Уметникот Крунислав Стојановски ќе ги изложи своите „Циклуси“ пред охриѓани

„Циклуси“ e насловот на изложбата од Крунислав Стојановски што ќе биде отворена вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Делата на Стојановски ќе бидат изложени во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19 часот. Оваа ликовна поставка технички се однесува на седумте сликарски циклуси кои уметникот ги слика во текот на последните дваесет години. Асоцијативно, насловот се поврзува со животот на секој поединец, а не само на уметникот. Животот сам, за секого од нас, носи циклуси кои можат да бидат прекинати, продолжени, распарани, ритмични, кратки, долги… впрочем секакви,…

повеќе...

Војнеска: Во светот се фрла огромно количество храна, а може да се искористи многу покорисно

Фестивалот „Охридско лето“ синоќа ја организира втората самостојна изложба на охриѓанката Ленче Војнеска, на која беа поместени 26 некласични мозаици изработени од природни материјали. Според авторката, природните материјали и храната кои многу често се фрлаат како одвишок можат да се искористат во уметнички цели и дела кои остануваат трајни сведоштва. Во зависност од самата инспирација и темата на сликите, вели Војнеска, времето на изработка на едно вакво дело е неограничено. „Може да биде потребна една седмица, но изработката може да трае и шест месеци.Техниката е органска хемија со природни материјали…

повеќе...

Изложбата „Некласични мозаици“ вечерва на „Охридско лето“

„Некласични мозаици“ е насловот на изложбата на Ленче Војнеска што ќе биде отворена вечерва во 19 часот на малиот плоштад во Охрид, во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Со квалификации на дипломиран инженер-технолог, од мали нозе понесена од љубовта кон уметноста, охрабрена и мотивирана од добиените награди во текот на своето школување, посебно од добиената благодарница од страна на Комитетот на хелсиншкиот парламент на граѓаните на Македонија и со голем интерес за органската хемија и технологија и нивната меѓусебна поврзаност, успева да ги обедини својот талент и својата професија, изработувајќи…

повеќе...

„Дизајнерска игра со традицијата” на Стојоски – спој на сегашноста и минатото

Под наслов: „Дизајнерска игра со традицијата” синоќа во рамките на Охридско лето во изложбениот салон при Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид беше отворена изложбата на дизајнерски парчиња на мебел на младиот дизајнер Кирче Стојоски од Охрид. Публиката имаше можност да погледне продукт дизајн и дизајн на мебел кој едновремено е традиционален и иновативен благодарејќи на користењето на традиционалните техники (занаети) или форми инспирирани од традицијата со идентификација на македонската култура во современ контекст. Стојоски објаснува дека креирањето на вакви продукти можеби повторно ќе го поттикне изучувањето на традиционалните…

повеќе...

Изложба под наслов: „Дизајнерска игра со традицијата” вечерва ќе биде отворена на „Охридско лето“

Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ денеска во 20 часот во изложбениот салон при Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид, публиката ќе има можност да ја погледне изложбата на дизајнерски парчиња на мебел на младиот дизајнер Кирче Стојоски од Охрид. Изложбата носи наслов: „Дизајнерска игра со традицијата” со цел да претстави продукт дизајн и дизајн на мебел кој едновремено ќе биде традиционален и иновативен благодарејќи на користењето на традиционалните техники ( занаети) или форми инспирирани од традицијата со идентификација на македонската култура во современ контекст. Креирањето на вакви продукти…

повеќе...

Утревечер 27-мо издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Дваесет и седмото издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, кое е поддржано од општина Охрид, ќе се одржи утре 14-ти август  и 15 август, најави на денешната прес конференција, нејзиниот основач, познатиот поет Славе Ѓорѓо Димоски. Со ова издание, како што рече Димоски, таа се доближува до крајот на третата деценија од постоењето со што ја потврдува оправданоста на ваков вид манифестации: поетскиот збор да се доближи до пределите од кои произлегол,односно до народната поезија која сеуште е жива по селата. „Нејзината специфичност не е само во просторот на…

повеќе...

Уметничката Илина Арсова ги оживеа мртвите материјали

Давајќи им креативна димензија на веќе изумрените материјали, уметникот Илина Арсова преку нејзината излоѓба синоќа на „Охридско лето“ ја пренесе глобална порака за подигнување на еколошката свест кај народот- спас на планетата Земја и зачувување на природното и културно наследство на Охрид. Авторката Арсова низ низа колажи и слики уште еднаш го покажа својот емотивен спој на природата и уметноста. Нејзините колажи се создавани во текот последните две години од разни отпадни материјали кои најчесто ги преплавуваат нашите подруми и тавани. Таа буквално го претвора целиот свој личен отпад во…

повеќе...

Уметникот Арсова им дава креативна димензија на веќе изумрените материјали

Колажна приказна е ново ликовно излагање од авторката Илина Арсова која низ низа колажи и слики уште еднаш го покажува својот емотивен спој на природата и уметноста. Колажите се создавани во последните две години од разни отпадни материјали кои најчесто ги преплавуваат нашите подруми и тавани. Таа буквално го претвора целиот свој личен отпад во слика, користејќи го постоечките бои и текстури на текстил, пластика и хартија врз која дава свој потпис преку интервенција со боја и цртеж. Десет години по дипломирање на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, авторката…

повеќе...

Коњановски: Фотографиите на Рудиќ будат асоцијации на совршенство, спокој и убав сон

Еден од доајените на македонската фотографија и еден од најпознатите современи уметници во Македонија, Боро Рудиќ синоќа претстави дел од своите фотографии преку изложбата „Настанување –исчезнување“ што беше отворена во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Отворајќи ја изложбата, претседателот на Фото-клубот „Охрид“ Лазар Коњановски рече дека авторот преку оваа негова последна изложба доловува дел од пејсажите кои човек никогаш не би ги доживеал освен на оваа изложба, и тоа, преку посебен агол и со посебна светлина. „Ако се занимавате со фотографија веднаш ќе препознаете неколку факти. Колку знаење од фотографска…

повеќе...

Концерт и изложба на дела од работилницата за ready made во Струга

Културниот центар „Кула“, го затвора фестивалот Дрим он, со концерт и изложба на дела од одпад од работилницата за ready made. Работилницата се одржа во Струга, во рамки на фестивалот Дрим Он од 22-26 јули. Концертот кој ќе се одржи на 26 јули со почеток во 21.00 часот ќе биде производ на соработката помеѓу културниот центар Кула и фестивалот за процесирање култура Дрим он. Учесниците на оваа работилница имаа прилика да се запознаат со основите на концептот ready-made и да творат во духот на неговите поимања. Предметите кои се изработија…

повеќе...