Отворена Археолошката изложба 2015

Во Археолошкиот музеј на Македонија беше отворена годишната археолошка изложба на која на крајот на секоја година пред јавноста се изложуваат најзначајните артефакти кои се пронајдени при истражувањата на локалитетите. На деветтата по ред археолошка изложба од околу 20.000 наоди откриени годинава, изложени се околу 700 најзначајни. Презентирани се монети, оружја, алатки, керамика, накит… кои сведочат за илјадници години стара цивилизација на територијата на Република Македонија. Археолошките истражувања, кои се дел од капиталните проекти на Владата на РМ, годинава се одвиваа во 22 општини и на 60 локалитети низ Македонија.…

повеќе...

Ретроспективна изложба на Крунислав Стојановски

Во петок, на 18 декември, со почеток во 20 часот, во Музејот на град Скопје, македонскиот академски сликар Крунислав Стојановски, кој речиси 30 години живее и работи во Загреб, ќе ја отвори својата прва ретроспективна изложба насловена како „Циклуси“. Со оваа постановка тој одбележува 20 години творечка работа. Авторот за првпат во својот роден град се претставува со најголемиот број дела од неговиот целокупен минат труд. На изложбата ќе бидат претставени слики поделени во осум творечки циклуси. На изложбата во Скопје, ќе бидат прикажани голем дел од 400те слики, кои…

повеќе...

На 19-ти декември ќе се одржи третото издание на „Природба“

На 19-ти декември (сабота) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи третото издание на „Природба“, на која ќе бидат изложени производи од македонски уметници и дизајнери. Сите производи воедно ќе бидат и со продажен карактер. Изложбата ќе се одржи во кафе галерија Concept 37. „Природба“ соединува уметници со различен карактер, инспирирани и потикнати од природата. Во најголем дел и експонатите се изработени од природни или рециклирани материјали. Учесници во „Природба“ се: Марта Мојсова со Spin, Илина Арсова, Глигор Кузмановски, Мелина Танчева Цветаноска и Мики Цветаноски со Текаше Doppio M Ruki Chuki, Рафаиловска Марија со Knitten Designs Канео…

повеќе...

Отворена изложбата „Конференција во Сан Франциско (25 Април – 26 Јуни 1945) – Република Словачка во Обединетите нации“

По повод 70 годишнината од основањето на Обединетите нации, денес во ЕУ инфо центарот во Скопје беше отворена изложбата „Конференција во Сан Франциско (25 Април – 26 Јуни 1945) – Република Словачка во Обединетите нации“, во организација на Амбасадата на Република Словачка. Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на покана на амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Н.Е. Мартин Безак се обрати и ја отвори изложбата. Министерот Јолевски во своето обраќање пред присутните гости истакна дека 1945 година во Сан Франциско се удрија темелите на организацијата на…

повеќе...

Изложба на млади научници во Народната канцеларија во Скопје

По повод Светскиот ден на науката, во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, денеска се одржа петтата по ред изложба на иноваторски проекти и експонати на млади научници, под мотото „Квалитетно образование – наука за одржлива иднина за сите”. Претседателот Иванов ја посети изложбата и изрази задоволство што овој настан прераснува во традиционален и што се повеќе млади луѓе се мотивирани и посветени на науката и иноваторството. „Ме радува што секоја година имаме се повеќе иновации. Задоволство е кога гледаме дека младите се повеќе се бават со применета наука,…

повеќе...

Најавена изложбата на млади уметници

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција по повод претстојната изложба на делата од младите уметници. Станува збор за Проект кој Агенцијата за млади и спорт кој се реализира по втор пат во насока на поддршка на младите талентирани уметници. Проектот има за цел поттикнување на младите луѓе да ги покажат своите дела пред јавноста, но и да ги мотивира и понатаму да творат и да го развиваат својот талент. Согласно критериумите на конкурсот пристигнатите дела се од 5 различни дисциплини: сликарство, скулптура, графика, графички…

повеќе...

Донаторска изложба „60 дела мал формат“ од Трајан Ристески

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид во сабота (7-ми ноември) ќе биде отворена донаторска изложба „60 дела мал формат“ од охридскиот автор Трајан Ристески. Изложбата ќе биде отворена со почеток во 19 часот.

повеќе...

Отворена изложбата „10 столбови на Археолошкиот музеј“

Во чест на одбележувањето на првата годишнина од отворањето на Археолошкиот музеј на Македонија, синоќа во рамките на манифестацијата „Недела на археологијата“ беше отворена изложбата „10 столбови на Археолошкиот музеј“ која претставува пресек на десетте најзначајни истражувачки проекти на музејот реализирани во текот на овие 90 години од постоењето на установата. Заменик-министерот за култура Драган Неделковиќ на отворањето на изложбата посочи дека во повеќедецениската научно-истражувачка дејност оваа институција која честопати ја менувала локација, минатата година со поддршката на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, го доби својот нов…

повеќе...

Утре ќе биде отворена изложбата „Масла, скулптури и цртежи“ од Томе Бундовски

Во галеријата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе биде отворена изложбата „Масла, скулптури и цртежи“ од авторот Томе Бундовски од Скопје. Изложбата ќе биде отворена утре со почеток во 19 часот.

повеќе...

Концерти, изложби, фолклорни настапи низ цела Македонија

Богати програмски содржини следуваат во текот на неделава во општините низ земјава … Во општина Свети Николе во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ на 26 август, среда, на летната сцена со почеток во 20 часот и 30 минути ќе се одржи шоуто за деца насловено „Ѕвездичките повторно блескаат“. Наредниот ден, четврток, ќе се реализираат два настана. Имено, во салонот на Библиотеката во градот со почеток во 13 часот сите љубители на ликовната уметност ќе можат да присуствуваат на ликовната изложба „Лесново“, а вечерта, пак, на платото пред Железната порта,…

повеќе...