претставници од сите горе спомнати институции. На манифестацијата ќе учествуваат дечињата од објектот „Росица“ со повеќе активности.

повеќе...

Ќе се одржи завршна презентација „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“

Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“, во соработка со СВР Охрид и Локалната Самоуправа реализираат проект „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“. По повод денот на полицијата 7 – ми мај (четврток) во 10:00 часот, ќе се одржи завршна презентација на стекнатите знаења за безбедноста и за мојот пријател полицаец, низ музички точки, драматизации, стихови и пораки во објектот „Развигорче“.

повеќе...

Децата од градинката „Јасна Ристеска“ се запознаа со работата на Езерска полиција

Седумдесетина деца од предшколска возраст од детските градинки „Развигорче“, од централната во Охрид и подрачната градинка во Лескоец, денес имаа посета и едукативен час во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро како и за другите мерки и корисни информации поврзани со работата, денес најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостоен инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата…

повеќе...

Децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ утре во посета на Езерската полиција

Утре, 24-ти април (петок), во 10:00 часот, децата од објектот „Развигорче“ и Лескоец од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе ја посетат Езерската полиција.  Тие ќе се запознаат со работата и опремата на полицајците во просториите на МВР – Езерска полиција. Активноста се реализира во рамките на проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“, кој се реализира во соработка со МВР Охрид и Општина Охрид.

повеќе...

Установи за згрижување и воспитание на деца – детски градинки

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2014 година, со состојба на 30 септември, вкупниот број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки изнесува 30 107 што претставува зголемување за 3.4% во однос на 2013 година. Со годишните извештаи се опфатени 57 јавни и 16 приватни установи за згрижување и воспитание на деца – детски градинки. Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе групи.

повеќе...