Синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид, во рамки на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ беше отворен мултимедијален проект со ликовни дела на македонскиот уметник Драган Спасески Охридски. Отворајќи ја изложбата, историчарот на уметност, академик Цветан Грозданов подвлече дека циклусот насловен како „Мајка и дете“ содржи 30 изненадувачки експонати создадени од уметникот Спасески. „Овие експонати изненадуваат. Има голем циклус на мајка и дете.Тоа е циклус на Христос и Богородица. Тоа е циклус на обичен човек. Во црквата „Света Богородица-Перивлепта“ го има еден од најголемите вакви циклуси во светот, дело…
повеќе...Tag: изложба
Отворена изложбата на дела од жени сликарки од Охрид
По повод Меѓународниот ден на жената 8- ми март, и оваа година во организација на Женскиот центар „Бисера“, синоќа беше отворена изложба на дела од сликарки од Охрид. Изложбата беше отворена во Центарот за култура „Григор Прличев“, а ќе трае до 13-ти август годинава. Свеченоста со своја изведба ја збогатија ученици од Средното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ од Струга и танцовата група „Соната“ Охрид. „Оваа година ја организиравме дваесет и втората изложба по ред на дела од сликарки од Охрид и одбележување 10 години меѓународна соработка со Организацијата на жени од Будва.“–…
повеќе...Утре во Охрид ќе биде отворен почесен конзулат на Унгарија
Со свечена церемонија, утре, ќе биде отворен конзулат на Унгарија, при што ќе се изврши и инаугурација на почесниот конзул на Република Унгарија во Охрид. Инаугуруцијата на почесниот конзул на Република Унгарија во Охрид ќе ја изврши државниот министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи на Република Унгарија, Иштван Иѓарто. Официјална церемонија ќе започне во 12.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Пред присутните ќе се обратат заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и Амбасадорот на Република…
повеќе...Новогодишна хуманитарна продажна изложба на украси, креации и домашни ракотворби
Црвен крст Охрид и lounge bar НОА организираат Новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата. Хуманитарната продажна изложба ќе се реализира утре во lounge bar НОА од 16:00 часот. Средствата собрани од продажната изложба ќе бидат наменети за набавка на новогодишни подароци и пакетчиња за деца без родители, деца од самохрани родители, деца од социјално загрозените семејства и деца во згрижувачки…
повеќе...Вечерва ќе биде отворена изложбата Големата „ТРОЈКА“ за мигот и вечноста
Вечерва во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата Големата „ТРОЈКА“ за мигот. Владимир Темков, Драган Најденовски и Владимир Симоновски, низ својата заедничка изложба го оживуваат сонот на секој оној кој има храброст да погледне во својата душа, да живее во мигот кој значи живот, да сонува и да создава трајни и непроценливи вредности. И овојпат, бројот три е симбол на успехот, резултат на долгогодишната работа и искуство, симбиоза на емотивноста, проткаена со моќта на ликовниот израз и големината на вечното пријателство на петте…
повеќе...Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт
На 12 декември (понеделник) во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица со почеток во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата за проектот „Млади уметници“ од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и стручната комисија. Овој проект трета година по ред се имплементира од страна на Агенцијата за млади и спорт. Имено, во рамки на конкурсот пристигнаа 66 дела, а наградени се следните : – Тамара Антевска (СЛИКАРСТВО), – Симона Спирковска (СКУЛПТУРА), – Неслихан Сулејман (ГРАФИКА), – Јасмина Трпевска (ФОТОГРАФИЈА), – Драганчо Божинов (ГРАФИЧКИ…
повеќе...Изложба на српски уметници во МАНУ
Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите беше отворена изложба насловена „Европски контексти“ со дела на четворица српски уметници – Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Милан Коњовиќ и Богдан Шупут. На изложбата, покрај многубројните гости и љубители на уметноста присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и заменик-министерот за култура Драган Надељковиќ. Изложбата е замислена како можен поглед на некои од идеите кои биле негувани во сликарството во првата половина на 20 век – идеи поттикнати во Европа, но докрај спроведени и обликувани со локален, домашен, српски пристап. МАНУ…
повеќе...Ликовна изложба „Огледало“ на Охридско лето
Македонскиот ликовен уметник Гордана Тодевска, вечерва од 20:00 часот ќе ја претстави нејзината изложба „Огледало“ во рамките на „Охридско лето“. Изложбата ќе биде поставена во Центарот за култура „Григор Прличев“. Со овај ликовен проект е изграден хоризонт, каде спојот на театарот, скулптурата, цртежот, дигиталната фотографија и текстот се обид, гледачите да допрат до нечиј друг свет, да обединат или да разделат два света или да стигнат до интерсликовноста на сопствената душа, полна со противречности. Во еден меѓупростор се раѓаат наративни сцени, во кои сенките и нивните тела преку тишината раскажуваат…
повеќе...Вечерва ќе биде отворена ликовна изложба „Мандала“ од Соња Чингарова Фотева
Во Големата изложбена сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20 часот ќе биде отворена тематската изложба „Мандала“ со дела на нашата уметничка Соња Чингарова – Фотева. Фотева е автор е на повеќе самостојни изложби од 1993 година па сè до денес во Македонија и надвор од неа. Фокус на нејзиниот интерес и проучување се различните културни наследства и филозофии кои ги преточува во своите сликарски дела. Кога станува збор за нејзината вечерашна изложба, „Мандала“ е слика на круг и квадрат, динамичка претстава на односот помеѓу трансцедентното, вечното, божественото,…
повеќе...Отворена изложбата „Кокино тврдина на сонцето“
Кумановската јавност имаше можност да разгледа приближно 150 експонати пронајдени на локалитетот Кокино изложени во витрините во Уметничката галерија на изложбата, насловена „Кокино тврдина на сонцето” што ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа –Милевска. Публиката имаше можност да разгледа керамички садови, камени алатки, примероци од најстарите откриени калапи за леење бронза, култни фигуринки и раритени метални предмети. Изложбата, рече на отварањето министерката, претставува своевидна археолошка панорама на дел од нашето богато минато и на креативниот континуитет на предците од далечните столетија на нашата историја. „Оваа изложба е дел од…
повеќе...