Попладне прекин на сообраќајот кај патот Пресека – Врбјани

Денес, на патниот правец А2Е Охрид – Кичево, делница Пресека – Врбјани, во период од 15:00 до 16.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.

повеќе...

Кривична пријава за двајца тетовчани поради злоупотреба на службена положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против З.Д. (52) и Д.Р.(59) двајцата од Тетово. Пријавените во текот на 2010 година, во својство на надзорни градежни инженери при градба на објект Котловница со резервоари за течно гориво и резервоари за течен нафтен гас во Кичево, изготвиле завршен извештај за извршен технички преглед на објектот со кој потврдуваат дека резервоарите за течно гориво 6 x 50 м³ се меѓусебно поврзани, а извршените земјено градежни и електро-монтерски работи…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Кичево поради тешка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени дваесет казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Р. (29) од селото Жубрино. Мерката притвор во траење од осум дена, што неодамна му беше одредена во врска со претходно сторени четири тешки кражби, на Ш.Р. му е продолжена до триесет дена. Во периодот од март 2013 година до фебруари оваа година, пријавениот со употреба на подесен предмет за кршење и со физичка сила, насилно отворал врати и прозорци од магацински простор и работилници на термоелектраната „Осломеј“ како и…

повеќе...

Делницата Пресека – Врбјани утре ќе биде затворена за сообраќај

Утре (вторник) на патниот правец А2е Охрид-Кичево, делница Пресека-Врбјани во период од 15.00-16.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот-минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај, информираат од АМСМ.

повеќе...

Кичевчанец приредувал игри на среќа без дозвола од надлежен орган

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.А. (34) од кичевското село Грешница, Н.А. (41) од селото Зајас како и против правниот субјект „Студио д Бест“ сопственост на Н.А. На 27 минатиот месец, полициските службеници и инспекторите од УЈП-регионална дирекција Тетово, извршија контрола во уплатни места на спортска обложувалница „Џокер“ лоцирани во нерегистрирани објекти-чајџилница во селото Грешница сопственост на Г.А. и во „Студио д Бест“ соственост на Н.А.…

повеќе...

Три лица ги загубија животите при тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар

Три лица ги загубија животите во тешката сообраќајната незгода што вчера во 13 часот се случи на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар во близина на селото Белица. На лице место починале Реџеп М.(58), неговата сопруга Санија М. (47) и нивниот син Рејхан М. (25) сите од кичевското село Лисичани. Тие се наоѓале во патничко моторно возило марка „Фолксфаген Поло“ со кичевски регистарски таблици. Во сообраќајната незгода, со тешки телесни повреди се здобил Ф. И. (31) од Прилеп кој по укажаната медицинска помош во болницата во Кичево е префрлен во општата болница…

повеќе...

Груевски: Изградбата на автопатот Кичево – Охрид се одвива според планираното

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид се одвива според планираното и досега се пробиени 25 отсто од трасата која е со вкупна должина од 60 километри. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Пласница. Тој нагласи дека целиот износ на инвестицијата за изградба на овој дел од автопатот изнесува 374 милиони евра и додаде дека работите досега се одвиваат според утврдениот план. „Важно е да се истакне дека од вкупно 670 работници кои работат…

повеќе...

Груевски во Кичево – Подобрени условите за учење преку повеќе спроведени проекти

Триесет и седмото од вкупно 51. досега изградени повеќенаменски игралишта од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“, што го спроведува Владата на Република Маледонија преку Агенцијата за млади и спорт, денеска официјално беше пуштено во употреба во кичевското ОУ „Кузман Јосифовски Питу“. Игралиштето е изградено според сите меѓународни стандарди со димензии од 45 х 28 метри и може да се користи за играње мал фудбал, серва, кошарка, ракомет, одбојка и за други игри. На него се изградени сите инфраструкторни приклучоци, има осветлување, оградено е со жичана мрежа…

повеќе...

Јанакиески: Најдоцна до април ќе се распише концесија за автопат Гостивар – Кичево

Оваа година ќе биде распишана концесија за патниот правец од Гостивар до Кичево. Очекувам тоа да се случи во текот на март или најдоцна во април, со тоа ќе го затвориме целокупниот Коридор 8 од Скопје до Охрид на ниво на автопат. Ова го најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на решенија за легализација на дивоградби во општина Кисела Вода. Тој рече дека ќе биде објавена концесија за делницата од Скопје до Блаце, која е многу значајна, бидејќи со тоа Република…

повеќе...

Во сабота едночасовен прекин во сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Од АМСМ информират дека во сабота ,28-ми февруари, на патниот правец А2 Охрид – Кичево (Врбјани – Пресека), поради минирање, сообраќајот ќе биде во прекин од 13:00 – 14:00 часот.

повеќе...