Промовирани 22 наслови од проектот за превод на илјада стручни книги

Нови 22 наслови од владиниот проект за превод на 1.000 стручни книги, кои се користат на првите 10 рангирани универзитети во светот според Шангајска листа, беа промовирани денеска, со што вкупниот број преведени, отпечатени и дистрибуирани учебници од овој проект достигна 809. На денешната промоција, 47-ма од почетокот на проектот во 2009 година, беа претставени изданија од областа на претприемаштво и иновации, медицина, ветерина, правни и економски науки, архитектура, градежништво, транспорт… Премиерот Никола Груевски истакна дека со нив македонските студенти имаат лесен пристап до врвната научна мисла зашто делата од…

повеќе...

Промовирани нови 50 дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Нови 50 дела  беа промовирани денеска во рамки на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Проектот, кој содржи врвни дела од светското книжевно творештво, современи класици, познати бестселери, мемоари… е крупен чекор во етаблирањето на Република Македонија како држава која ги почитува и афирмира светските книжевни вредности и нивниот придонес во општиот цивилизациски развој. Идејата за освежување и надградување на македонската книжевна ризница, како што истакна во обраќањето пред присутните премиерот Никола Груевски, Владата ја реализира во континуитет преку повеќе капитални проекти од оваа област, од кои еден е и оваа…

повеќе...

Поради ревизија, Библиотеката ги повикува сите членови да ги вратат книгите до 5-ти јуни

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ги повикува сите членови кои позајмиле книги од Библиотеката, истите да ги вратат најдоцна до 5-ти јуни поради спроведување на постапката „ревизија на книжниот фонд“. Со реализација на истата Библиотеката ќе добие податоци за општата состојба на фондот, квалитативна и квантитативна состојба на фондот, состојба на инвентарната книга, како и показатели за позајмените библиотечни материјали во одреден период. Ревизијата Библиотеката ќе ја реализира во периодот од 15 јуни до 15 јули годинава.

повеќе...

Збогатен книжниот фонд на охридската библиотека

Книжниот фонд на охридската библиотека се збогати со нови наслови. Еден дел од нив се: „Парада на марионетките“ од Евгениј Хоуп, „Американски дервиш“ од Ају Актар, „Нежниот  бунтовник“ од Паскал Гилевски, „Руска зима“ од Дафне Калотеј, „Откриена Кабила“ од Лајтман, „Сопругата на сенаторот“ од Сју Милер, „Македонската еманципација на Балканот“ од Стефан Мицов, „Симболизмот на празниците“ од Лидија Ковачева, „Претходните настани на граѓанската војна во Грција“ од Коле Рошев и многу други. Покрај тоа Библиотеката повторно ги обнови и дел од лектирните изданија, а набави и литература за најмладите читатели:…

повеќе...

„Ракатки“ го оправда своето постоење на литературното небо

 Во Прилеп, на 20 и 21 април се одржа деветтиот литературен фестивал „Ракатки 2013“, под мотото „Детскиот свет е најубав свет“. На манифестацијата учествуваа триесетина ученици од цела Македонија, чии творби беа избрани од преку 100 пристигнати литературни дела. Литературните творби беа создадени од ученици на возраст од 7 до 15 години, а издадениот алманах сведочи за нивниот талент за убаво творење.  Градот -херој, Прилеп, широко ги отвори своите врати за сите учесници на фестивалот. Градската библиотека „Борка Талески“ беше претесна да ги прими сите љубители на убавиот пишан збор.…

повеќе...

Средба на ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ со познатиот охридски писател Видое Видически

Денес во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Охрид учениците имаа средба со познатиот охридски и македонски писател и поет Видое Видически. На овој начин, учениците  се запознаа со неговиот живот и творештво, целосно посветени на Охрид и охриѓани. „Секое среќавање со младото поколение мене ми чини задоволство. Јас сум среќен и задоволен што бев денеска на оваа средба и се сретнав со ученици кои што покажаа свој интерес за творештвото во областа на литературата“. – изјави за WebOhrid познатиот поет и писател Видое Видически. Ученици од училиштето „Свети Климент…

повеќе...

Нови наслови од проектот за превод на илјада стручни книги

Нови 25 наслови од различни области, а претежно од медицината, беа промовирани денеска во рамки на проектот за превод на илјада стручни книги кои се користат на врвни универзитети во светот. Со новата, 46-та промоција, преведени, објавени и дистрибуирани до факултетите и јавните библиотеки се речиси 80 отсто наслови од капиталниот проект кој Владата на РМ го почна пред четири години. Премиерот Никола Груевски рече дека покрај други области (земјоделство, иновации, претприемаштво…), најголем дел од новите наслови се од областа на здравството зашто тоа е меѓу врвните владини приоритети, сектор…

повеќе...