Хрвати ги скенираа предвидените локации за градската марина

Во посета на Охрид, денес, беа претставници на две големи компании од Република Хрватска кои што се занимаваат со изградба на марини. Станува збор за две реномирани компании во чие резиме стои изградбата на неколку марини во Хрватска, во Јадранското море. Тие денес остварија средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и капетанот на Капетанијата од Охрид, Горан Устијаноски. Градоначалникот ја потенцира потребата од Градска марина и ја потврди цврстата заложба на Локалната самоуправа за реализација на ваквиот проект. „Она што е еден од приоритетите за збогатување на туристичката понуда…

повеќе...

Македонска експедиција за првпат на „Јадрански игри” во Биоград-Хрватска

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ги испрати македонските претставници кои ќе земат прво учество на “Јадранските игри”. Тој им посака успешен дебитански настап со искрени желби македонскиот тим да се врати со едно од првите места. „Јадранските игри” претставува проект кој се одвива во текот на летото со цел збогатување на спортско-туристичката понуда. Програмата се состои од тим, што ја претставува државата во традиционалните дисциплини на Јадранското Море. Оддржувањето на проектот во првата и втората година, наиде на големо одушевување кај публиката, со што третата и…

повеќе...

Sвездата на „Х Фактор” го најави најголемиот љубовен фестивал на Балканот!

Даниел Кајмакоски, победникот на овогодинешното издание на „Х Фактор” во соработка со белградскиот диџеј John Jogurt и дуото Calavera & Manya, ја сними химната за музичкиот фестивал Heineken Lovefest 2014, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти Август во Врњачка Бања, Република Србија.  Талентираниот Македонец, во чиј глас се заљубија сите земји од поранешните Ју простори, истакна дека му било чест да соработува со млади диџеи, како и дека му претставува особено задоволство да биде дел од проект кој ја слави љубовта.  „Можам да кажам дека би беше особена…

повеќе...

Претседателот Иванов учествуваше на „Самит 100″ во Цавтат, Република Хрватска

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска во Цавтат, Република Хрватска, учествуваше на „Самит 100 – Договор за новото време” заедно со бизнис лидерите и најистакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа. Политичките лидери треба да овозможат што помалку бариери за да може да има проток на капиталот. За жал нашиот регион има многу физички, ментални и административни бариери. Нам ни е потребна нова инфрастуктура, и поврзување на сите автопатишта. Јадранско-јонската магистрала да се поврзе со Коридорите 8 и 10, да се поврзат железничките пруги, а неопходно е и…

повеќе...

Хуманитарен концерт за помош за настраданите во поплавите во Србија, БиХ и Хрватска

Вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа хуманитарен концерт за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. На концертот, кој беше во организација на Владата на Република Македонија, настапија голем број македонски естрадни ѕвезди, меѓу кои: Влатко Стефановски, Есма Реџепова, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски…    Влезниците беа по цена од 150 денари, а до пред почетокот на концертот, според изјавата на  министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, беа продадени околу 11.000 билети.   Отворени беа телефонските броеви за донации 070143400, 075143400 и 078143400, на…

повеќе...

Хрватски фолклористи во посета на општина Охрид

Заменик градоначалникот Ангел Јанев денеска  имаше средба со делегација на  КУД „Краљ Томислав“ од Биоград на Море од Хрватска, кои се во неколкудневен престој кај домаќините од КУД „Гердан“ од Охрид. На средбата, заеднички беше оценето дека соработката на двете културно- уметнички друштва е добра основа за воспоставување на поблиски односи меѓу Охрид и Биоград на Море како развиени туристички центри. Покрај соработката во областа на туризмот и културата, беа споменати и можностите за креирање заеднички проекти и користење средства од европските фондови. Членовите на културно уметничките друштва „Краљ Томислав“…

повеќе...

Студиски престој на средношколците од економско училиште во Хрватска

Со цел практично запознавање на учениците со работењето на успешните компании, а во корелација со наставната програма и тематските содржини по предметот Практична настава, како и предметите Бизнис, Менаџмент и Економија, во наредниот период ќе се реализира научно-едукативна посета на Р.Хрватска, конкретно на реномираните европски и светски компании – КРАШ од Загреб и ВИНДИЈА од Вараждин, Р.Хрватска. Компанијата КРАШ произведува кондиторски производи (познатите чоколади, вафли и др.), а компанијата ВИНДИЈА млечни производи. Оваа посета се организира под менторство на Горан Попоски, професор по економска група на предмети, и со огромна…

повеќе...

Делегација од македонското Собрание во официјална посета на Хрватска

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска на покана од неговиот хрватски колега Јосип Леко. Во делегацијата се наоѓа и пратеникот во македонското Собрание Александар Николоски. Покрај со својот домаќин, Вељаноски ќе се сретне и со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со првиот потпретседател на хрватската Влада и министер за надворешни и европски прашања,  Весна Пусиќ. Планирано е претседателот Вељаноски на свечена седница да се обрати и пред пратениците на Хрватскиот сабор.

повеќе...

Делегација од Охрид на работна средба во Дубровник

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески оствари службена посета на Дубровник. Посетата беше остварена во соработка со Лајонс Клубовите од Охрид и Дубровник. На работната средба која се одржа во кабинетот на Градоначалникот на Дубровник, покрај делегацијата од Охрид, беа присутни градоначалникот на Дубровник, Андро Влахушиќ, претседателот на Советот на Дубровник Нико Булиќ, директорот на Туристичката Заедница на Дубровник, како и други претставници на локалните институции. Централна тема на состанокот беше иницијативата на Општина Охрид за збратимување на овие два града, која двата градоначалници ја оценија како…

повеќе...

Економските односи меѓу Македонија и Хрватска незадоволителни

Економската соработка меѓу Македонија и Хрватска ќе продолжи непречено и покрај фактот што со влегувањето на Хрватска во Европската унија по автоматизам престaна да важи Договорот за ЦЕФТА. „Соработка ќе продолжи да функционира согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а денеска заедно со министерот за економија на Хрватска, Иван Врдољак потишавме и Договор за измени и дополнувања на Договорот за билатерална трговија и економска соработка меѓу Македонија и Хрватска со кој се уредуваат сите одредби од договорот со европското законодавство“, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини по потпишувањето на договорот.…

повеќе...