Македонските каратисти ќе учат од најдобрите

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денес беше домаќин на јапонска делегација предводена од вториот секретар на Амбасадата на Јапонија во Виена, Тцујоши Кавахара и двајца врвни експерти во каратето. Посетата на нашата држава е резултат на одличната соработка на карате федерацијата на Македонија со претставници и вистински репрезенти на овој спорт на Јапонија. Амбасадата на Јапонија во Виена (која ја покрива и Македонија) ќе организира демонстрација и тренинг за карате на 3 и 4 ноември 2015 во Скопје, со двајца врвни мајстори од Јапонија, Масааки Јокомичи…

повеќе...

Дејан Недев на прием во Агенцијата за млади и спорт

Новиот светски шампион во карате, Дејан Недев и претседателот на македонската традиционална карате федерација Венцислав Недев остварија средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески. Неговото остварување е вистински мотив за младите во Македонија за занимавање со овој спорт. Агенцијата за млади и спорт ја продолжува поддршката која ја има кон Македонската традиционална карате федерација. „Покрај обезбедувањето на средства за стручниот семинар во Берлин, на кој Дејан Недев зема учество неодамна, а за кој Агенцијата обезбеди 200.000 денари, обезбедени се и десет стипендии „спортска надеж“ за најталентираните млади…

повеќе...

Прием за членовите на македонската карате репрезентација

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на македонската карате репрезентација, Мартин Несторовски и Емил Павлов кои учествуваа на неодамнешните први Европски олимписки игри одржани во Баку, Азербејџан. Повод за приемот на делегацијата на Карате федерацијата на Македонија е остварениот успех на македонските репрезентативци кои освоија два бронзени медали на игрите каде што спортистите се натпреваруваа во вкупно 20 спорта и 18 различни дисциплини. Македонскиот карате репрезентативец Мартин Несторовски го освои бронзениот медал во дисциплината „кумите” +84 килограми, додека Емил Павлов го освои бронзениот медал во…

повеќе...

Почина Димче Кичевски легендата и доајенот на македонското карате

Денес, по долго боледување, почина легендарниот каратист и тренер во овој спорт. Кичевски цели 48 години беше дел од овој спорт. Двократен првак на СФР Југославија, во 1980 година станува и балкански првак, а неколку месеци подоцна го освојува и бронзениот медал на ЕП во Австрија. Тој е првиот селектор на карате репрезентцаијата на Македонија, а неколку години беше и прв човек на Карате сојузот на Македонија. Кичевски исто така е добитник на повеќе награди, меѓу кои и „13 Ноември“ на Град Скопје.Последните години од животот ги помина во кик…

повеќе...

Прием во АМС на македонскиот каратист Пеце Наумовски

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги прими македонскиот каратист Пеце Наумовски од Австралија и пратеникот за Австралија и Нов Зеланд, г-дин Васко Наумовски. На приемот во Агенцијата за млади и спорт, младиот македонски каратист го запозна директорот за постигнатите успеси како шампион во карате за Австралија во борби до 67кг. Спасески му честиташе на Наумовски за досегашниот успех и му посака уште многу спортски резултати. Дополнително ја искажа неговата сатисфакција за правецот во кој се движи македонското карате во Австралија, потенцирајќи дека Агенцијата за млади…

повеќе...

Доделени наградите на најдобрите спортисти од ЕИ Баку 2015

Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, на денешната свеченост, која се одржа во МОК, по повод освојувањето на бронзениот медал на ЕИ БАКУ 2015, на Емил Павлов и Мартин Несторовски им ги додели наградите во износ од 1500.oo евра, обезбедени од страна на Европските олимписки комитети. На двајцата каратисти и на нивниот селектор Петар Белистојановски од страна на МОК, им беа доделени и слики со нивна акција од борбите во кои тие го освоија бронзениот медал. По тој повод Емил Павлов и Мартин Несторовски изјавија голема благодарност до МОК, надевајќи се…

повеќе...

Македонските каратисти се враќаат со две бронзи од Европските игри

На Европските игри што се одржуваат во Баку, Азербејџан, Емил Павлов и Мартин Несторовски остварија огромен успех со освојување на бронзените медали. Емил Павлов во категоријата -60 кг., во првото коло се бореше со Евгениј Плахутин од Русија и мечот го заврши со резултат 0:0. Во второто коло го победи Французинот Софијан Агуџил со 2:1 а во третото коло против натпреварувачот од Србија Марко Антиќ резултатот заврши нерешено. Во полуфиналето Емил водеше до последната секунда со 4:2, но сепак изгуби на казнени поени и дисквалификација од натпреварувачот на Азејберџан, Фирдовси…

повеќе...

Прием на младите македонски каратисти во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска оствари средба со членовите на македонската карате репрезентација за деца од 11-14 години, кои остварија одлични резултати и освоија 22 медали на неодамна одржаното Балканско првенство во Херцег Нови, Црна Гора. „Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, за што говорат и резултатите. Имено, во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вице-шампиони во повеќе категории и во машка и женска конкуренција, со што карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава. Тоа се…

повеќе...

Македонската карате репрезентација ќе учествува на јубилејното 50-то Европско првенство

Од 19 – 22 март 2015 година, во Истанбул, Турција ќе се одржи 50-то јубилејно Европско првенство во карате. Најавено е учество на 433 каратисти од 47 земји учеснички, што е најголем број досега. Интересот е огромен поради фактот што ова натпреварување претставува квалификација за првите олимписки европски игри кои ќе се одржат во Баку-Азербејџан во Јуни годинава. Составот на Македонската карате репрезентација е следен: Борби: 1. Емил Павлов – 60 кг. 2. Дејан Црничиќ – 67 кг. 3. Иво Цветковски – 75 кг. 4. Симон Антиќ – 84 кг.…

повеќе...

Успешен настап на македонските каратисти на Европското првенство за кадети и јуниори

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска ги прими македонските каратисти кои имаа успешен настап на Европското првенство (ЕП) за кадети, јуниори и постари јуниори (до 21 година), што викендот се одржа во Цирих, Швајцарија. „Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а тоа се докажа и на последното европско првенство. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја. По големите успеси на македонското карате, кое во изминатите неколку години и ги донесоа Наташа Илиевска,…

повеќе...