Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот верски празник „Воскресение Христово- Велигден“, упати честитка до сите граѓани од христијанска вероисповед, во која искрено посакува добро здравје, благосостојба и духовна радост. „На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта, на верниците од христијанска вероисповед им посакувам радост и верба во срцата, надеж, разбирање, меѓусебно почитување, солидарност и взаемно помагање- универзални вредности кои на секој човек му помагаат да ги надминува предизвиците и да ја гледа светлината на иднината. Во миговите на чествувањето на најсветите и најдлабоките традиционални…
повеќе...Tag: градоначалник
Подигнато спомен-обележје во Ливоишта во чест на Благојче Крстаноски
Денес во селото Ливоишта беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски, професионален војник на АРМ, кој го загуби животот на 8 април 1999 година на караулата Блаце. Спомен обележјето со сесрдна помош на Општина Охрид го постави Организацијата на резервни офицери на Република Македонија. На денешната церемонија во името на Општина Охрид се обрати градоначалникот Никола Бакрачески: „Денешниот ден е исполнет со емоции кои ја отсликуваат тагата по прерано загинатиот Благојче Крстаноски, но и емоции исполнети со гордост што Благојче го имавме меѓу нас, кој на олтарот…
повеќе...Тампонирани повеќе локални улици во Врбјани и Брежани
Во Општина Дебрца во тек се градежни активности околу тампонирање на најоштетените и најнепристапни локални улици во селата Врбјани и Брежани. Според Градоначалникот Игор Трајкоски, со овој градежен зафат се потврдуваат напорите на општината за подобрување на животот на жителите на целата територија. „Станува збор за тампонирање на две локални улици во село Врбјани, со ширина од 3 метри и вкупна должина од 600 метри, како и тампонирање на една локална улица во село Брежани со ширина од 3 метри и должина од 700 метри. Се надеваме дека со тампонирањето на…
повеќе...Промовирана охридската туристичка понуда во Москва
По средбата во Федералната агенција за туризам на Руската Федерација во елитниот хотел “Златен прстен”, во центарот на Москва се одржа една од најпрофесионалните промоции и презентации на охридската туристичка понуда, која општина Охрид ја воведе во пракса од пред три години низ неколку европски метрополи. Пред присутните тур оператори, туристички агенции, новинари и амбасадори на Балканските земји, најпрвин се обрати Амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација Гоце Карајоваов, кој ги презентира поволностите кои Владата на Република Македонија ги дава на тур операторите и агенциите за привлекување на туристи…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески се сретна со рускиот директор на Федералната агенција за туризам Корувкин
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска во Москва оствари работна средба со директорот на Федералната агенција за туризам на Руската Федерација Валери Корувкин. На средбата се разгледаа можностите за соработка меѓу руските и охридските туристички работници. Од страна на градоначалникот Бакрачески беа презентирани поволностите кои ги дава Владата на Република Македонија за групни посети на туристи во форма на субвенции, кои за руската федерација изнесуваат и до 65 евра, а се однесуваат на групи туристи кои се поголеми од 10 туристи и остваруваат минимум 3 ноќевања. Притоа, пред директорот беа…
повеќе...Продолжуваат инфраструктурните зафати во Општина Дебрца
Градоначалникот на Општна Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во Мешеишта каде што се одвиваат дел од планираните инфраструктурни зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во Општина Дебрца, односно се врши асфалтирање на неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура во селото. Станува збор за асфалтирање на три локални улички во Мешеишта со ширина од 2,5 метри, во вкупна должина од 280 метри, каде што ќе се вгради 820 метри квадратни асфалт. Со завршување на асфалтирањето во Мешеишта, градежните активности ќе продолжат во селото Ботун…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески се сретна со кинеската амбасадорка Јин Лисјен
Градоначалникот Никола Бакрачески денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на НР Кина во Република Македонија Јин Лисјен. На средбата заеднички беше оценето дека двете држави имаат одлична меѓусебна соработка и дека таквите односи во иднина ќе се продлабочуваат. Амбасадорката Лисјен рече дека денеска била во посета на неколку градилишта на автопатот од Кичево до Охрид и дека оваа е нејзина прва протоколарна средба со македонски градоначалник. Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за посетата и нагласи дека изградбата на автопатот е исклучително важен проект за иднината на Охрид и изрази надеж дека…
повеќе...Во тек се градежните активности околу санацијата на фудбалското игралиште во Волино
Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал. Моментално градежните работи се одвиваат со засилено темпо, поради почетокот на новата полусезона од Третата македонска фудбалска лига каде екипата на ФК „Сатеска” од Волино успешно се натпреварува. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши санација и реконструкција на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати,…
повеќе...Одржан традиционалниот маскенбал во Велгошти по повод Прочка
Во организација на Месната заедница од село Велгошти, а повод верскиот празник Прочка – Велики Поклади денес се одржа традиционалниот маскенбал во Велгошти. Како и претходните години, така и оваа година, на маскенбалот можеа да се видат голем број креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории беа обезбедени богати награди. WebOhrid
повеќе...Градоначалникот Бакрачески во обиколка на Подмоље и Велгошти
Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, вчера, беше во обиколка на селата Подмоље и Велгошти, каде се во тек градежните зафати за асфалтирање на повеќе делови од улиците. Во Подмоље се асфалтираат две улици со вкупна површина од 645 метри квадратни, додека во Велгошти се четири улици со вкупна површина од 880 метри квадратни. Градежните активности се очекува да завршат во текот на денешниот ден. Градежните зафати за асфалтирање на сите шест улички изнесуваат 1 972 000 денари, средства издвоени од буџетот на општина Охрид.
повеќе...