Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ со своја интернет страна

Од денес, македонскиот интернет простор е збогатен со уште една интернет страна, www.artcolony.mk на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, која секое лето се организира во реномираниот ресторан „Виа Игнација“, во живописното Вевчани. За време на пет годишното постоење, откако низ Ликовната колонија продефилираа повеќе од педесетина уметници, беа објавени десетици печатени публикации и беа организирани поголем број изложби, „Вевчанските видувања“ се етаблираат и на интернет просторот. На овој начин дополнително се афирмира самиот културен проект, но и културата воопшто, како и Вевчани. Интернет страната има македонска и англиска верзија, а…

повеќе...

Ќе се одржи Регионален форум за интернет владеење 2014

Утре, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, Министерството за информатичко општество и администрација организира Регионален форум за интернет владеење 2014. На форумот ќе учествуваат министри и високи владини претставници надлежни за креирање на политики за развој на информатичко општество од земјите од регионот, како и претставници на невладиниот сектор, што претставува можност за промовирање на регионална соработка во оваа област. Воведни обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN),…

повеќе...

Македонија домаќин на студиска средба за проект за имплементација на широкопојасен интернет во руралните области преку модел на ЈПП

Широкопојасниот јаз, како еден од поголемите предизвици за развој и дигитализација во Европа, регионот и Македонија, е на пат да биде решен. Под капата на PPP4Broadband – проект финансиран преку 4-тиот повик од Транснационалната програма за Југоисточна Европа (ЈИЕ), 12 партнери (претставници на ЕУ-15, како и земји апликанти за влез во ЕУ вклучувајќи ја и Македонија) развија девет модели на Јавно-приватно партнерство наменети за справување со “широкопојасниот јаз” во руралните области на Југоисточна Европа (ЈИЕ). Центарот за управување со знаење, think-tank организација од Скопје, која работи на подобрување на процесите…

повеќе...

Средба Ивановски-Стриклинг : Соработка и поддршка во интернет владеењето

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес оствари средба со заменик секретарот за комуникации и информации на Министерството за трговија на САД, Лоренс Е. Стриклинг.  На средбата се разговараше за унапредувањето на меѓународната соработка и поддршка помеѓу Република Македонија и САД во интернет управувањето. Министерот Ивановски му се заблагодари на Стриклинг за поддршката за добивање на кириличниот .мкд домен, како и за престојните избори на членови во Советот на Меѓународната Телекомуниката Унија. „Имавме конструктивен разговор за тоа како Соединетите Држави и Македонија би можеле да работат заедно на…

повеќе...

Доделени дипломи за завршен веб-курс на ученици од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се реализираше проектот наменет за лица од социјално загрозени семејства. Во рамките на овој проект, ученицитена возраст од 16 до 18 години од оваа социјално ранлива категорија имаа можност бесплатно да стекаат знаења и вештини за веб програмирање, како опција повеќе при нивното идно вработување. Основната цел на курсотсо работен наслов „Learn the web“бешеоспособување на учениците самите да креираат едноставна веб – страна, како поттик при нивната определба за нивното идно образование и кариера или како потенцијален извор…

повеќе...

Утре ќе се презентира единствениот проект „Писи-педија“

Утре во просториите на Образовниот Центар „ПИСИ„ ќе биде презентиран единствениот проект:  „ПИСИ-ПЕДИЈА„ – ИНТЕРНЕТ СОФТВЕР, ГЕНЕРАТОР НА БЕСКОНЕЧЕН БРОЈ НА КОМБИНАЦИИ НА ТЕСТОВИ, ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ ОД РЕДОВНАТА УЧИЛИШНА НАСТАВА, СПОРЕД ПРОГРАМИТЕ НА Б.Р.О. на РМ и ПОШИРОКО, СО ПОСЕБЕН И ОГРОМЕН НАГЛАСОК НА Е-МАТЕМАТИКА „ПИСИ-ПЕДИЈА“, ГЕНЕРАТОР,  е плод на повеќе од  20 годишно огромно, непрекинато практично искуство на авторите на полето на: Информатиката, Програмирањето, Наставата по: математика, програмирање, физика, … Педагогија, Психологија, Работа со талентирани, Законодавството, … Мал Вовед: „ПИСИ-ПЕДИЈА“,  нуди: 1. Генерирање на е-тестови за…

повеќе...

Македонскиот кириличен домен .мкд регистриран во ICANN

Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN) го објави успешното завршување на регистрацијата на предложениот интернационален кириличен домен за Македонија (.мкд). Извршниот директор на ICANN, Фади Шехаде, му честита на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, за регистрацијата и му посака успешна промоција и афирмација на доменот во меѓународниот интернет простор. Со националниот домен (.мкд) отсега ќе можат да се регистрираат веб страници на кирилично писмо, односно ќе бидат опфатени карактеристичните букви од македонската азбука како што се Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш и Џ.…

повеќе...

Прогласени победниците на Codefest 2014 – програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше непрекинати 32 часа. Codefestсе одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“,  со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“.   130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар  беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра бизнис идеја, најдобра веб апликација, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн…

повеќе...

Опција повеќе за младите од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при…

повеќе...

Македонија на интернет со кириличен домен .мкд

Република Македонија доби свој национален кириличен домен .мкд, со кој ќе се претставува во меѓународниот интернет-простор. Избран е од граѓаните преку интернет-анкета што ја спроведе Македонската академска истражувачка мрежа МАРНЕТ, а одобрен од Интерент корпорацијата за доделување имиња и броеви (ICANN). Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска оцени дека со кириличниот домен ќе се отвори нов простор за промоција на Република Македонија. Ќе се креираат повеќе македонски содржини на кирилично писмо, фактор што го следат многу глобални институции за развој на информатичкото општество. Ќе може да се…

повеќе...