Градоначалникот Бакрачески учествуваше на средбата Иванов – Човиќ

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вчера присуствуваше на средбата помеѓу Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Ивано и Драган Човиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина. Во улога на домаќин Градоначалникот Бакрачески заедно со високите гости беше на разглед низ културно –историските обележја и знаменитости на Охрид. Претходно на работна средба, Иванов и Човиќ разменија мислења за состојбите во регионот, во контекст на актуелните предизвици и неговите евроатлантски перспективи. Членот на претседателството, г. Човиќ го запозна претседателот Иванов со актуелните политичко-економски состојби во БиХ и со клучните предизвици на БиХ…

повеќе...

Ќе се обновуваат делниците Македонски Брод-Скопје, Неготино-Демир Капија и Гостивар-Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со министри од повеќе ресори и градоначалници денеска ги анализираа досега спроведените активности за исполнување на барањата од жителите од повеќе општини при посетите од владини функционери, и предлагаа решенија за побрза реализација на проектите. Како политичка партија веќе долг период сме прифатени кај граѓаните дека сме политичка гарнитура која што стои зад дадениот збор, стои зад ветувањата, стои зад она што ќе го вети при средбите со граѓаните. Огромна одговорност е да се испорача ветеното и да се одговори на потребите на луѓето во…

повеќе...

Продолжува традицијата за празникот Голема Богородица во Скребатно

Во кругот на црквата Св. Богородица во село Скребатно, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, се одржува голем црковно народен собир. Секоја година повеќе од 5 000 луѓе, присуствуваат на ручекот кој што го организира Црковниот одбор. По тој повод, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со министерот за одбрана, Зоран Јолевски и пратеникот Сашо Василевски како и илјадниците верници присуствуваа на празнувањето на овој голем христијански празник. Празнувањето на овај празник во селото Скребатно е збогатено и со богата културно – забавна програма.

повеќе...

Стартува 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон

Точно на пладне од Св. Наум 9 пливачи во машка и исто толку во женска категорија ја започнаа битката за освојување на тронот на јубилејниот Охрдски пливачки маратон. Стартот на трката во 12 часот го означи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Пред самиот почеток на маратонот, градоначалникот Бакрачески на сите маратонци им посака среќен натпреварувачки ден, мирна вода и освојување на најдобар резултат. Се очекува околу 17 часот да пристигнат и првите пливачи на целта на Градското пристаниште.

повеќе...

Свечено доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Св.Климент Охридски“

Со традиционалното фрлање на капите, вечерва, матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа свеченото доделување на дипломите. Свое обраќање пред матурантите имаше и градоначалникот Никола Бакрачески кој им порача: „Она што сакам да ви го порачам, треба да запомнете дека личноста со која вие најдолго проведувате во вашиот живот, сте вие самите. Затоа научете да ја респектирате вашата личност и да се респектирате себе си, бидејќи доколку тоа не го направите секогаш ќе живеете со личност која што Вас не ви се допаѓа. Не дозволувајте буката на другите гласови…

повеќе...

Општина Охрид со помош за настраданите во Скопје

Со 300. 000 денари парична помош, со човечки и технички ресурси кои и се на располагање Општина Охрид ќе го даде својот придонес за надминување на последиците од елементарната непогода која изминативе денови го зафати скопскиот регион понесувајќи човечки жртви и материјални штети. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната Вонредна Седница на Советот на град Охрид упатувајќи сочувство до семејствата на настраданите и заблагодарувајќи се на Советниците кои позитивно одговориле на повикот за вонредно заседавање истакна дека предвидената помош е првична. На барање на градоначалникот утрово заседаваше и комисијата за финансии…

повеќе...

За случајот „Јагула“, поднесено обвинение против поранешниот градоначалник на Охрид

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе обвинителен акт против поранешниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Александар Петрески, за предметот познат како „Јагула“, за едно продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување и за кривично дело примање поткуп. Обвинение е поднесено и за Г.С., како помагач за едно продолжено кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување. „Имено, во ноември 2014 година, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против 16 лица, меѓу кои…

повеќе...

Турски бизнисмени заинтересирани за воведување на нов оператор на охридскиот аеродром

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска прими делегација од Истанбул- Турција, којашто е заинтересирана за основање на авио компанија, чии летови би биле со база од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и би функционирала како национален оператор. Гостите во придружба на директорот на маркетинг од ТАВ – Истанбул, Серкан Карахатај го информираа градоначалникот Бакрачески дека би воспоставиле летови од Охрид кон Италија, Истанбул, Лондон и Салзбург, а поддршката од Општина Охрид ја очекуваат во делот на субвенционирање на авио летовите. Планираните летови би биле за помал број патници со тоа…

повеќе...

Положено цвеќе пред споменикот на илинденските борци во Велгошти

Во очи на празникот, традиционално и годинава со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден. Пред споменикот се поклонија делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески,  претставници од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид и други значајни структури. На свеченоста, градоначалникот Бакрачески на присутните им го честита овој светол и голем ден за македонската историја. „Денес, во предвечерието на најголемиот и најсветлиот македонски празник, Илинден, ми претставува особена чест и пријатно задоволство, да присуствувам во историското…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка за празникот Илинден

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните на Охрид и Република Македонија и до сите Македонци ширум светот. „Нека ни е честит најголемиот македонски празник – Илинден, денот кој нè задолжува, обединува и инспирира. Нека бидат вечни спомените на илинденците и хероите на Народно-ослободителната и антифашистичката војна. На овој празник се поклонуваме на славното дело на Револуцијата, на храброста, на доблеста, на љубовта кон Татковината. Благодарение на двата Илиндена, 1903 и 1944, кои се светилникот на нашата борба за…

повеќе...