Отворена изложба на Жарко Башески во Чифте Амам и означен стартот на 37-то издание на „Скопско лето 2016“

Во прекрасниот амбиент на Чифте Амамот, синоќа во присуство на голем број посетители и вљубеници на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Обичен човек“ на авторот Жарко Башески, во рамките на 37-то издание на културната манифестација „Скопско лето 2016“. На отворањето на изложбата пред присутните се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која истакна дека делата на Жарко Башески е автор со исклучително творештво, со голема креативна моќ, автор кој ги надмина границите на нашиот културен простор и со својата уметност направи значителен интернационален пробив во последната деценија. „Навлегувајќи во аспектите…

повеќе...

Изложба за Мајка Тереза во септември во Рим по повод нејзината канонизација

Изложба на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на големата хуманистка Мајка Тереза, ќе се одржи во септември во Рим, а ќе ја реализираат Министерството за култура и НУ Спомен куќа на Мајка Тереза. „Низ повеќе од 70 експонати подредени во неколку тематски целини ќе биде прикажано Старо Скопје, детството и младоста на Мајка Тереза поминати во родниот град, преминот од Гонџа во сестра Тереза, мисионерската работа,позначајните награди, нејзината смрт и беатификацијата. Во рамки на изложбата ќе биде прикажан и документарниот филм „Тереза и јас“ во режија на…

повеќе...

Зголемен бројот на ликовни изложби, колонии и нивни учесници и посетители

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, бројот на организираните ликовни изложби изнесува 595 и во споредба со 2014 година е зголемен за 5.3%. Во истиот период, за 3.7% е зголемен бројот на ликовните уметници-учесници на изложбите, а за 2.3% е зголемен бројот на посетителите на ликовните изложби. Во 2015 година се организирани 26 ликовни колонии, а бројот на учесниците, во споредба со 2014 година, е зголемен за 12%.

повеќе...

Отворена изложба со дела од академик Глигор Чемерски

Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, синоќа во преполниот салон на галеријата на Српската академија на науките и уметностите во Белград, Република Србија се обрати на отворањето на изложбата со дела од творештвото на еден од најзначајните современи македонски уметници, академик Глигор Чемерски, насловена „Настани и знаци на земјата македонска“. Во присуство на голем број гости од општествениот и културниот живот на Република Србија, меѓу кои и српскиот министер за култура Иван Тасовац, академици од Српската и од Македонската академија на науките и уметностите, амбасадорката на Република Македонија во оваа земја…

повеќе...

Отворена изложба на унгарски уметници во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија , Јозеф Бенце, денеска во ЦК „Григор Прличев “, свечено ја отворија изложбата на ликовни уметници Роми од Унгарија. Бројните љубители на ликовната уметност ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој укажа на важноста од организирањето на вакви настани кои се во насока на зајакнување на пријателските односи помеѓу двете земји, Македонија и Унгарија. „Ми причинува особена чест и задоволство што денеска сум меѓу Вас, на отворањето на ликовната изложба на доајените на ромската ликовна уметност од Унгарија, која…

повеќе...

Во понеделник ќе биде отворена изложба на сликари Роми од Унгарија

Во организација на Општина Охрид и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, на 9ти мај(понеделник), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 14 часот, свечено ќе биде отворена изложба на ликовни уметници Роми од Унгарија. На изложбата ќе бидат поставени 28 слики од 19 ликовни уметници, а на отворањето се очекува да говорат унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јозеф Бенце, Градоначалникот Никола Бакрачески, министерот Неждет Мустафа и директорот на Центарот за култура Горан Стојаноски.

повеќе...

Изложба „Соочување со минатото – граѓанска храброст во тешки времиња“ во САД

Изложбата „Соочување со минатото – граѓанска храброст во тешки времиња“ на 6 мај ќе биде отворена во Вашингтон, а на 12 мај во Њујорк, САД. Публиката ќе има можност да види 34 фотографии и автентични материјали од времето на Втората светска војна. Изложбата е по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Ова на денешната прес-конференција го соопшти државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби. „Изложбата има цел да ги претстави позитивните модели на соработка меѓу различните заедници, историските вредности, традициите и храброста…

повеќе...

Изложба на фотографии и изданија по повод 71 година од Црвен крст Македонија и Охрид

На 17 март 1945 година е формиран Црвениот крст на Македонија, а веднаш потоа, меѓу првите околиски (општински) организации, на 26 март 1945 година е формирана организацијата на Црвен крст Охрид. 71 година илјадници имени и безимени хуманисти, волонтери, членови и активисти, вработени во Црвен крст Охрид, поддржувачи, помагачи, донатори, секој на свој начин, oставале и секојдневно оставаат неизбришлива трага, печат, белег во делувањето, развојот и растежот на оваа организација. Во нивна чест, а во рамки на одбележувањето на 26 март, роденденот на општинската организација, Црвен крст Охрид, денес во…

повеќе...

Отворена изложбата „Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Првата светска војна“

„Министерството за одбрана на Република Македонија особено внимание му посветува на минатото на нашата земја и на односите кои низ годините зад нас ги градиме со нашите партнери и пријатели. Стратешкото партнерство и искреното пријателство на Република Македонија со Соединетите Американски Држави не се од понов датум, туку има многу настани кои се сведоци за истото.“ истакна Министерот за одбрана на Република Македонија за време на отворањето на изложбата на фотографии од Марл Ле Вој снимени на територијата на Македонија во периодот на 1917 и 1918 година на тема „Американскиот…

повеќе...

Отворена продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии

Продажна изложба на дел од проектите од областа на креативните индустрии кои беа финансиски поддржани од Министерството за култура во 2015 година е отворена денеска во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. Изложени се парчиња накит, облека, мебел и други дизајнерски производи со практична и применлива вредност, создадени од 17 млади креативни практичари. Продажната еднодневна изложба ќе биде отворена до 20 часот. На отворањето на продажната изложба присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. „Министерството за култура веќе четири години поддржува млади уметници,…

повеќе...