Тилевски: Градскиот Кеј ќе биде нов лик на градот, модерно шеталиште

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Изградба на Кеј“. „Нашиот долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација. Целта ќе биде забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор. Градскиот кеј како најрепрезентативно и најпосакувано место во градот, во моментов се наоѓа во лоша состојба и со сериозно нарушена статика.“– изјави Тилевски. Како што кажа Тилевски, проектот опфаќа реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, да се изврши…

повеќе...

Расчистување на крајбрежјето

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец” од раните утрински часови се ангажирани на расчистување на крајбрежјето во центарот на градот кај хотелот Палас. Активирана е комбинирана машина за отстранување на големи наноси на песок и муљ од кејот.

повеќе...

Езерото празно, чека зголемување на водотеците

Охридското Езеро од ден на ден е се повеќе и повеќе празно. Искористувањето на водата за потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим го намали водостојот повеќе од вообичаено. Топењето на снегот од околните планини, евентуални нови врнежи од снег или дожд ќе бидат можност за да се зголемат водотеците и да се покачи нивото на вода во Езерото. Во секој случај, оваа година сигурно нема да се повтори сликата од годините кога Езерото беше преполно. А, дали се претера со празнењето, останува времето да покаже! WebOhrid

повеќе...

Охридскиот кеј се чисти по невремето

Изминативе неколку дена екипите на ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности на собирање лисја беа ангажирани на расчистување на кејот од наноси на трска, реси и отпад кои беа донесени со силниот ветар од јужен правец, информираат од претпријатието. „Беа собрани и подигнати околу 15м/3 од истите. Во наредните денови ке се продолжи со истото темпо во раните утрински часови, со цел да се одржува чистотата на градскиот кеј и пристаништето.“– додаваат оттаму.

повеќе...

Се чисти трската кај Мазија

ЈП „Охридски Комуналец” по договор со „Хидробиолошкиот завод“ – Охрид го чисти делот кај трската на Мазија пред хотел „Милениум” каде што е засаден локвањот. „Ангажирани беа 2ца работници кои од крајбрежниот појас со вили и гребла го отстрануваа пластичниот отпад, а од длабинскиот дел отпадот се отстрануваше со помош на кајче.“– велат од препријатието. Додаваат дека била отстранета поголема количина на пластичен и комунален отпад, а во наредните денови ќе се отстрани трската која е откорната по природен пат, исто по барање на „Хидробиолошкиот завод“ – Охрид.

повеќе...

Се расчистува градскиот кеј

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани на расчистување на кејот на потегот од градското пристаниште, се до хотел „Милениум”. „Се расчистуваа наноси на сува трска и комунален отпад донесени од невремето со засилен јужен ветар при што беа ангажирани 8 работници за метење и товарење, каде што беа подигнати 3 трактори на отпад.“- велат од претпријатието.

повеќе...

Расчистен кејот по силниот ветер

Невремето проследено со силен јужен ветер и големите бранови, наталожија огромно количество отпад по крајбрежието на охридскиот кеј. „Големи количини од тешко разградлив отпад (пластика, хартиена амбалажа и најлони кеси) езерскиот бран имаше наталожено покрај пристаништето, како и во близина на старото пристаниште кај х.Палас. Пешачката зона на охридскиот кеј беше прекриена со песок и трска. Подигнати се 8 м3 разновиден комунален отпад, а кејот е темелно расчистен и вратен во нормална состојба. Овие слики станаа вообичаени после силен јужен ветер, но со нив станува се` поевидентна и негрижата кон животната…

повеќе...

СДСМ: Така наречената „марина“ или „мало пристаниште“ всушност ќе биде приватен ресторан на лица блиски од власта

„Додека ВМРО-ДПМНЕ купува скапи партиски седишта, државниот имот којшто им припаѓа на сите граѓани буквално го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа стануваат финансиери на партијата. Дрскоста на власта на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што на најубавиот дел од Охридското езеро лажно им ветува на граѓаните дека ќе биде изградено пристаниште за 20-тина пловни објекти. Така наречената „марина“ или „мало пристаниште“ всушност ќе биде приватен ресторан на лица блиски од власта. Со ваков проект ќе биде нарушен еколошкиот систем на Охридското езеро.“ – истакна на денешената прес-конференција, координаторот на советничката група…

повеќе...

Охрид ќе добие нови пешачки зони, реконструиран кеј, современа плажа и марина

Градежната експанзија не стивнува во Охрид. Општината веќе ги има дефинирано акционите планови за изградба на два нови крупни проекти во делот на инфраструктурата кои ќе го подобрат нормалното функционирање и туристичката слика на градов. Градоначалникот Никола Бакрачески обелодени дека едниот од двата крупни проекти се однесува на реконструкција на градскиот кеј којшто во моментов е доста оштетен, а другиот се однесува на изградба на пешачка и велосипедска зона од мостот кај каналот „Студенчишта“ по неговата лева страна до „Билјанини извори“. „Наша обврска е во наредниот период да го реконструираме…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно ја чисти алгата од охридскиот кеј

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно го чистат крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до хотелот Палас во периодов кога езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј, информираат од претпријатието. „Активностите за расчистување започнуваат од раните утрински часови од 05.00 часот, а покрај рачното расчистување од утре ќе биде ангажирано и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Во наредните денови активностите со специјалното возило ќе се извршуваат уште од 03.00…

повеќе...