Семејството, па дури и малолетната ќерка, му биле „параван“ и ги заглавил во шверц со хероин

Министерството за внатрешни работи, во содејство со Царинската Управа на Р.Македонија, вчера, пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација од Р.Турција преку Р.Грција и Р.Македонија со крајна дестинација западно европските земји, при што се запленети 2 кг и 430гр високо квалитетен хероин, а од слобода се лишени две лица. Вредноста на наркотичната дрога хероин  доколку би се продал на нарко-пазарот во Западна Европа би достигнала цена од околу 300.000 евра. При преземени координирани мерки и активности на вчера (31.08.), околу 12,30 часот, на ГП „Богородица“ при влез…

повеќе...

Трет обид за нелегално внесување на ловечка муниција во последните седум дена

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за внесување на 1250 парчиња непријавена ловечка муниција. На 27.08.2013 година за влез во Република Македонија, на граничниот премин Богородица се пријави патничко моторно возило со грчки регистарски таблици, управувано од грчки државјанин, придружуван од двајца сопатници, кој на прашање на цариниците изјави дека покрај 1200 парчиња муниција и 4 парчиња ловечки пушки, за кои поседува одобрение за увоз издадено од Минисерството за внатрешни работи на Р.Македонија, нема друга стока за пријавување. Поради сомневање во одговорот, цариниците спроведоа детална контрола на возилото…

повеќе...

Спречен обид за нелегално внесување на ловечка мунуција од Грција

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување на ловечка муниција, притоа запленувајќи 661 парче непријавена муниција. На 21.08.2013 година за влез во Република Македонија, на граничниот премин Богородица се пријави патничко моторно возило – комбе со грчки регистарски таблици, управувано од грчки државјанин. При детална царинска контрола на возилото, во просторот под седиштата, пронајдени се 661 парче сокриена ловечка муниција, спакувана во картонски кутии за кои возачот, кој истовремено е и сопственик не поседувалдозвола издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, која е неопходна…

повеќе...

117 кг марихуана откриени во албански автобус на Табановце

Царинските службеници од граничниот премин Табановце открија обид за пренесување на 117 кг високо квалитетна марихуана, во автобус со албански регистарски таблички. Имено, на 14.06.2013, околу 20:30 часот) за излез од Република Македонија се пријави автобус марка NEOPLAN со албански  регистарски таблички, сопственост и управуван од албански државјанин со инцијали Е.Б. од Тирана. Како втор возач на автобусот е лице – албански државјанин со иницијали К.Б.  Во автобусот патувaле околу 20-тина патници. Според изјавата на возачите, крајната дестинација на автобусот бил Белград, Србија. Иако и патниците и возачите изјавиле дека…

повеќе...

Пуштен во употреба заедничкиот Контакт-центар за полициска соработка меѓу полициите на Македонија и Албанија

Министрите за внатрешни работи на Република Македонија и Република Албанија, Гордана Јанкулоска и Фламур Нока, на граничниот премин Ќафасан денеска го пуштија во работа заедничкиот Контакт-центар за полициска соработка меѓу полициите на двете земји. Отворањето на заедничкиот Центар за полициска соработка, нагласи министерката Јанкулоска, е уште еден чекор кон продлабочување и подобрување на соработката на македонската и на албанската полиција. Ваквиот систем на работа, подвлече, ќе овозможи подобра координација на граничните служби бидејќи на едно место ќе можат да ги разменуваат информациите кои се релевантни за нивната работа и да…

повеќе...

На Ќафасан запленети 12 килограми марихуана

Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан спречија обид за влез на 12 кг марихуана. Вчера (10.05.2013 год.) околу 16:00 часот, за влез во државата се пријави автомобил Алфа Ромео со италијански регистарски таблички, управувано од италијански државјанин со иницијали Р.Н. (45) кој патувал заедно со уште еден италијански државјанин со иницијали В.М. (32). На прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинење, лицата одговориле негативно додавајќи дека одат на одмор во Македонија, а потоа и во Бугарија. Царинскиот службеник одлучил да изврши рутинска контрола и во моментот…

повеќе...

Спречен обид за шверц на половина килограм чист хероин

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Одделот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа на Р. Македонија реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога –  хероин, наменет за домашниот нарко пазар  при што запленети се околу 500 грама  хероин, со  што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија  со хероин на релација од Р.Турција до Р.Македонија. Денес (15.04.2013) по претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин во раните утрински часови околу 03:30 часот на граничен премин „Богородица“, на влез од Р. Македонија…

повеќе...

Спречен нов обид за изнесување културно наследство

Царинската управа спречи нов обид за изнесување на 48 стари нумизматички монети кој датираат од од 2 век п.н.е до 4 век од н.е., како и монети од поново време (од 17 век од н.е.), со различно писмо, големина и ознаки од Македонија преку граничниот премин Делчево во Бугарија. И овој обид за изнесување културното богастсво на државата е извршен од страна на американски државјанин, кој пристигнал во Македонија во хуманитарна мисија во околните села на градовите Штип и Пробиштип. Случајот е откриен на 12.04.2013 година, на граничниот премин Делчево,…

повеќе...

Цел шлепер со фалсификат лак и пена за коса Intesa запленети на царинската испостава Богородица

Царинските службеници од царинска испостава Богородица, синоќа околу полноќ привремено задржаа околу 43 илјади парчиња лак и пена за коса, под сомнение дека се фалсификат на заштитна трговска марка INTESA. Имено, на 28.03.2013 година, 30 минути по полноќ, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави турски камион, управуван од лице со турско државјанство. Камионот бил натоварен со стока со турско потекло, пријавена за транзитна постапка за увозник од Тирана-Албанија. При контрола на стоката, царинските службеници забележале козметички производи за нега на коса од трговската марка INTESA,…

повеќе...

Над 30 илегалци откриени во товарен воз

Царинските службеници од царинската испостава Железничка станица Гевгелија, спречија нов обид за нелегален влез на патници во државата, при што се откриени 31 илегалци во меѓународен товарен воз. Вчера, 13-ти март, во вечерните часови, на железничката станица Гевгелија, при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција–Австрија, биле откриени вкупно 31 илегалци. 20 илегалци биле пронајдени во внатрешноста на четири контејнери со церада, а 11 илегалци биле откриени во надворешниот дел на 2 вагони, легнати на носачите под натоварените контејнери. Според нивните изјави илегалците биле државјани на Египет, Мали,…

повеќе...