Туристичките Инспектори ќе вршат увид во книгите за евиденција на гости на давателите на услуги од мал обем

Овластените Туристички Инспектори согласно законските обврски, ќе вршат увид во книгите за евиденција на гости на давателите на услуги од мал обем. Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот Инспекторат (над Уни Банка поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 08 до 15 часот. Врз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се глоби во износ од 600 евра доколку во одделен случај не плати Такса за…

повеќе...

Промовирани 40 наслови на аудио книги за слепите лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на НУБ Св.Климент Охридски-Скопје, Иван Заров, директорот на Македонското радио, Ајтен Мехмети, претседателот на Градската организација на Националниот сојуз на слепи лица-Скопје, Зоран Костадиновски денес ги промовираа првите 40 наслови на аудио книги од проектот “Зголемување на фондот на аудио книги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ “Климент Охридски. Спасов на почетокот нагласи дека овој проект бил инициран од замислата дека читањето на книги, освен што може да се прави преку сетилата за вид, може да се прави…

повеќе...

Зголемен бројот на високошколските библиотеки

Според податоците на Државниот завод за статистика и според Kласификацијата на библиотеки, во Република Македонија постојат национални, високошколски, специјализирани, неспецијализирани (општонаучни), библиотеки – национални установи и јавни (народни) библиотеки. Според податоците, во 2013 година, во споредба со 2010 година, бројот на високошколските библиотеки е зголемен за 16.1%. Бројот на останатите библиотеки во 2013 година, во споредба со 2010 година, е останат на речиси исто ниво.

повеќе...

Утре ќе бидат промовирани две книги од авторката Цвета Спасикова

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“(изложбен салон) – Охрид, утре-26 август, со почеток во 11 и 30 часот,  ќе бидат промовирани книгите: Поезија за деца „Песна во гнездото“ и „Приказни и умотворби од дедовото огниште“ од авторката Цвета Спасикова. Промотор на книгите е Роза Костеска.

повеќе...

Библиотеката го збогати книжниот фонд со нови наслови

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови. Одделението за возрасни читатели е збогатено со повеќе наслови меѓу кои: – На прв поглед – Николас Спаркс – Заштитникот – Николас Спаркс – Ноќите во Родана – Николас Спаркс – Спасување – Николас Спаркс – Прошетка за сеќавање – Николас Спаркс – Отворен круг – Лилјана Мазова – Ефремов – Милош Милошески – Приказни од животот – Сју Милер – Љубов – Лоранс Планзе – Човечкото тело – Паоло Џордано – Роман за прељубата – Исидора…

повеќе...

Објавени 100 песни од Орхан Вели на македонски

Турскиот поет Орхан Вели ѝ е одамна познат на македонската читателска публика, но нивното дружење секогаш завршувало како блиц-средба, секогаш во недоволна количина за да ѝ ја нахрани љубопитноста. Во годината кога светот ја одбележува 100-годишнината од неговото раѓање, издавачката куќа „Антолог“ од Скопје деновиве објави 100 песни од Орхан Вели на македонски, по иницијатива на македонскиот поет и турколог Васко Марковски. Песните на Орхан Вели географски и по духот се блиски на амбиентот нашите градски улици од првите децении на 20 век, напишани со едноставен јазик, кој го чувствуваме…

повеќе...

„Последната пролет во Париз“ – најновиот роман на Алимпиќ од денес во Охридската библиотека

„Последната пролет во Париз“, најновата книга од Јелена Бачиќ Алипиќ од денеска читателите може да ја изнајмуваат од Охридската библиотека. Станува збор за возбудлив роман во облик на исповед на старицата Марија Колчак која преку своите спомени го менува животот на новинарката Олга Лашез. Јелена Бачиќ Алимпиќ е најчитаниот  автор во последниов период, а нејзини романи се „Рингишпил“ и „Писмото на госпоѓа Вилма“ кои исто така ги има во Охридската библиотека.

повеќе...

Промовирани дванаесет нови наслови од проектот превод на 1 000 книги

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, присуствуваа на промоцијата на 12 нови наслови од владиниот проект за превод на 1000 стручни книги од кои се учи на врвните светски универзитети. Со промоцијата на дела од областа на медицината, природно-математичките науки, земјоделството, педагогијата, филозофијата и филологијата, вкупниот број на преведени книги изнесува 886. „Овие бројки јасно говорат за капиталот на овој значаен проект, но и за посветеноста, одговорноста и упорноста со која истиот го реализираме и промовираме. Малку по малку, проектот…

повеќе...

НР Кина донира над 3.000 книги за институтот „Конфуциј“ во Скопје

Институтот „Конфуциј“, кој во септември минатата година беше отворен во НУБ „Св. Климент Охридски“, во состав на Скопскиот универзитет, го збогати библиотечниот фонд со над 3.000 книги, учебници, наставни и аудиовизуелни материјали, кои му ги донираше Централната управа на институтите „Конфуциј“ од НР Кина. Изданијата ќе им користат на околу 40 македонски студенти кои на Институтот го  изучуваат кинескиот јазик и културата на една од најстарите цивилизации во светот. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски и  ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски вчера го посетија Институтот…

повеќе...

Македонската литература ќе се преведува на повеќе странски јазици

Романите  „Патот на јагулите“ на академик Луан Старова, „Храпешко“ на Ермис Лафазановски и „Трите века“ од Саво Костадиновски се првите дела што ќе се преведат во рамки на Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската литература на другите странски јазици. Ова го изјави претседателот на стручната комисија по разгледувањето на 18-те пристигнати пријави на Конкурсот Нове Цветаноски.  Тој информира дека поддржани се проектите „Патот на јагулите“ на академик Луан Старова на руски јазик, во издание на издавачката куќа „Рудомино“ од Москва, а во превод на Олга…

повеќе...