Охрид интересен за „Columbus Travel“

Холандскиот магазин „Columbus Travel“ веќе подолго време го следи Охрид. Мотото на магазинот е: „Место од каде можете да добиете инспирација за патување, создадено од и за патниците“. Покрај Охрид, овој магазин има објавено фотографии и написи за Струга, Битола, Скопје, за Охридското Езеро од македонска и од албанска страна. Охрид со својот сјај отсекогаш го привлекувал и ќе го привлекува вниманието на пошироката светска јавност, а ваквите написи се голем плус за Охрид и за Македонија. WebOhrid

повеќе...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид од денес со нова web-страна

Најновите информации за работата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, од денеска може да се најдат на новата веб локација на Библиотеката која ја има следнава адреса: www.bibliotekaohrid.mk  Тука ќе бидат поставени информации кои се однесуваат на организациската поставеност, развој, проекти, нови наслови и активности во Библиотеката. Страната е изработена во соработка со Факултетот за информатичка технологија „Св.Апостол Павле“ од Охрид во рамки на проектот „1000 идеи за подобар Охрид“, а креатор на истата е Назмије Денкоски.

повеќе...

Министерот Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Париз

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска учествуваше на 11-от состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој се одржа во Париз. На собирот се покренаа прашањата за дефинирање на програмата и стратегијата на комисијата за тековната и наредната година, со поставување на нова глобална развојна агенда. Министерот Ивановски во Париз оствари средби со истакнати претставници од светот на информациско-телекомуникациските технологии, со кои размени мислења и идеи за актуелните состојби во ИКТ сферата. Бројките на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ) покажуваат дека мобилниот широкопојасен интернет е најбрзо…

повеќе...

Основци од „Кочо Рацин“ учествуваа на Меѓународен интернет проект „Мост дружбе“ во Русија

Учениците од II-2 одделение од OУ „Кочо Рацин“, во ноември и декември 2014 година активно и успешно учествуваа на Меѓународен интернет проект „Мост Дружбе“, организиран од Центар за телекомуникации и информатички систем на образование од Рославска област Русија. Ученикот Филип Ставрески доби сертификат за индивидуално учество, додека учениците Стефанија Алачкоска, Наталија Димоска, Андреј Јованчев, Теа Николоска,Тео Николоски, Анабела Стефаноска добија диплома на тема „А у нас так говорат“, возрасна категорија од 7 до 11 години за учество како тим на мултимедиа проект, „Културен поход“, а под менторство на наставничката Виолета Петковска.

повеќе...

Имплементација на интернет платформа за тренерски дневник во национални селекции и ФФМ Академија

Фудбалската федерација на Македонија организираше еднодневна обука и едукација за имплементација на интернет платформа на водење тренерски дневник. Обуката се одржа во два дела, првиот дел беше наменет за селекторите и тренерите во националните репрезентации, како и тренерите во паралелките на академијата на ФФМ, додека вториот дел беше наменет за сите останати клубови кои се натпреваруваат во лигите на ФФМ (младински и сениорски). Почнувајќи од оваа полусезона, ФФМ ќе го користи тренерскиот дневник и апликацијата ќе им овозможи на селекторите и тренерите полесно да ги планираат и креираат своите дневни,…

повеќе...

Две години WebOhrid – Две години 100% вистина!

Веќе растеме, зрееме, живееме и мудруваме, размислуваме преку прозорецот на Вистината и еве не денес полниме рамно 2 (две) години од првото објавување на WebOhrid. 12.12 датум кога со сосема скромни сили , но со голема љубов и со посветеност упорно и неуморно го отворивме нашиот прозорец на вистината, преку кој навистина направиме медиумски триумфален влез во интернетот македонски и светски… Вие почитувани наши пријатели и веб-посетители, вие бевте и сте нашиот двигател, нашата сила која не храбри да продолжиме со исто и поцврсто темпо на патот на Вистината… Денес,…

повеќе...

Глобален самит за справување со сексуалната злоупотреба на децата на интернет

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес и утре (10./11. 12.) во Лондон, Велика Британија, ќе учествува на дводневниот глобален самит за справување со сексуалната злоупотреба на децата на интернет што се одржува под покровителство на англискиот премиер Дејвид Камерон. На самитот на кој покрај министри и преставници на ресорни министерства, учествуваат и претставници на бројни меѓународни асоцијации и институции, ќе се разговара за заканата и предизвици во борбата против сексуалната злоупотреба на децата на интернет, феномен што во последнава декада поприми сериозни глобални размери. Во неколкуте дебатни сесии…

повеќе...

Предавање на тема „Безбедно на инернет“ во ОУ „Христо Узунов“

Во рамките на Проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ во ОУ „Христо Узунов“ –Охрид, одделенскиот раководител Славица Настоска од V-3 одделение во соработка со психологот од училиштето, организираше активност – предавање од родителот Марија Гогова на тема Безбедно на интернет. Целта на ова едукативно предавање беше да се подигне свеста кај учениците за правата на децата на интернет помеѓу самите ученици и во комуникацијата со другите. Родителот кој е информатичар по професија, ги истакна придобивките од користењето на интернетот, местата каде можат да најдат интересни и корисни содржини,…

повеќе...

Користење на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединци

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2014 година, 68.3% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 3.3 процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2013 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 65.0% во 2013 година, на 67.7% во 2014 година. Речиси сите (99.1%) домаќинства со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет. Во првото тримесечје од 2014 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години,…

повеќе...

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.1% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 59.3% од деловните субјекти. 60.7% од деловните субјекти на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба, но само 10% одвработените во деловните субјекти ги користеле овие уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone).  Социјалните медиуми (пр.,…

повеќе...