Во врска со соопштението од ОО СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои: „СДС обвинува за расипничко однесување, а колку „домаќински“ се однесуваше со општинскиот буџет самата, јавноста никогаш не е касно да дознае. Имено кога СДС зборува за трошење нека си ги погледне картиците од 2006 и 2007 година, каде имаат потрошено за гозби и ручеци неверојатни суми на средства и кога би се направила компарација помеѓу овие години и сега кога трошоците за живот се драстично зголемени во однос на 2006 и 2007, ќе се…
повеќе...Tag: избори
СДСМ Дебрца: Зошто Трајкоски на граѓаните не им каже колку пари трошел за гозби и ручеци!?
ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Ако имаше малку доблест, а ја нема, Трајкоски ќе им кажеше на граѓаните на Дебрца колку пари од Буџетот на општината трошел за гозби и ручеци. А, очигледно е дека човекот баш многу милувал да се гоштева и затоа на општинска сметка се јадело и пиело без мерка. А и зошто не? Туѓите пари најлесно се трошат. Ако државата / општината го плаќа цехот, за цената не се прашува. Од завршните сметки на општината се гледа дека во изминативе четири…
повеќе...СДСМ: Кандидатот Ногачески и носителот Крцоски во посета на секој дом во Дебрца
Кандидатот за градоначалник Зоран Ногачески и носителот на листата за Совет во Општина Дебрца Игор Крцоски, изминативе неколку дена активно го посетуваат секој дом ширум територијата на општина Дебрца, со цел да им ја презентираат програмата за развој на општина Дебрца. „Ги посетуваме секој дом, секоја куќа секое семејство во Општина Дебрца сакајќи да им ја претставиме мојата програма и програмата на мојата политичка партија – „За Живот во Дебрца“,“ – изјави Ногачески и потсети дека кампањата „Врата до врата“ е носечката активност на „Коалицијата за Живот во Македонија“ предводен…
повеќе...Пецаков: Подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање
Носителот на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Кирил Пецаков денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Трибина и соблекувални на Билјанини извори“. Како што кажа тој, со реализација на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, ќе се придонесе за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани. „Постојната трибина на фудбалскиот стадион со реконструкција ќе прерасне во современа трибина. Во рамките на трибината ќе има четири соблекувални, просторија за Атлетски клуб Охрид, и просторија на Општински фудбалски сојуз Охрид. Секогаш младите, младите, младите.…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: СДС користи службени простории за партиски состаноци
Во врска со соопштението од СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои: „Зарем уште еднаш би сакал Ногачески и СДС да има лице да зборува за вистина и уште да обвинува, а притоа самите тие да пропаднат во сопствените лаги. Па за волја на вистината и како што секогаш сме се обраќале со факти и овај пат фактот кој е контра Ногачески е неизбежен. Прво би сакале да прашаме дали Ногачески има било каква дозвола за користење на дел од Зградата во училиштето во с.Мешеишта? Дали истата…
повеќе...СДСМ Дебрца: Општинската зграда во Мешеишта е претворена во изборен штаб на Трајкоски
ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Општинската зграда во Мешеишта е претворена во изборен штаб на Трајкоски. Кој сега ги злоупотребува општинските простории за партиски цели? Четири години Трајкоски ги злоупотребува општинските простории и службените возила за партиски цели. За среќа, на 15 Октомври доаѓа крајот. По локалните избори наместо за партиски цели општинската зграда на поранешната општина Мешеишта, во село Мешеишта ќе ја ставиме во функција на граѓаните. Ќе отвориме општинска канцеларија и канцеларија на општинското комунално претпријатие, каде граѓаните ќе можат да добиваат дел…
повеќе...Ангелоска: Воведуваме нов модел на отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите
Kандидатката за советничка од СДСМ, Живка Ангелоска, денес одржа прес-конференција, на која истакна дека граѓаните имаат право да добиват навремени, евтини и квалитетни услуги. Додаде дека Локалната самоуправа е сервис на граѓаните и таа треба да биде достапна до секој граѓанин, во секое место и во секое време. Затоа како што кажа таа, ќе ја отворат Локалната самоуправа за да може секој граѓанин да ја добие потребната услуга, но на едно место. „Тоа го овозможуваме преку отворање на канцеларии на локалната самоуправа во секоја урбана и месна заедница. Напоредно со ова,…
повеќе...Тилевски: Паркот „Студенчишта“ ќе биде ново препознатливо место за Охрид
Кандидатот за градоначалник за Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Парк Студенчишта“. „Сакам да зборувам од името на охриѓани затоа што сум за здрава животна средина, паркови, зеленило. Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на охриѓани и туристите од сите возрасни групи. Со уредувањето нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот. Изградбата на…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДС е соочен со пораз на изборите и губи контрола во лагите со кои ги манипулира охриѓани
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во врска со прес-конференцијата на СДСМ, односно кандидатот за советник Мишел Силјаноски. Во реакцијата стои: „СДС е соочен со пораз на изборите и губи контрола во лагите со кои ги манипулира охриѓани. Јован Стојаноски е во паника бидејќи знае дека охриѓани нема да дозволат да бидат потценети и понижени на 15 октомври. Затоа не запира со лажните ветувања. Тој нема нити програма нити конкретни проекти како да го подобри животот на охриѓани. Нема ниту еден реален и издржан проект. Затоа го применува принципот…
повеќе...Мацеска: Граѓаните многу добро знаат дека Општина Дебрца е подеднакво услужлива кон сите
ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца денес одржа прес конференција, на која говореше носителот на советничката листа Моника Мацеска. „Паднаа маските и се покажаа вистинските лица на кандидатите за градоначалници од редовите на СДС. Најдобар пример е нашата Општина Дебрца каде што кандидатот за Градоначалник г-дин Зоран Ногачески се декларира како противник на стотина реализирани проекти во интерес на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Г-не Ногачески, дали се борите против подобрување на животот во Општина Дебрца? Дали се борите против проектите кои на нашите Дебрчани им го олеснува секојдневното живеење? Реализацијата на проектите од…
повеќе...