Како СДС Охрид планира да ја прошири зоната на строга заштита на остатокот од Студенчишко Блато на цели 70 хектари? Дали тоа ќе се прави со експропријација на земја и како таа земја ќе се одзема од сопствениците и најважно по која цена планираат во СДС да ја платат земјава која според најавите кои ги дадоа мора да биде одземена од сопствениците? – запраша на денешната прес-конференција носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Кирил Пецаков. „ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прашува носителот на листата на СДС Константин Георгиевски и кандидатот Јован Стојаноски…
повеќе...Tag: избори
Арнаудоски: Најавениот живот изгледа значи е само големо иселување на младите
Крајно безобразно и дрско е да се бара одговорност од некој што ги направил сите позитивни процеси за подобрување на иднината на граѓаните. Еднаш конечно, од СДСМ, излезете пред јавноста и ако можете барем за миг да си го погледнете ликот во огледало, без притоа истото да посакате да го скршите, незадоволни од одразот што ќе го видите во него, обвини на денешната прес-конференција, кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски. „СДСМ, Жаклина Лазаревска, Томислав Тунтев, Јован Стојаноски, нудеа лажна перспектива за граѓаните, а особено младите и божемно привлекување…
повеќе...СДСМ Дебрца: Трајкоски да каже зошто потроши 32.000 евра, а Требеништа го остави без вода за пиење
ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски многу милува да се фали дека ”реализирал” многу проекти и тавтолошки да ги набројува и повторува, ама не кажува кој бенефит имаат граѓаните од неговите проекти и колку истите ги плати со парите на граѓаните. Ем што правеше неприоритетни проекти, туку истите ги преплати и натплати. Ама не од неговиот џеб, туку со народни пари. Во оваа прилика граѓаните ги потсетуваме за Проектот за зафаќање на дополнителни количини на вода за пиење од новиот извор во село Требеништа, во…
повеќе...СДСМ: Современо уредениот кеј е уште едно од Вашите многубројни неисполнети ветувања
Во врска со прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски, реакција испрати ОО СДСМ Охрид, во која стои: „Уште во 2015та ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека градскиот кеј ќе добие реконструкција и дека истиот ќе биде привлечно место за прошетка за охриѓани, но и на бројните гости од земјава и странство. Како што сеуште можеме да видиме градскиот кеј е сеуште со старото руво, нереконструиран и со значителни оштетувања. Откако ги излажаа граѓаните дека ќе го реконструираат охридскиот кеј сега излегоа со ново ветување дека ќе изграделе современо уреден кеј.…
повеќе...Тунтев: Планираме гасификација на Охрид
Домашниот буџет на секој охриѓанец е оптоварен со големи трошоци за електрична енергија за загревање на своите домови. Ние ќе ставиме крај на тоа бидејќи планираме гасификација на Охрид, рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев. „Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет. За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Охрид.…
повеќе...Тилевски: Градскиот Кеј ќе биде нов лик на градот, модерно шеталиште
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Изградба на Кеј“. „Нашиот долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација. Целта ќе биде забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор. Градскиот кеј како најрепрезентативно и најпосакувано место во градот, во моментов се наоѓа во лоша состојба и со сериозно нарушена статика.“– изјави Тилевски. Како што кажа Тилевски, проектот опфаќа реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, да се изврши…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДС Охрид поради поразот на изборите е загубена во простор, време и текст
Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои: „Почитувани, Дефинитивно СДС веќе докажува дека го загубила правецот и не знае каде се движи и што зборува. Класично неразбирање на содржина на текст, без никаква интелигенција што и не е за чудење. Да се реагира на веќе реализирани проекти е нелогично, апсурдно, бесмислено дури и смешно. Почитувани, За да го сфатите образованието и ефектите од образованието треба прво да се потсетите како функционираше образовниот систем пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт во Охрид. Ако…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Господине Ногачески изминативе години лично вие сте подигале дневници за патувања
Во врска со соопштението од ОО СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои: „Ногачески, човекот кој повторно тони во сопствените лаги, и сам си плете мрежа, повторно и повторно ја замајува јавноста. Доколку Господине Ногачески, зборувате и обвинувате за нешто што не е вистина како што тврдите, изминативе години додека Општина Дебрца ја водеше Трајкоски, лично Вие сте подигале дневници за патувања во земјата и доколку имавте доблест и грижа за Општина Дебрца, зошто не се откажавте од дневниците кои Вие лично ги подигавте од касата на…
повеќе...СДСМ Дебрца: Трајкоски успеа трошоците за службени патувања да ги зголеми за 25 пати!
ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски не само што на големо трошел општински пари за гозби и ручеци, туку во изминативе четири и нешто години многу милувал да патува на општинска сметка. Завршните сметки покажуваат дека во 2013 година за дневници за патувања во земјата потрошени се 122.000 денари, во 2014 година потрошени се 178.800 денари, во 2015 година потрошени се 200.400 денари, во 2016 година потрошени се 178.920 денари. За споредба, за време на претходната локална власт, во 2012 година потрошени се само 8.000…
повеќе...Тилевски: Посветено работиме на градење и поттикнување на културата како темелна вредност на Охрид
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција пред црквата Св. Софија, на која се осврна за проектите од Културата за развој на културниот туризам во Охрид. „Охрид – лулка на културните цивилазации, ризница од традиционални, историски и религиски вредности. Уникатните вредности во градот ни даваат насока и обврска за културен учинок во секоја активност која ја цениме како промотор на Охрид, почитување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела. Посветено работиме на градење и поттикнување на културата…
повеќе...