Охрид следната недела ќе биде домаќин на „Информатијада 2014“

Следната недела во Охрид ќе биде домаќин на   најголемиот ИТ настан на Балканот „Информатијада 2014“, како интернационално ИТ дружење. Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. На отворањето ќе се обратат Министерот за информатичко општество и администрација , Иво Ивановски, директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и главниот организатор на Информатијада 2014, Давор Поповски. Петдневното IT дружење ќе започне на 9-ти октомври…

повеќе...

Арсовска Томовска: Постојан развој на човечките ресурси за поголеми резултати

Во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, се одржа шестата по ред Меѓународна конференција за човечки ресурси, поддржана од Министерството за информатичко општество и администрација и Европската асоцијација за управување со човечки ресурси (EAPM). На отворањето свое обраќање имаше заменик министерот Марта Арсовска Томовска, која истакна дека човечкиот капитал е битен сегмент од секоја организација и инвестирањето во неговиот развој како релативно млада научна дисциплина е пресуден за постигнување резултати и функционалност во работењето. „Пред неколку години направивме Стратегија за јавната администрација, во рамките на која голем акцент беше ставен…

повеќе...

Втора сесија од обуките на Високата француска школа за јавна администрација ЕНА

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, а со поддршка на Амбасадата на Република Франција, од 1 до 3 октомври, се спроведува обука за имплементација на законите за државни службеници и вработените во јавниот сектор, како втора сесија од циклусот обуки кои се реализираат во соработка со Високата школа за јавна администрација ЕНА од Франција. Воведни обраќања на првиот ден од обуката која се одржува во просториите на ЗЕЛС, имаа државниот секретар во министерството, Јахи Јахија и францускиот амбасадор во Република Македонија, Лоренс Оер. „Франција има големо искуство…

повеќе...

Прес-конференција за Информатијада 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, утре, четврток, ќе одржи заедничка прес конференција со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов, и претседателот на студентскиот парламент при ФИНКИ, Давор Поповски, посветена на претстојната Информатијада 2014 во Охрид. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

повеќе...

Одржан првиот академски час во УИНТ „Св.Апостол Павле“ за учебната 2014/2015

Денес, со почеток во 8 часот, во просторите на УИНТ „Св. Апостол Павле“се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Настанот го отвори Ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ проф. д-р Нинослав Марина, кој им посака успешен почеток на академската година на новите студенти. Како најмлада високо образовна институција во државата, УИНТ го карактеризира тренд на континуиран раст и развој, раст на бројот на запишани студенти, зголемување на бројот на студиски програми, академски кадар од престижни светски Универзитети и одлично позиционирање на Шангајската ранг листа. „На Универзитетот „Св. Апостол…

повеќе...

Ќе се одржи Регионален форум за интернет владеење 2014

Утре, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, Министерството за информатичко општество и администрација организира Регионален форум за интернет владеење 2014. На форумот ќе учествуваат министри и високи владини претставници надлежни за креирање на политики за развој на информатичко општество од земјите од регионот, како и претставници на невладиниот сектор, што претставува можност за промовирање на регионална соработка во оваа област. Воведни обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN),…

повеќе...

Охрид домаќин на меѓународни конференции од областа на информатичките технологии

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, заедно со Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов и Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Иваноски присуствуваше на затворањето на 18-та меѓународна конференција ADBIS ( Advances in Database and Information Systems) и отворањето на шестата конференција за иновации ICT Innovation 2014, што деновиве се одржуваат во Охрид . Посакувајќи им успешна работа на двата еминентни собири од областа на информатичките системи, градоначалникот Бакрачески изрази задоволство што Охрид од година од година станува се попривлечно место за одржување на конгреси и семинари од светско реноме. „Охрид,…

повеќе...

Министерот Ивановски на конференција во Охрид

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес се обрати на отварањето на шестата меѓународна конференција „ИКТ Иновации2014” која се одржува во Охрид. Во своето обраќање министерот Ивановски укажа на активностите што се преземаат во Република Македонија за отворање на податоците што ги поседуваат државните институции. „Македонија како 32 држава потписник на Договорот за отворено владино партнерство се обврза да ги отвара податоците и веќе сме едни од лидерите во светот по бројот на отворени податоци, и тоа не само во облик достапен за граѓаните, туку и во машински…

повеќе...

Средба Ивановски-Стриклинг : Соработка и поддршка во интернет владеењето

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес оствари средба со заменик секретарот за комуникации и информации на Министерството за трговија на САД, Лоренс Е. Стриклинг.  На средбата се разговараше за унапредувањето на меѓународната соработка и поддршка помеѓу Република Македонија и САД во интернет управувањето. Министерот Ивановски му се заблагодари на Стриклинг за поддршката за добивање на кириличниот .мкд домен, како и за престојните избори на членови во Советот на Меѓународната Телекомуниката Унија. „Имавме конструктивен разговор за тоа како Соединетите Држави и Македонија би можеле да работат заедно на…

повеќе...

Италијанска компанија за ИТ безбедносни системи влегува на македонскиот пазар

Италијанската ДФ Лабс интернешнл, компанија специјализирана за системи за заштита од сајбер напади и форензички анализи денеска отвори претставништво во Скопје. Компанијата ќе нуди софтвер за заштита и брзо справување при сајбер напад со што помалку финансиски загуби на ИТ системот на клиентот. Потенцијални клиенти за услугата се болници, градежни компании, банки… Софтверот, пак, што ќе го нудат за дигитална форензика на системите, претежно го користат владини агенции, тајни служби, полициски органи… Македонија, според извршниот директор на ДФ Лабс интернешнл Дарио Форте, е многу интересна земја, со развиен професионализам и…

повеќе...