Урнебесна комедија „СЕ Е БАШ ДОБРО МАЧЕ“

Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид во соработка со Драмското студио „Солза и Смеа“ од Битола, ве покануваат на уште една урнебесна комедија: „СЕ Е БАШ ДОБРО МАЧЕ“. Урнебесната комедија ќе се одржи утре – вторник во големата сала во Центарот за култура  со почеток во 20:00 часот. Влезот чини 100 денари.

повеќе...

Концерт на „Дуо Кларинети“

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, по повод светскиот ден на Европа, Ве поканува на концерт „ДУО КЛАРИНЕТИ“ – Ѓоревски & Бакревски. Концертот ќе се одржи утре, четврток 9-ти мај, во изложбениот салон при Центарот за култура во 20:30 часот, а влезот е слободен. Дуото кларинети Ѓоревски-Бакревски е формирано по долгогодишната соработка на двајцата кларинетисти во различни ансамбли и камерни формации. Вработени во Македонската опера и балет и активни на концертниот подиум, Дуото Ѓоревски-Бакревски е формирано со цел да се истражува репертоарот за вакво камерно Дуо, кој е…

повеќе...

Ревија на руски филмови во Центарот за култура

Во организација на Филмскиот Фонд во соработка со Руската амбасада, Рускиот културен центар-Софија, Министерството за култура, Кинотека на Р. Македонија, НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, започна со реализација на заедничкиот проект со наслов ВОЈНА И МИР ВО РУСКИОТ ФИЛМ. Ревијата на руски филмови ќе започне на 9-ти па се до 17 мај 2013 година, а ќе се прикажуваат филмовите: Една Војна, Ние сме иднината, Поп, Ѕвезда, Ослободување и Летаат здраловите. Рускиот филм „Една војна“ ќе се прикажува во четврток, 9-ти мај со почеток во 18:00 часот. Филмот…

повеќе...

Филмскиот хит „Тука и Таму“ вторник и четврток во Центарот за култура

На кино репертоарот во Центарот за култура ќе продолжи да се прикажува 85 минутната комедија, драма, филмскиот хит “HERE AND THERE” – „Тука и Таму“. Кино проекции на филмот ќе има во вторник 30-ти април и четврток 2-ри мај со почеток од 20:00 часот. „Тука и Таму“ е филм на Дарко Лунгулов; Директор на фотографија: Матијас Шонинг; Монтажа: Дејан Урошевиќ; Музика: Дејан Пејовиќ; Сценограф: Ивана Николиќ и Фил Букелато. Улогите ги толкуваат: Давид Торнтон (Роберт), Мирјана Карановиќ (Олга), Бранислав Трифуновиќ (Бранко), Јелена Мрѓа (Ивана) и Синди Лопер (Роуз). Влезот чини…

повеќе...

Хуманитарен концерт за обнова на Манастирот Трескавец

Синоќа, во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“, се одржа голем хуманитарен концерт. Концертот го посетија голем број граѓани, а собраните средства ќе бидат наменети за обнова на Манастирот Трескавец.

повеќе...

Хуманитарен концерт за обнова на Манастирот Трескавец

Во понеделник, 22-ри април, во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“, во големата сала, ќе се одржи голем хуманитарен концерт. Хуманитарниот концерт ќе започне во 20:00 часот. Собраните средства ќе бидат наменети за обнова на Манастирот Трескавец. Влезот чини 100 денари.

повеќе...

„Таа беше посебна“ синоќа се одигра пред охриѓани

„Таа беше посебна“ е насловот на театарската претстава што синоќа во Центарот за култура во Охрид ја одиграа ученици од неколку битолски основни и средни училишта. Драмската претстава е проект на оделението за превенција од Секторот за внатрешни работи Битола во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, што треба да придонесе за зголемување на свеста кај младата популација за опасностите од смртоносното зло на денешнината. „Таа беше посебна“ е  интересна, едукативна и корисна претстава за младите но и за родителите во делот на истакнување на нивната улога и…

повеќе...

„Таа беше посебна“ во Центарот за култура

„Таа беше посебна“ е насловот на театарската претстава што денес во Центарот за култура во Охрид ќе ја одиграат ученици од неколку битолски основни и средни училишта.  Драмската претстава е проект на оделението за превенција од Секторот за внатрешни работи Битола во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, што треба да придонесе за зголемување на свеста кај младата популација за опасностите од смртоносното зло на денешнината.  Претставата „Таа беше посебна“ е  корисна и за родителите во делот на истакнување на нивната улога и потребата од комуникација со децата…

повеќе...

„Емигранти“ и „Ај да си речиме уште една“ викендов пред охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Народен Театар Охрид, овој викенд, односно во петок ќе се прикажува претставата „ЕМИГРАНТИ“ од Славомир Мрожек во режија на Ирена Стеријовска, додека претставата „АЈ ДА СИ РЕЧИМЕ УШТЕ ЕДНА“ во режија на Андреј Цветановски ќе се прикажува во сабота. Почетокот на двете претстави е во 20:00 часот. Влезот чини 100 денари. Картите се во продажба на билетарата секој работен ден по 15:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

Филмот „Тука и Таму“ ќе се прикажува во Центарот за култура

На кино репертоарот во Центарот за култура ќе се прикажува филмот “Hеre and There”, 85 минутна  комедија, драма – 14 мај 2010 (САД). Проекции на филмот ќе има секој ден од 16.04.2013 (вторник) до 18.04.2013 (четврток) со почеток во 19:00 часот. „Тука и Таму“е филм на Дарко Лунгулов; Директор на фотографија: Матијас Шонинг; Монтажа Дејан Урошевиќ; Музика: Дејан Пејовиќ; Сценограф Ивана Николиќ и Фил Букелато. Улогите ги толкуваат: Давид Торнтон (Роберт), Мирјана Карановиќ (Олга), Бранислав Трифуновиќ (Бранко), Јелена Мрѓа (Ивана) и Синди Лопер (Роуз). „Тука и Таму“ е дебитанскиот филм…

повеќе...