Во врска со прес-конференцијата на Сојузот за иднината, на која кандидатот за советник Јоне Станковски го запраша кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дали во 2006 година бил член на СДСМ, а Бранко Црвенковски негов лидер, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. „Бакрачески никогаш не бил во СДСМ и Бранко Црвенковски никогаш не му бил лидер ниту ќе му биде. Бакрачески е дел од ВМРО-ДПМНЕ и дел од тимот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Му порачуваме на Јоне Станковски да види во кој дрес е сега, а…
повеќе...Tag: кампања
Сојуз за иднината: Еднаш обвинувате за превработеност, а другиот пат се однесувате како спасител од кој никој не бара помош
Во врска со денешната прес-конференција на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со реакција излезе Сојузот за иднината во која стои: „Почитуван кандидат за градоначалник, пред што и да изјавите од центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ, проверете дали вашиот прес кореспондира со други пресови кои ги даваат од вашиот изборен штаб. Еднаш обвинувате за преголема вработеност во Јавните претпријатија и Локалната самоуправа, а другиот пат се однесувате како спасител од кој никој реално не бара помош. Вработените во Локалната самоуправа знаат за односот на Петрески кон нив,…
повеќе...Шокаровски: Господине Петрески, Општината Охрид ја направивте една од најзадолжените во РМ
„Согледувајќи ги изминативе 8 години на власт на Александар Петрески и СДСМ во Охрид слободно можеме да кажеме дека тоа е време на лаги и измами и бесмислени манипулативни ветувања. Од денешен аспект, можеме да потврдиме дека од сите дадени ветувања на Александар Петрески и СДСМ ниту едно не е реализирано“. – обвини на денешната прес конфернеција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Харалампие Шокаровски. Како што истакна Харалампие Шокаровски, Петрески и неговите следбеници, со истите фрази, со истите реченици со кои ги лажеле своите сограѓани пред 8 и пред 4…
повеќе...Петрески: Еве кое е грдото, а кое убавото лице на Охрид
„Често ме прашуваат кое е грдото лице на Охрид. Еве, бидејќи ме прашуваат, ќе им одговорам. Еве го грдото лице на Охрид. Ова е фотографија од детската болница, каде што требаше да има „Хилтон“ хотел. Овие се делата на Владата на ВМРО–ДПМНЕ и на Република Македонија за Охрид“. – вака ја започна денешната прес-конференција актуелниот и кандидат за иден градоначалник, Александар Петрески. Како што истакна Петрески, во грдото лице на Охрид спаѓаат и објектот на дописниот центар на Македонската Радио Телевизија во Охрид, автокамповите, но и патиштата кон Охрид. „Бидејќи ќе носеле овде…
повеќе...Станковски: Кандидатите од листата за советници на ДПМНЕ да кажат од кога се членови на таа партија
„ДПМНЕ за оваа локална кампања, за овие локални избори го избраа најнесреќниот и најироничниот слоган. Им порачуваат на граѓаните да изберат дела, сакав јавно да ги запрашам кои дела ги направија за Охрид, па и за граѓаните, да можат да ги изберат?“ – рече на денешната прес конференција кандидатот за советник, Јоне Станковски. Станковски се осврна на она што го ветиле од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период за изградба во спортската инфраструктура. „Ветија фудбалски игралишта во Косел, Лакочереј и Лескоец, но се уште чекаме на нив. Ветија изградба на спортски сали во…
повеќе...Бакрачески: Локалната самоуправа мора да биде симбол на квалитет, чесност, принципиелност и законитост
Кандидатот за градоначалник од коалицијата За подобра Македонија, д-р Никола Бакрачески на денешната прес-конференција разјасни некои тенденциозни конструкции, измислици и невистини кои како што рече се пласирале меѓу вработените во општинската администрација и вработените во јавните претпријатија како една од стратегиите за заплашување планирана од градоначалникот во заминување. „Имено кај вработените во локалната и во јавните претпријатија се пласира тенденциозна невистина дека со доаѓањето на Бакрачески Никола и ВМРО-ДПМНЕ во локалната самоуправа и во јавните претпријатија кои произлегуваат од нејзе ќе почнеле масовни отпуштања од работа на вработените. Бакрачески Никола…
повеќе...Сојуз за иднината: Николоски на прв ден од Велигденскиот пост, бесрамно навредуваше и клеветеше
Сојузот за иднината реагира на прес-конференцијата на пратеникот и член на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, за што најавуваат тужба за клевета против него, за како што велат, изнесените лаги и невистини. „Пратеникот кој се истакнува како голем демохристијанин на прв ден од Велигденскиот пост, бесрамно навредуваше и клеветеше. На денешната прес коференција од страна на пратеникот Александар Николоски, беа изнесени голем број невистини, за што на истиот ќе му биде поднесена тужба за клевета. Работите што ги кажа се неточни, а во најмала рака контрадикторни. Покажуваше авионска карта од Франкфурт, а…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот ум секогаш размислува дека се околу него е криминал
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во врска со денешниот прес на Сојузот за иднината, односно на изјавата на актуелниот и кандидат за градоначалник Александар Петрески, испратија реакција до медиумите во која што се вели: „Криминалниот ум секогаш размислува дека се околу него е криминал. Петрески Александар човекот кој за 8 години не остави ниту едно дело во Охрид, пред заминувањето од функцијата Градоначалник, се обидува да ги критикува оние кои создале историски дел за Охрид. Петрески Александар зборува за некаков банкрот, а тој самиот е човекот кој го уништи Охрид, ги…
повеќе...Сојуз за иднината: Вашиот кандидат за градоначалник ќе ја доживее истата судбина како и неговите претходници
Во врска со прес–конференцијата на кандидатот за градоначалник д-р Бакрачески, со реакција излезе Сојузот за иднината, во која се вели: „Кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески заедно со кандидатите за советници денес се обидоа уште еднаш да протнат уште една лага и невистина пред граѓаните. Денес тие се обидоа да ветуваат некаква подобра патна инфраструктура. Да го потсетиме кандидатот за градоначалник Бакрачески дека неговата партија и неговиот претседател Никола Груевски уште во 2006 година бомбастично ја најавија изградбата на автопат од Гостивар до Охрид со крак до граничниот премин Ќафасан и…
повеќе...Николоски: Александар Петрески е најголемото зло што му се случува на Охрид
Пратеникот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денешната прва негова прес-конференција во оваа изборна кампања ја посвети на манипулациите со вработените и состојбата на јавните претпријатија. „Александар Петрески е најголемото зло што му се случува на Охрид. Осум години вработените во јавните претпријатија не земаат редовна плата, не им се исплаќаат придонеси, а претпријатијата тонат во долгови. Дали е чесно, прашуваме, луѓето да одат на работа, а да не земат плата, да неможат да ги планираат своите приходи и расходи, вложувања и кредити, да неможат да ги пуштат децата на…
повеќе...